Тренчевска од Битола: Ја унапредуваме детската и социјална заштита, грижата за ранливите граѓани е наш приоритет
Тренчевска од Битола: Ја унапредуваме детската и социјална заштита, грижата за ранливите граѓани е наш приоритет
За прв пат по неколку децении, Соборот на СПЦ ја призна МПЦ – Охридска Архиепископија, нема веќе да има црква на Вранишковски која го носеше името ОА
За прв пат по неколку децении, Соборот на СПЦ ја призна МПЦ – Охридска Архиепископија, нема веќе да има црква на Вранишковски која го носеше името ОА
АФРИМ ГАШИ РЕЗИЗБРАН ЗА ЛИДЕР НА АЛТЕРНАТИВА, ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ БЕШЕ ГОСТИН НА КОНГРЕСОТ
АФРИМ ГАШИ РЕЗИЗБРАН ЗА ЛИДЕР НА АЛТЕРНАТИВА, ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ БЕШЕ ГОСТИН НА КОНГРЕСОТ
ЦРНИ ВРЕМИЊА ДОАЃААТ ЗА РУСИТЕ, ПАК ЌЕ ВОЗАТ КАНТИ НА КОИ ИМ ИСПАЃААТ ТРКАЛАТА НА СРЕД ПАТ: ВО ФАБРИКИТЕ НА РЕНО ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВА МОСКВИЧ, А ТОКМУ ПОРАДИ ЛАДИТЕ И МОСКВИЧИТЕ СЕ РАСПАДНА СССР
ЦРНИ ВРЕМИЊА ДОАЃААТ ЗА РУСИТЕ, ПАК ЌЕ ВОЗАТ КАНТИ НА КОИ ИМ ИСПАЃААТ ТРКАЛАТА НА СРЕД ПАТ: ВО ФАБРИКИТЕ НА РЕНО ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВА МОСКВИЧ, А ТОКМУ ПОРАДИ ЛАДИТЕ И МОСКВИЧИТЕ СЕ РАСПАДНА СССР
ПРЕМИЕРОТ ДА ЈА ПОВИКА НА СРЕДБА И ДА И СЕ ИЗВИНИ ВО ИМЕТО НА ВЛАДАТА: НОВИНАРКАТА НА САКАМДАКАЖАМ.МК СОЊА ДЕЛЕВСКА ПОВИКАНА ВО ПОЛИЦИЈА ЗА ОБЈАВЕН ТЕКСТ, ВОЗНЕМИРИЛА РАКОВОДИТЕЛКА ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
ПРЕМИЕРОТ ДА ЈА ПОВИКА НА СРЕДБА И ДА И СЕ ИЗВИНИ ВО ИМЕТО НА ВЛАДАТА: НОВИНАРКАТА НА САКАМДАКАЖАМ.МК СОЊА ДЕЛЕВСКА ПОВИКАНА ВО ПОЛИЦИЈА ЗА ОБЈАВЕН ТЕКСТ, ВОЗНЕМИРИЛА РАКОВОДИТЕЛКА ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
ШИЛЕГОВИ ПРОСЛАВИЈА 26 ГОДИНИ БРАК, ЈАСМИНА ШИЛЕГОВА СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ГОСПОД ЗА ЉУБОВТА И ЗА ДЕЦАТА
ШИЛЕГОВИ ПРОСЛАВИЈА 26 ГОДИНИ БРАК, ЈАСМИНА ШИЛЕГОВА СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ГОСПОД ЗА ЉУБОВТА И ЗА ДЕЦАТА
(ВИДЕО) Ковачевски: Младите се движечка сила во државата која ги предводи развојните процеси
(ВИДЕО) Ковачевски: Младите се движечка сила во државата која ги предводи развојните процеси
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) АХМЕТИ СО КОВАЧЕВСКИ, ГРУБИ, ЏАФЕРИ И САЛИ: Од Чаир, со огнена атмосфера од Шверцери, честитки за ФК Шкупи и успех во Европа
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) АХМЕТИ СО КОВАЧЕВСКИ, ГРУБИ, ЏАФЕРИ И САЛИ: Од Чаир, со огнена атмосфера од Шверцери, честитки за ФК Шкупи и успех во Европа

Претседателот Пендаровски на прес-конференција со полскиот претседател Дуда: Полска е силен поддржувач на нашата европска интеграција

Претседателот Стево Пендаровски денеска со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Во рамки на посетата, покрај тет-а-тет средбата меѓу претседателот Пендаровски и претседателот Дуда, се одржа пленарен состанок на официјалните делегации на Северна Македонија и Полска, по што двајцата претседатели одржаа заедничка прес-конференција.

Во продолжение е интегралниот текст од изјавата на претседателот Пендаровски, а од линкот во продолжение можете да преземете видеоматеријал: https://youtu.be/k5cdGp3Fif4

Почитуван Претседателe Дуда,

Почитувани претставници на медиумите,

Почитувани граѓани,

Ми претставува голема чест што денеска сум домаќин на мојот колега, претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда. Оваа официјална посета која се реализира по година и пол од успешната посета што ја имав во Варшава, несомнено претставува потврда за пријателството меѓу двете држави и цврстите македонско-полски односи.

Денеска, со претседателот Дуда имавме продуктивна средба и содржаен разговор посветен на повеќе теми од заемен интерес. Разговаравме, пред сè, за билатералните односи, за состојбите во регионот на Западен Балкан, европските интеграции, како и актуелните предизвици со кои се соочуваме како земји сојузнички во НАТО Алијансата.

До претседателот и до полската влада упатив посебна благодарност за несебичната донација од над 200.000 вакцини „Фајзер“, која ќе се реализира во текот на денешниот ден.

Би сакал да ја искористам приликата и да констатирам дека во изминатите неколку години нашите односи се развиваат по нагорна линија во повеќе области и тоа искрено ме радува. Развиваме плодна секторска соработка врз основа на меѓусебната почит и разбирање. Оттука, на средбата со мојот полски колега, ја искажав нашата подготвеност за натамошно зголемување на соработката во сферите од заеднички интерес, пред сè, во економијата, инвестициите, туризмот, науката, културата и образованието, како и зголемување на соработката во областа на безбедноста и одбраната.

Мојата посета на Варшава се реализираше непосредно пред почетокот на пандемијата, која предизвика огромни последици за економиите на двете држави. Затоа, од посебно значење е што и во моменти кога сè уште сме ангажирани во продолжената битка со ковид-19, зборуваме за начините на кои може да закрепнат нашите економии во постковид периодот. Во овој контекст, денеска во Скопје организираме македонско-полски бизнис-форум на кој компаниите и институциите од двете држави преку директни средби ќе разгледуваат начини за уште поинтензивна соработка во времето што е пред нас.

За нас е одлична вест тоа што и покрај пандемијата, Полска ја препознава Северна Македонија како можна дестинација за инвестирање и отворање на директни врски помеѓу македонските и полските бизниси. Во таа насока, во рамките на бизнис-форумот ќе биде потпишан меморандум за разбирање меѓу Агенцијата за привлекување инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и Полската агенција за инвестиции и извоз.

Со претседателот Дуда, покрај разговорите за политичките и економските теми, ги споменавме и македонско-полските образовни, јазични и културни врски. Продолжува соработката на македонските и полските слависти во двете земји, помеѓу останатото, и во рамките на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.

Почитувани,

Една од клучните теми на нашата средба беа европските интеграции, односно отпочнувањето на нашите преговори за членство. Полска отсекогаш била наш силен и гласен поддржувач и во таа насока со претседателот Дуда имавме продуктивна дискусија. Полска покажува големо разбирање за позицијата во која се наоѓаме и прави напори да помогне во надминувањето на препреките со кои се соочуваме и тоа не само билатерално, туку и преку Вишеградската група, како и преку другите регионални форуми во кои членува.

Во овој контекст потенцирав дека веродостоен тест за кредибилитетот на процесот на проширувањето е претстојниот Совет за општи работи на Европската Унија во декември и можноста да направиме исчекор на патот кон ЕУ. Поддршката за деблокада на нашите евроинтеграции е од исклучителна важност за стабилноста и за просперитетот на целиот регион и е дополнителен поттик за реформските процеси. Затоа, во разговорите се осврнавме и на прашања кои се однесуваат на актуелната ситуација во регионот на Западен Балкан, и во таа прилика ги споделив со претседателот Дуда нашите гледишта во врска со регионалните предизвици и отворени прашања.

Покрај ова, како сојузници во НАТО, разменивме мислења и информации за актуелната состојба на полско-белоруската граница, при што на претседателот Дуда му ја изразив нашата целосна солидарност и поддршка за надминување на оваа ситуација. Потврдив дека за нас, како држава, се целосно неприфатливи постапките на раководството на Белорусија со кои се оркестрира оваа хуманитарна криза. Продолжуваме да ја разгледуваме ситуацијата во рамките на НАТО и повикуваме на итно запирање на сите активности насочени кон натамошна дестабилизација на ситyацијата на границата на нашите сојузници Полска, Литванија и Латвија.

На крајот, дозволете ми, уште еднаш да му се заблагодарам на претседателот Дуда за поддршката и посетата на Скопје и да му посакам пријатен престој меѓу нас.

Ви благодарам.

loading...

https://44anime.net/. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

anime streaming 4Anime Attack on Titan Season 2 (Dub)

stream anime online Fairy Tail (Dub)

4Anime Boruto: Naruto Next Generations

4Anime Your Lie in April Episode 22

anime online 4Anime Hunter x Hunter (2011) (Dub)

tải go88