(ВИДЕО) ЕУФОРИЈА ВО КАВАДАРЦИ: ФК ТИКВЕШ ВЛЕГУВА ВО ПРВАТА ЛИГА
(ВИДЕО) ЕУФОРИЈА ВО КАВАДАРЦИ: ФК ТИКВЕШ ВЛЕГУВА ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсовска – Алтај: Потпишан значаен договор за соработка меѓу Скопје и турскиот град Конја
Арсовска – Алтај: Потпишан значаен договор за соработка меѓу Скопје и турскиот град Конја
Средба во Давос на претседателот Стево Пендаровски со нобеловецот по економија Џозеф Штиглиц
Средба во Давос на претседателот Стево Пендаровски со нобеловецот по економија Џозеф Штиглиц
(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски на панел сесијата „Одржувањето на безбедноста во Европа“ на Светскиот економски форум во Давос
(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски на панел сесијата „Одржувањето на безбедноста во Европа“ на Светскиот економски форум во Давос
Сите што гласавме за Преспанскиот договор имаме удел во ова што се случува со МПЦ, велат осумте пратеници од опозицијата што гласаа за уставните измени
Сите што гласавме за Преспанскиот договор имаме удел во ова што се случува со МПЦ, велат осумте пратеници од опозицијата што гласаа за уставните измени
ПЕНДАРОВСКИ ВО ДАВОС ОСТВАРИ КРАТКИ СРЕДБИ СО ШПАНСКИОТ ПРЕМИЕР САНЧЕЗ И СО ПРЕМИЕРОТ НА КОСОВО КУРТИ
ПЕНДАРОВСКИ ВО ДАВОС ОСТВАРИ КРАТКИ СРЕДБИ СО ШПАНСКИОТ ПРЕМИЕР САНЧЕЗ И СО ПРЕМИЕРОТ НА КОСОВО КУРТИ
НОВО МАСОВНО ПУКАЊЕ ВО САД, 18 ГОДИШНИК УБИ 14 УЧЕНИЦИ И ПРОФЕСОР ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕКСАС, ПОЛИЦИЈАТА СМРТНО ГО ЗАСТРЕЛА
НОВО МАСОВНО ПУКАЊЕ ВО САД, 18 ГОДИШНИК УБИ 14 УЧЕНИЦИ И ПРОФЕСОР ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕКСАС, ПОЛИЦИЈАТА СМРТНО ГО ЗАСТРЕЛА
ССМ најави масовни протести од утре: Не добиле средба со Владата
ССМ најави масовни протести од утре: Не добиле средба со Владата

Претседателот Пендаровски по повод Ханука: Северна Македонија е особено горда на својата Еврејска заедница

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Ханука, се одржа виртуелен настан на кој учествуваа претставници на Државата Израел и потомци на преживеани македонски Евреи од Холкаустот.

Претседателот Пендаровски упати порака со која го честита празникот на светлината, а како централен чин во одбележувањето на Ханука, традиционално беа запалени свеќите на Менората.

„Република Северна Македонија е особено горда на својата Еврејска заедница, која заедно со Меморијалниот центар на Холокаустот на македонските Евреи, е нашата симболична Ханукија, бидејќи не потсетува на конечната победа на животот над уништувањето, и сеќавањето над заборавот“, порача претседателот Пендаровски во своето обраќање.

Посакувајќи мир, радост и здравје, претседателот Пендаровски истакна дека празнувањето на Ханука е потсетување дека темнината не може да ја опфати светлината која го осветлува патот на човештвото кон слободата, еднаквоста, правдата и човечкото достоинство.

„Овие вредности ги крепат луѓето дури и во периоди на огромни предизвици како што е пандемијата на Ковид-19. Во овие тешки времиња, ние продолжуваме да го негуваме соживотот и почитувањето на различните, како најголема вредност на македонското општество“, истакна Претседателот.

Годинава свеќите на Менората беа запалени во спомен на Еврејската заедница од Северна Македонија која настрада во Холокаустот.

loading...