ОБИДОТ САШО МИЈАЛКОВ ДА ИЗБЕГА НЕ ИМ УСПЕА, СЕГА ВМРО ДПМНЕ ЌЕ ЈА РУШИ ВЛАДАТА ПРЕКУ ФРЧКО, ТОЈ ПО НИКОЈА ЦЕНА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ АМБАСАДОР - ДРАМА ВО САД, ВМРОВЧЕТО МЕТО КОЛОСКИ АКТИВНО ЛОБИРА ВО ВАШИНГТОН, ВОДИ ЦРНА ПРОПАГАНДА, ВПРЕГНАЛ ГОЛЕМА МАШИНЕРИЈА!

ТЕМЕЛКОВСКИ: Уште едно населено место во општина Кисела Вода ќе добие приклучок на фекална канализација
ТЕМЕЛКОВСКИ: Уште едно населено место во општина Кисела Вода ќе добие приклучок на фекална канализација
МЗ најава: 21 илјади вакцини од Фајзер до крајот на месецов
МЗ најава: 21 илјади вакцини од Фајзер до крајот на месецов
(ВИДЕО) ВАЛКАНА МЕДИСКА ИГРА НА ОЛИВЕРА ТРАЈКОВСКА: ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА ДА СЕ РУШЕЛО СКОПЈЕ 2014-ТА, ПЛАНОТ Е ДА СЕ ПРЕДИЗВИКААТ ЖЕСТОКИ АНТИ ВЛАДИНИ ПРОТЕСТИ!
(ВИДЕО) ВАЛКАНА МЕДИСКА ИГРА НА ОЛИВЕРА ТРАЈКОВСКА: ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА ДА СЕ РУШЕЛО СКОПЈЕ 2014-ТА, ПЛАНОТ Е ДА СЕ ПРЕДИЗВИКААТ ЖЕСТОКИ АНТИ ВЛАДИНИ ПРОТЕСТИ!
ДЕМАНТ ОД ЈОРДАН КАМЧЕВ И ИЗВИНУВАЊЕ ОД МАКТЕЛ
ДЕМАНТ ОД ЈОРДАН КАМЧЕВ И ИЗВИНУВАЊЕ ОД МАКТЕЛ
МПЦ-ОА: Пред СПЦ е изборот дали ќе остане надвор од решавање на спорот негирајќи ги правата на Цариградскиот престол или ќе даде амин
МПЦ-ОА: Пред СПЦ е изборот дали ќе остане надвор од решавање на спорот негирајќи ги правата на Цариградскиот престол или ќе даде амин
НОВ ТРИУМФ НА ВЛАДАТА - Среде пандемија, италијанска „Витило“ ќе инвестира нови 10 милиони евра во земјава!
НОВ ТРИУМФ НА ВЛАДАТА - Среде пандемија, италијанска „Витило“ ќе инвестира нови 10 милиони евра во земјава!
СПАСОВСКИ: Продолжува опремувањето на полицијата, нова опрема за полициските службеници од Одделението за претходница и сообраќајно ескортно обезбедување
СПАСОВСКИ: Продолжува опремувањето на полицијата, нова опрема за полициските службеници од Одделението за претходница и сообраќајно ескортно обезбедување

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ: Пред полна сала публика, драго ми е што Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ја продолжува својата традиција и живее во скратена и во изменета форма

Во деновите поминати во изолација штитејќи се од вирусот #КОВИД19, филмовите ни даваа ведрина, ни даваа смисла на нашето потполно изменето секојдневие. Иако годинава го нема препознатливиот гламур и филмските проекции на платно, пред полна сала публика, драго ми е што Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ја продолжува својата традиција и живее во скратена и во изменета форма.

Му честитам на американскиот кинематографер Јануш Зигмунд Камински којшто годинава ја доби наградата „Златна камера 300“ за животно дело. Искрени честитки и за наградениот режисер и сценарист Столе Попов, добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“.

Се надевам дека „Браќа Манаки“ и натаму ќе биде еден од најзначајните културни настани, настан во кој е вткаена богата историја, многу ентузијазам и љубов кон филмската уметност.

Во продолжение, во целост Ви го пренесуваме текстот од обраќањето на претседателот Пендаровски.

Почитувани вљубеници во магијата на подвижните слики,

Почитувани организатори на фестивалот „Браќа Манаки“,

Почитувани лауреати,

Дозволете да ве поздравам како покровител на првиот и меѓу стотиците филмски фестивали, еден од само неколкуте во светот, кои се фокусирани на кинематограферите, фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“. Станува збор за еден од најзначајните културни настани во нашата земја, настан во кој е вткаена богата историја, многу ентузијазам и љубов кон филмската уметност. Благодарение на овој фестивал, Битола и нашата држава се препознаени во светот на седмата уметност.

За жал, годинава го нема црвениот тепих и препознатливиот гламур пред Центарот за култура во Битола, ги нема филмските проекции и полната киносала, ги нема драгите гости од светот на филмот. Пандемијата со Ковид-19 ги промени сите планови и предвидената програма за 41. издание на „Браќа Манаки“. Сепак, традицијата продолжува, и во скратена и во изменета форма фестивалот и понатаму живее. Годинава го имаме доделувањето на наградата „Златна камера 300“ за животно дело или животен опус, чиј лауреат оваа година е полско-американскиот кинематографер Јануш Зигмунд Камински. Исто така ќе биде доделена и наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, а добитник е режисерот и сценарист Столе Попов.

Сакам да им честитам на добитниците и да им посакам уште многу филмски проекти. Во оваа прилика би сакал да го изразам своето уверување дека сите помагачи на фестивалот, централната и локалната власт, бизнис-заедницата, филмските работници, се и ќе продолжат да бидат и понатаму со фестивалот.

Почитувани,

Деновите поминати во карантин, во изолација, во нашите домови за време на полициските часови нè потсетија колку значајно место во нашите животи имаат подвижните слики. Тие беа една од основните преокупации и можност за квалитетно поминување на нашето време. Дали пред телевизиските екрани или пред компјутерите, филмовите даваа ведрина и смисла на нашето потполно изменето секојдневие. Токму деновите на пандемијата ни покажаа колку е важна уметноста и, особено, која е моќта и улогата на филмот. Се разбира дека искуството на гледање филм на големото филмско платно е незаменливо и верувам дека со нормализирањето на состојбата, повторно, со зголемен ентузијазам и со љубопитност ќе се вратиме во кино салите.

Ви посакувам добро здравје и бериќетна работа и да се видиме догодина во нормални околности на 42. издание на „Браќа Манаки“.

Благодарам.

loading...

Shingeki no Kyojin: Chronicle (https://crunchyrollfree.com/m/wPKE) Episode Full at website https://crunchyrollfree.com premium crunchyroll free

The Seven Deadly Sins: Revival of the Commandments (Dub) (https://animefreak.ws/m/x5My) Episode 24 at AnimeFreak amine freak tv