Претседателот Пендаровски во Загреб ја посети МПЦ „Св. Злата Мегленска“, оствари средба со поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ и го посети музејот на Дражен Петровиќ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Република Хрватска и проектот „Лице в лице со Претседателот“ ја посети Македонската Православна Црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, оствари средба со поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ и го посети Музејскиот меморијален центар „Дражен Петровиќ“.

При посетата на Македонската Православна Црква „Света Злата Мегленска“, претседателот Пендаровски од страна на надлежниот парохиски свештеник, отец Кирко Велински беше запознаен со напорите за доизградба на објектот на црквата, која е прва македонска православна црква што се гради во Хрватска.

На средбата со поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, како и за перспективите за интеграцијата на регионот на Западен Балкан во Европската Унија.

Во Загреб претседателот Пендаровски го посети Музејскиот меморијален центар „Дражен Петровиќ“, посветен на животот на еден од најдобрите хрватски кошаркари на сите времиња.

game sunwin sunwin tài xỉu sunwin.apk mới nhất

sun win

sunwin

game sunwin sunwin club game sunwin

sunwin tài xỉu game bài sunwin sunwin