ПРОБИШТИП СЕ ПОДНОВИ СО 4 НОВИ ВОЗИЛА ЗА СОБИРАЊЕ СМЕТ И 140 НОВИ КОНТЕЈНЕРИ
ПРОБИШТИП СЕ ПОДНОВИ СО 4 НОВИ ВОЗИЛА ЗА СОБИРАЊЕ СМЕТ И 140 НОВИ КОНТЕЈНЕРИ
ПОГЛЕДНЕТЕ КАКВА ВЕЛИЧИНА Е ПАНДЕВ ВО СВЕТСКИОТ ФУДБАЛ!
ПОГЛЕДНЕТЕ КАКВА ВЕЛИЧИНА Е ПАНДЕВ ВО СВЕТСКИОТ ФУДБАЛ!
(ВИДЕО) БРАВО МОМЦИ, НЕ СЕ ПОСРАМОТИВМЕ НА ЕВРОПСКО, И ТОА Е НАЈВАЖНО!!!
(ВИДЕО) БРАВО МОМЦИ, НЕ СЕ ПОСРАМОТИВМЕ НА ЕВРОПСКО, И ТОА Е НАЈВАЖНО!!!
(ВИДЕО) ЦЕЛ СВЕТ ГО КОМЕНТИРА ОВОЈ МАКЕДОНСКИ ФАН: УПОРНО ЛУПА ВО ТАПАНОТ А ТОЈ ИСЦЕПАН ПАРАМ ПАРЧЕ!
(ВИДЕО) ЦЕЛ СВЕТ ГО КОМЕНТИРА ОВОЈ МАКЕДОНСКИ ФАН: УПОРНО ЛУПА ВО ТАПАНОТ А ТОЈ ИСЦЕПАН ПАРАМ ПАРЧЕ!
ЗАЕВ: ПРЕД ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ, БУГАРСКИОТ И ХРВАТСКИОТ НАРОД ЌЕ БИДАТ ВПИШАНИ ВО МАКЕДОНСКИОТ УСТАВ
ЗАЕВ: ПРЕД ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ, БУГАРСКИОТ И ХРВАТСКИОТ НАРОД ЌЕ БИДАТ ВПИШАНИ ВО МАКЕДОНСКИОТ УСТАВ
ШОКАНТНО - СВАРОВСКИ СУДСТВОТО УШТЕ ЖИВЕЕ: МЕСТО ДА ДОНЕСЕ ПРЕСУДА, СУДОТ ПО ТРЕТ ПАТ ОДЛУЧИ ОДНОВО ДА ИМ СЕ СУДИ НА МИЈАЛКОВ И АЛФИТЕ ЗА АПСЕЊЕТО НА БОШКОСКИ
ШОКАНТНО - СВАРОВСКИ СУДСТВОТО УШТЕ ЖИВЕЕ: МЕСТО ДА ДОНЕСЕ ПРЕСУДА, СУДОТ ПО ТРЕТ ПАТ ОДЛУЧИ ОДНОВО ДА ИМ СЕ СУДИ НА МИЈАЛКОВ И АЛФИТЕ ЗА АПСЕЊЕТО НА БОШКОСКИ
Филипче: Жената е на прво место во општеството, се грижиме за секоја мајка и сопруга
Филипче: Жената е на прво место во општеството, се грижиме за секоја мајка и сопруга
(ВИДЕО) ЗАЕВ ОД СОФИЈА: АПЕЛ ДО БРАЌАТА БУГАРИ ДА НИ ПОМОГНАТ, ИМ ДОЛЖИМЕ ИДНИНА НА МЛАДИТЕ, ДА НЕ РОБУВАМЕ НА ИСТОРИЈАТА СО ШТО ЌЕ ЈА ЗАГРОЗИМЕ СЕГАШНОСТА И ИДНИНАТА
(ВИДЕО) ЗАЕВ ОД СОФИЈА: АПЕЛ ДО БРАЌАТА БУГАРИ ДА НИ ПОМОГНАТ, ИМ ДОЛЖИМЕ ИДНИНА НА МЛАДИТЕ, ДА НЕ РОБУВАМЕ НА ИСТОРИЈАТА СО ШТО ЌЕ ЈА ЗАГРОЗИМЕ СЕГАШНОСТА И ИДНИНАТА

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими министерот за здравство, Венко Филипче, началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов

На средбата се разменија информации за актуелната ситуација со Ковид-19 и мерките и активностите на надлежните органи за сузбивање на пандемијата.

Министерот Филипче информираше за моменталната состојба на заболени и починати од коронавирусот, за расположливите капацитети и ресурси, како и за проекциите за функционирање на здравствениот систем во државата во следниот период. Тој ги образложи најновите одлуки на Владата за прифаќање на препораките на Комисијата за заразни болести за дополнителни рестриктивни мерки во периодот од 18 декември до 20 јануари. Министерот Филипче се осврна и на соработката и поддршката што здравствените власти ја добиваат од Армијата во контекст на реорганизацијата на болниците во државата за прием на заразени пациенти и наши граѓани.

Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски реферираше за армиското учество во справувањето со коронавирусот и притоа нагласи дека ангажирањето на Армијата во асистенција на институциите во спречување на ширењето на Ковид-19 тече според предвидената динамика и план. Началникот на Генералштабот информираше за конкретните мерки, начинот на ангажирање и употреба на потребните ресурси на Армијата кои се извршуваат врз основа на побарувањата и оперативните планови на Главниот штаб.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информираше за работата на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, за преземените мерки и досегашни активности на институциите во справувањето со пандемијата и заштитата на здравјето и животот на граѓаните. Тој нагласи дека нивен приоритет е рационалното и ефикасно искористување на расположливите национални ресурси, а во согласност со Акцискиот план за посеопфатно дејствување против ширењето на Ковид-19. Директорот Ангелов информираше и за јакнење на капацитетите на Главниот штаб за управување со кризи, со учество на надворешни соработници од невладиниот сектор.

Претседателот Пендаровски, оценувајќи дека состојбата со коронавирусот кај нас, како и насекаде во Европа, е исклучително сериозна, повика на уште поголема одговорност и посветеност во работата на надлежните институции. Тој истакна дека е неопходна целосна координација и соработка на сите надлежни институции вклучени во активностите против ширење на коронавирусот, како и во справувањето со последиците предизвикани од Ковид-19.

На средбата стана збор и за усвоената информација од Владата за вакцинација против Ковид-19, која ги опфаќа подготвеноста на системот, улогата на УНИЦЕФ како Координатор на набавки во COVAX механизмот, директните преговори со производителите и со Европската комисија и земјите-членки на Европската Унија.

loading...

AnimeDao animedao haikyuu to the top: Watch DARLING in the FRANXX Episode 12

4Anime boku no hero academia 4anime: Black Clover (Dub) Episode 149