Кој е крив што Скопје доцна се украсува и слабо е украсено? Не е Данела, туку донаторите кои малце дале и задоцниле…
Кој ќе биде крив што Скопје нема да добие 200 нови автобуси и што нема да добие бесплатен превоз? Донаторите секако, кои нема да помогнат доволно за да им помогнат на Скопјани…
Данела ништо не е крива, таа само апелира за помош и што е она крива што сите се себични и лоши и не го сакаат Скопје?!?!
Ова е нејзиниот план како да се спаси од тоа што нема да ги оствари ветувањата со кои дојде на позицијата мајка на градот.
Цел нејзин мандат има да се изнаслушаме за тие пусти донатори, целата вина ќе биде свртена кон себичните злобни богаташи кои не сакале да му помогнат на Скопје. И меѓународната секако!
Она само ќе ја отфрла вината од себе и цели 4 години ќе се лигави и премета како змија, и така ќе си замине од власт, како најголем промашај во историјата на градот.
Секако делумно честа кај простите маси ќе си ја зачува со популистички потези за намалување цени на паркинзи и слично со што само ќе го дозакопа финансиски градот и јавните претпријатија.
Тешко на тој што ќе дојде после неа, градот нема да може да се оправи 10 години после оваа несреќа за Скопје.