На 03.04.2022 во 05.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода малолетник од Куманово. Тој бил затекнат во објект на Општата болница Куманово, при обид да изврши кривично дело „тешка кражба“, а претходно веќе извршил кражба во деловен објект на ул.„Трета македонска ударна бригада“, при што одзел пари и различни предмети. Кај него биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Фатен крадец во Скопје, пронајдени украдените пари
На 03.04.2022 во 20.55 часот на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје. Тој се сомничи дека претходно со употреба на сила влегол во аптека на ул.„Македонија“ и одзел пари. Кај него биле пронајдени парите и ќе бидат вратени на сопственикот. Малолетникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.