Приведен крадец во Куманово, расчистени четири кражби, украденото вратено на сопствениците
На 26.04.2022 во 15.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Б.(25) од Мароко. Тој се сомничи дека истиот ден извршил кражби во три деловни објекти и една семејна куќа, од каде одзел повеќе предмети и пари. Украденото било пронајдено и вратено на сопствениците.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава
Приведен битолчанец за издржување казна затвор од две години
На 26.04.2022 во 21.10 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Оперативен тим Потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(37) од Битола, со живеалиште во Скопје. Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.