Приведен крадец во Скопје, фатен при обид за тешка кражба, Приведени двајца разбојници во Скопје, Приведени двајца крадци во Штип, следува кривична пријава

Приведени двајца разбојници во Скопје

Денеска (29.06.2022) во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Карпош и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С.(18) и малолетник, двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на 04.06.2022 на ул.„Миле Поп Јорданов“ со употреба на електрошок од З.М. од Скопје одзеле чанта со лични документи и платежна картичка, кој ја употребиле на неколку бензински станици.
При претрес во домот на М.С., извршен со судска наредба, бил пронајден електрошокот и други предмети кои потекнуваат од кривичното дело.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Приведено лице во Кичево за издржување затворска казна

Денеска (29.06.2022) во 08.30 часот во ОВР Кичево бил приведен К.Н.(33) од Кичево. За него била издадена судска наредба, со која се барал за издржување на затворска казна.
Тој бил пренесен во Казнено – поправната установа Затвор-Битола за издржување на казната.

Приведени двајца крадци во Штип, следува кривична пријава

На 28.06.2022 во 14.25 и во 20.30 часот на ул.„Генерал Михајло Апостолски“ и на ул.„Широк Дол“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Д.А.(29) и Е.М.(20), двајцата од Штип.
За лицата постои основано сомнение дека извршиле повеќе кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, предвидени по член 236 и член 235 од Кривичниот законик.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Приведен крадец во Скопје, фатен при обид за тешка кражба

Денеска (29.06.2022) во 02.00 часот на бул.„Партизански одреди“ полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(33) од Скопје. Тој бил затекнат при обид за извршување на „тешка кражба“ во куќа на подрачјето на Центар и го признал делото.
Притоа кај него е пронајден предмет кој што потекнува од кривични дела „тешка кражба“ пријавени на 27.06.2022 во Полициската станица Центар, а извршени во периодот од 25 до 27.06.2022, при што од книжарница на ул.„Ѓуро Стругар“ во Скопје биле одземени повеќе уметнички слики.
Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Центар за понатамошна постапка, а за случајот е известен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.