Приведен криминалец баран со потерница за издржување казна затвор од скоро 11 години
Денеска (22.06.2022) во 14.30 часот на ул.„Перо Наков” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.К.(37) од Скопје. Тој бил баран со Централна потерница за издржување на казна затвор од 10 години и девет месеци во казнено-поправната установа Затвор Идризово за сторено кривично дело по член 236 и член 22 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено во казнено-поправната установа за издржување на казната.
Кривична пријава за бесправно градење
СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.А. (61) од Скопје за сторено кривично дело ,,Бесправно градење” по чл.244-а од КЗ, затоа што пријавениот започнал со градежни активности на парцела во општина Гази Баба, без да поседува Одобрение за градење издадено од надлежен орган во согласност со чл.56 ст.1 од Законот за градење.
Приведени дилери во Скопје
Денеска (22.06.2022) околу 11.00 часот на ул.„Злетовска“ во Скопје, полициски службеници од оперативен тим потраги при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.М.(27) и М.И.(28), двајцата од Скопје.Тие биле затекнати при примопредавање на марихуана. При преглед кај двајцата била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветна пријава.
Приведен криминалец од Скопје баран со потерница
Денеска (22.06.2022) во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода А.А.(49) од Скопје. Тој бил баран со потерница за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.4