Приведен прилепчанец баран со потерница
На 22.06.2022 во населба Тризла во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле М.Е.(27) од Прилеп. Тој бил баран по потерница за издржување затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Куманово. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за издржување на казната.
Приведен крадец од Штип
На 22.06.2022 во 10.15 часот во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Д.М.(33) од Штип поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело по член 235 и член 236 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Приведени измамници во Тетово
На 22.06.2022 околу 13.15 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Д.(24) од тетовска Мала Речица и Р.М.(46) од Тетово. Претходно, тие биле пријавени од вработен во угостителски објект дека претходната ноќ лажно претставувајќи му се во име на друго лице, управувајќи такси возила, во неколку наврати го измамиле, а тој им исплатил 18 илјади денари. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок по член 247 од Крвичниот законик.