Приведена измамничка барана по потерница
Денеска (19.04.2022) во 11.30 часот на ул.„Новопроектирана улица“, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода Б.Д.В.(39) од Скопје. Таа била барана по Централна потерница од Основно јавно обвинителство Скопје за издржување мерка притвор за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во Полициската станица Аеродром за понатамошна постапка.
Приведено лице барано со централна потерница за издржување затворска казна
На 18.04.2022 во 15.500 часот во с.Идризово, скопско, полициски службеници од Одделение за криминалистички работи Гази Баба – Потраги го лишиле од слобода е Х.М.(32) од с.Идризово. Тој бил баран по Централна потерница од Основен суд Скопје за издржување казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ казниво по чл.236 ст.1 т.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.