Приведени 8 лица на подрачјето на СВР Тетово, кај нив пронајдена дрога

Вчеравечер (26/27.03.2022) полициски службеници на СВР Тетово привеле 8 лица кај кои при преглед е пронајдена дрога. Имено, во близина на клучката за тетовски Групчин, од слобода биле лишени И.С.(25) и Д.Б.(40) од Тетово, затоа што при нивен и преглед на патничко возило „форд фиеста”, со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, им била пронајдена марихуана. Околу 20.30 часот, пак, на ул.„Илинденска” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Ч.(25), И.А.(32) и Р.Т.(22), тројцата од Тетово, кај кои биле пронајдени марихуана и нож, а на локалниот пат за гостиварското село Дебреше, во 00.30 часот на 27.03.2022, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода М.А.(19), Ј.Е.(19) и А.И.(20), сите од Дебреше, кои се превезувале со патничко возило „опел астра”, со гостиварски ознаки, бидејќи кај нив била пронајдена марихуана. Сите биле приведени и задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат поднесоци по член 215 од Кривичниот законик.