ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат

ПРОЕКТОТ БИЛ ЗАКАНА ЗА ОКОЛИНАТА?!?!?! Арсовска го стопираше тендерот за автобуско метро во Скопје распишан од Шилегов и ЕБОР

Од Град Скопје велат дека тендерот е стопиран поради недостатоци и ризици од проектот кои ќе имаат влијание врз животната средина. – Од примопредавањето на функцијата.(Фото: К.Попов)

Стопиран е тендерот за изградба на автобуското метро или Бас рапид транзит (БРТ) кој беше објавен на страната на Европската банка за обнова и развој. Градоначалничката Данела Арсовска по доаѓањето на функцијата најави дека нема да го продолжи проектот на нејзиниот претходник, а сега тој и официјално е прекинат.

Од нејзиниот кабинет велат дека постапката е прекината и поради тоа не се пристигнати понуди.

„БРТ е релативно непознат концепт за граѓаните на Скопје. Според анализите кои биле изготвени минатата година за потребите на Град Скопје се укажува на бројни недостатоци и ризици од проектот кои ќе имаат влијание врз животната средина, што во никој случај не смее да се дозволи. Како што знаете во моментов се водат преговори со ЕБРД и по нивното завршување граѓаните ќе бидат информирани за договореното“, велат од Град Скопје.

Првата претквалификациона фаза на меѓународниот тендер траеше до 14 декември.

Поранешното раководство на Градот предводено од градоначалникот Петре Шилегов заедно со експерти на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) на проектот работеа околу три години. Притоа, со средства од ЕБОР во висина од 75.000 евра направени се истражувањата и изработка на студијата на која учествуваа сообраќајни експерти од земјава и странство.

Со буџетски пари од Градот врз основа на истражувањата и студијата се правеше проектот за првата траса од Ѓорче Петров до Ново Лисиче за што беа потрошени 95.000 евра. Проектот го правеа група на понудувачи – Друштво за трговија и проектантски услуги „24 ИНГ“ ДООЕЛ увоз-извоз од Битола и Трговско друштво за проектирање инженеринг и консалтинг „Прима инженеринг“ од Скопје.

Потоа во април годинава беше потпишан договорот со ЕБОР за наменски кредит од 70 милиони евра за изградба на двете траси од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и од Бутел до Кисела Вода.

„Проектот ќе ги поддржи напорите на Градот во справување со предизвиците на јавниот превоз на поефикасен и структуиран начин, преку подготовка и имплементација на одржлив урбан план на мобилност. Справување со загадувањето во Скопје е приоритет и ја поздравуваме посветеноста на властите за одлучна и брза акција, каде ЕБОР стои подготвен за целосна поддршка, што се покажува и со денешното потпишување на овој проект”, кажа на потпишувањето на заемот претставникот на ЕБОР во земјава Анди Аранитаси.

Во јули проектот беше презентиран на јавноста и беше кажано дека возилата ќе се движат по посебната лента која ќе биде во средишните жардинери, а ќе биде одвоена од лентите за сообраќај со зеленило од двете страни. Станиците ќе бидат од затворен тип, што значи наплатата ќе се врши во нив по принципот на метро станиците, а не во автобусите. Со тоа, пократко ќе биде задржувањето на патниците и ќе се овозможи поголема брзина на возилата. Од Ново Лисиче до Ѓорче Петров ќе се стасува за 30 минути.

„Скопје е прв град на Балканот кој воведува ваков проект. Речиси три години работевме на реализацијата на овој проект кој сметаме дека според концептот е најдобро решение за Скопје. Можеби ќе влијае на начинот на кој ќе доаѓате на работа во иднина, ќе има промени, но постигнато е многу и направено е решение кои во ЕБОР е бодирано со сребрен стандард“, рече на презентацијата Ијан Џенинкс, помошник директор на Европска банка за обнова и развој.

loading...

https://44anime.net/. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

sites to watch anime Attack on Titan Season 3

watch anime dub Mother of the Goddess’ Dormitory

4Anime JUJUTSU KAISEN

anime stream 4Anime DARLING in the FRANXX

4Anime Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai