ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ, ДИМЧЕ АРСОВСКИ ДЕНЕСКА ЕМ СЕ ИЗГЛУПИРА ЕМ ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА - СЕДИ ДИМСА, КЕЦ!
ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ, ДИМЧЕ АРСОВСКИ ДЕНЕСКА ЕМ СЕ ИЗГЛУПИРА ЕМ ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА - СЕДИ ДИМСА, КЕЦ!
Христо Иванов: Доколку РСМ не го прифати францускиот предлог, ризикува целиот процес да почне од почеток
Христо Иванов: Доколку РСМ не го прифати францускиот предлог, ризикува целиот процес да почне од почеток
ДЕНКО МАЛЕСКИ: Што ќе правиме со францускиот предлог, ќе го прифатиме или ќе го одбиеме?! Ќе бидеме ли како Палестинците кои секогаш одбиле се што им се нудело и се полошо им е како тече времето...
ДЕНКО МАЛЕСКИ: Што ќе правиме со францускиот предлог, ќе го прифатиме или ќе го одбиеме?! Ќе бидеме ли како Палестинците кои секогаш одбиле се што им се нудело и се полошо им е како тече времето...
ЕВЕ ЗОШТО ЕКСПЛОДИРА АДЕМИ: ВМРОВЦИТЕ МУ ЈА ИСЕКЛЕ РАКАТА СО ФРЛАЊЕ ПРЕДМЕТИ
ЕВЕ ЗОШТО ЕКСПЛОДИРА АДЕМИ: ВМРОВЦИТЕ МУ ЈА ИСЕКЛЕ РАКАТА СО ФРЛАЊЕ ПРЕДМЕТИ
Маричиќ на средба со германски функционери: Имаме перспектива – мора да ја задржиме
Маричиќ на средба со германски функционери: Имаме перспектива – мора да ја задржиме
СДСМ: ВМРО ДПМНЕ СО ПРАВЕЊЕ ИНЦИДЕНТИ ВО СОБРАНИЕ БЛОКИРА НАЗНАЧУВАЊЕ СУДИИ ЗАТОА ШТО ТАКА МИСЛАТ ДЕКА ЌЕ СЕ СПАСАТ ОД ЗАТВОР!
СДСМ: ВМРО ДПМНЕ СО ПРАВЕЊЕ ИНЦИДЕНТИ ВО СОБРАНИЕ БЛОКИРА НАЗНАЧУВАЊЕ СУДИИ ЗАТОА ШТО ТАКА МИСЛАТ ДЕКА ЌЕ СЕ СПАСАТ ОД ЗАТВОР!
(ВИДЕО) ДРАМА ВО СОБРАНИЕТО: ВМРОВЦИТЕ УСПЕАЈА ДА ГО ИЗВАДАТ ОД ТАКТ АРБЕР АДЕМИ КОЈ ВО МОМЕНТИ НА БЕС ПОЧНА ДА ГИ МАВА СО ШИШИЊА И ФИЛЏАНИ!
(ВИДЕО) ДРАМА ВО СОБРАНИЕТО: ВМРОВЦИТЕ УСПЕАЈА ДА ГО ИЗВАДАТ ОД ТАКТ АРБЕР АДЕМИ КОЈ ВО МОМЕНТИ НА БЕС ПОЧНА ДА ГИ МАВА СО ШИШИЊА И ФИЛЏАНИ!
Бугарската влада официјално во оставка, контрадикторни најави за повлекувањето на Борисов од челната позиција на ГЕРБ
Бугарската влада официјално во оставка, контрадикторни најави за повлекувањето на Борисов од челната позиција на ГЕРБ

ПРОФЕСОР ОД САД ОДРЖА ПРЕДАВАЊЕ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ПОЛИТИЧКИ НАУКИ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ АУЕ ФОН: Руската инвазија на Украина ќе го забрза пристапот на земјите од Западен Балкан кон НАТО и ЕУ

Американскиот универзитет на Европа – ФОН денескa за студентите од Факултетот за правни и политички науки и од Факултетот за детективи и безбедност организираше предавање на тема „What the Russian invasion of Ukraine Means for the Western Balkans: It is Not as Bad as You Think“. Предавач беше др. Крис Ноланд, професор и директор на магистерската програма за разузнавање и безбедносни студии на колеџот „Lebanon Valley“ од Пенсилванија, САД.

Во своето предавање, професорот Ноланд потенцираше дека иако светот во глобални рамки ќе се соочува со повисоки цени на нафтените деривати и со недостаток на храна, сепак руската инвазија на Украина ќе помогне да се забрза пристапот на земјите од Западен Балкан кон НАТО и ЕУ. Во овој контекст, Соединетите Американски Држави се усогласуваат со Европската Унија и повторно се ангажираат да се спречи дестабилизацијата на Западен Балкан, но и да се обезбеди позитивен пат напред на земјите од регионот, за нивна побрза интеграција во ЕУ и во НАТО.

„Соединетите Американски Држави во минатото посветуваа помалку внимание на Западен Балкан. На регионот не му се даваше приоритет со оглед на годините на хиперфокусирање на САД кон Азија и Кина. Во меѓувреме, политичкиот екстремизам во Западен Балкан е во пораст, особено на посредниците. Треба да сè има предвид дека во моментов слаби точки во регионот се Босна Херцеговина и Косово, каде лидерството на САД сега е најпотребно. За да го направи ова, САД мора да се ангажираат повеќе и да работат со Република Србија“, истакна Крис Ноланд пред студентите на АУЕ – ФОН.

Според него, Соединетите Американски Држави, но и светот во целина ќе мора да ја реконципираат безбедноста во смисла на хибридно војување и да посветат поголемо внимание на сајбер нападите, дезинформациите и операциите на влијание.
Професорот Крис Долан пред почетокот на предавањето оддржа и работен состанок со менаџментот на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, каде што споделија искуства за начините за подобрување на квалитетот на високото образование, при што се посочи можноста сите заинтересирани студенти и професори од Македонија да аплицираат за целосно стипендирање преку Фулбрајт програмата.

Инаку Долан е член на Одборот на Советот за светски прашања и на Здружението за надворешна политика и проектот за транзиција на Белата куќа. Негов фокус на интерес се американската национална безбедност, разузнавачка анализа, хибридна војна, сајбер безбедност, дезинформации и операции на влијание.

loading...

mod go88 quy định rút tiền go88 go88 chơi trên web

sunwin mẽ mở khoá tài khoản sunwin bắt cầu sunwin