Моќта на истражувачката дејност!
#19YearsAUEFON #19годиниАУЕФОН
Како дел од активностите посветени на 19 годишното постоење на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, денеска Факултетот за правно-политички науки организираше промоција на изданија на наставниот кадар, со што повторно се покажа моќта на истражувачката дејност и се збогати издаваштвото на АУЕ – ФОН универзитетот.
Промовиравме 12 изданија од професори кои претставуваат своевидна афирмација на нивната истражувачка дејност, но и збогатување на издаваштвото на универзитетот.
Со новите изданија, нашите студенти квалитативно и квантитативно го зголемуваат фондот на информации со коишто располагаат и стануваат конкуретни со своето знаење, во многу научни области.
Знаењето е моќна алатка за круцијални промени во секое општество!