ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат

ПРОТЕСТ НА ПРЕВОЗНИЦИТЕ ВО КУМАНОВО, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВЕЛИ ДЕКА ПРОТЕСТИРААТ НЕ СЕ ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ ТУКУ ЗАТОА ШТО СИ ГИ БРАНАТ СВОИТЕ ПРОФИТИ НА ШТЕТА НА ГРАДОТ

Како што истакна правниот застапник на превозниците, адвокатот Виктор Божиновски, новата одлука на Советот за пакет линии е спротивна на законот и ги повика надлежните да ги прифати препораките на Второстепената комисија на Министертството за транспорт и врски.

– Донесена е уште една одлука од страна на градоначалникот, а врз основа на нов извештај од Комисијата за спроведување на целата псотапка, која повторно целосно е незаконска и е спротивна на одредбите од Законот за превоз на патници во јавен сообраќај и на Законот за општа управна постапка и е директно на штета на интересите на граѓаните и учениците во училишниот превоз од сите основни училишта, особено од оние четири спорни линии кои беа обжалени од страна на превозниците, рече Божиновски.

Божиновски вели дека Општина Куманово не постапила по ниту едно од напатствијата од Министерството за транспорт и врски, а тоа е причината што превозниците ќе ги искористат сите правни лекови за да се донесат одлуки во согласност со законските прописи.

– Огромен дел од граѓаните, над 20.000 и над 2.500 ученици во училишниот превоз повторно нема да имаат во догледно време, додека трае постапка за жалба, донесување одлука од страна на Министерството, повторно нема да имаат превоз и повикувајќи се на измени и дополнувања на таа одлука. Не може да се менуваат правила на игра на сред натпревар. Со ова решение се прави токму тоа, изјави правниот застапник на превозниците.

Како што рече тој, сите превозници ќе поднесат нови жалби, со што интересот на граѓаните ќе биде ставен во втор план.

Ако имате 2.000 денари, наскоро ќе имате 202.000! Провери го!
– Можеше да се заврши многу поедноставно, во скратена постапка, ако само се прифатеа понудите на превозниците кои во целост ги исполнуваа условите предвидени во јавниот оглас, врз основа на првичната одлука на Советот од декември месец, изјави Божиновски.

Според Божиновски, градоначалникот мора да постапи согласно напатствијата на Министерството за транспорт и врски, а со новата одлука со која се формираат т.н. пакет линии тоа не е исполнето.

Според превозниците не е спорно линиите за кои немало интрес да се донесе нова, одлука, но за линиите 3, 4, 5 и 8 не може да бидат дел за изменување на првичната одлука.

– За жал граѓаните на општина Куманово и учениците во основни и средни училишта, кои веќе и немаат превоз, веројатно ќе мора да почекаат уште дваесетина дена најмалку, толку трае процедурата, согласно законот можат да донесат побрзо одлука, но имаат рок од 30 дена, појасни Божиновски.

На протестот се појавија и неколку граѓани, кои се пожалија дека учениците немаат превоз, како и работниците.

– Сите работници треба да собираат фискални каси од такси превозници и да се поднесе туќжба против општина Куманово и градоначалникот, рече еден од нив.

Од општината се повикаа на вчерашното соопштение во кое стои дека обвинувањата од страна на одредени превозници има за цел монополизирање на јавниот превоз и континуирано непочитување на договорите.

– Сметаме дека имаат за цел повторно монополизирање на јавниот превоз од страна на неколку компании во градот и континуирано непочитување на договорите, прилагодување на возните редови и квалитетот на возилата по нивно лично убедување за сметка на реалните потреби на граѓаните. Протест како најавен облик е уставно загарантирано право и Општината нема да го коментира, а што се однесува до конкретни барања од страна на овие незадоволни компании, ние ги немаме добиено во писмена форма освен што ги следиме информациите кои што излегуваат на поедини портали, стои во вчерашното соопштение на општината.

Како што се наведува, очекуваат одредени стари навики на дел од компаниите да се искоренат и да разберат дека при давање јавна услуга не треба да се водат само оф финансиски бенефит туку првенствено од општиот јавен интерес на сите граѓани и целокупната јавност.

Оттаму истакнуваат дека изминатата недела од страна наинспекторите за сообраќај при Општина Куманово е извршен редовен инспекциски надзор при што биле биле утврдени голем број на неправилности и нерегуларности т.е. компаниите даватели.

Компаниите даватели на услугите не го почитуваат договорот кој што е склучен со Општината, а со тоа и не обезбедуваат соодветна услуга на крајните корисници – граѓаните на Општина Куманово, за што е во тек постапка од страна на надлежниот инспекторат и за чии исход ќе бидат дополнително информирани и превозниците и јавноста, стои во соопштението.

Инаку, проблемот со јавниот превоз во Куманово започна од почетокот на оваа година кога истекоа претходните договори, а доцнеше изборот на нови превозници. Откако беа избрани, дел од превозниците ги обжалија линиите и Министерството за транспорт и врски ги прифати нивните жалби.

Во меѓувреме Советот на општината донесе нова одлука, која сега истите превозници повторно ја оспорија и се чека на одлука на ресорното министерство.

loading...

online anime. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

My Hero Academia Season 4 Episode 19

AnimeDao Hunter x Hunter (2011) Episode 141

watch anime DON'T TOY WITH ME, MISS NAGATORO

SK8 the Infinity Episode 10

AnimeDao DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 22