Затоа, унапредувањето на регионалната соработка и интензивирањето на комуникацијата мора да биде приоритет, не само во регионот, туку и пошироко, рече денеска директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски пред почетокот на симулациската вежба за справување со болеста чума кај малите преживри во велешкото село Сујуклари.
Според Бабовски, оваа болест досега не беше присутна во земјава, а како потврда на доброто менаџирање со неа, во јуни 2020 година Македонија го доби статустот на слободна држава од чума кај малите преживари.
-Симулациската вежба која денес и утре ќе ја реализираме е од исклучително голема важност, не само за нас како институција која треба да ја итестира сопствената подготвеност на системот за да одговори на предизвикот за справување со оваа болест, туку, делувајќи регионално, уште повеќе и за да ја унапредиме соработката и комуникацијата меѓу надлежните институции и ветеринарниот сектор при евентуална појава на болести кај животните, пред се на оние кои се предмет на плановите за итни мерки, а за кои треба брзо и заедно да се делува на терен, нагласи Бабовски.
Теоретските и практичните активности на вежбата, дополни, јасно ќе прецизираат дали она што теоретски е зацртано во плановите за итни мерки, функционира и на терен.
-Активностите кои ќе се реализираат овие два дена, теоретки и на терен, се добра основа за да се скенира поставеноста на системот, да се провери неговата функционалност која досега даваше позитивни резултати. Доколку теренски се утврдат некои недоследности, вежбата ќе ни ги даде насоките за идна корекција и доработка со цел брзо и соодветно да се справиме со болеста која може да се појави, а која не смееме да дозволиме да не изненади. Преку вежбата, како и многу пати досега, во соработка со науката, на државно и на регионално ниво, ќе ја потврдиме ефикасноста и ефективноста на плановите за итни мерки за справување со чумата кај малите преживри. Целта е да воспоставиме контрола и искоренување на болеста при евентуално нејзино појавување, што е од клучно значење за да се обезбеди и спречи нејзино ширење и предизвикување на економски загуби, истакна Бабовски.
Директорот потсети дека во почетокот на годинава АХВ беше исправена пред предизвикот со тестирање на дефинираните планови за итни мерки за справување со болестите африканска чума кај свињите и со птичјиот грип.
-Како институција, го поддржуваме овој концепт за тестирање на функционалноста на плановите за справување и со други болести, за што веќе се планираат активностите, а во финална фаза е и подготовката на процедурата за организирање и спроведување симулациски вежби која ќе биде стандардизирана по ИСО стандардите. Верувам дека размената на регионалните и европските искуства кои ќе ги споделиме денеска, ќе дадат нов импулс во подобрување на воспоставениот систем на контрола и на оваа болест, а воспоставената комуникација ќе ја подигне на уште повисоко ниво кога станува збор за размената на информации, не само меѓуинституционалната во рамки на секоја од државите одделно, туку и регионално, што ќе биде основа за обезбедување услови за регионално подобрување на епизотиолошката состојба со болестите кај животните, особено на оние кои се предмет на плановите за итни мерки, заклучи Бабовски.
Според Тони Киранџиски, тим лидер на проектот „Регионална акција на ЕУ за искоренување на болести кај животните во Западен Балкан” со чија поддршка ќе се одржи симулациската вежба, фокус во изминатиот период беше ставен на унапредување на регионалната соработка и комуникација на земјите од Западен Балкан, за што покрај оваа, се одржаа уште две симулациски вежби, во Црна Гора и во Косово. Во регионаниот проект покрај Република Македонија, вклучени се и Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.
-Досегашната регионална соработка е на високо ниво, но мора постојано да се унапредува и да се формализира. Верувам дека токму оваа симулациска вежба за тоа и ќе придонесе, посочи Сања Шепаровиќ, експерт за стратегиска комуникација на проектот.
Анет Гомелвинд, експерт за планови за итни мерки од ЕУ, детално го објасни сценариото по кое денеска и утре ќе се реализираат теоретските и теренските активности на симулациската вежба.