Лукаревска: Поголем број кандидатки на локалните избори
Лукаревска: Поголем број кандидатки на локалните избори
БОМБА НА ПОРТАЛОТ А1ОН - ЕВЕ ДОКАЗ ДЕКА СЕ СПРЕМАЛ ДА БЕГА: Камчев ги распослал парите по фирми во 6 земји во светот, но фирмите во земјава ги ставил под хипотека!
БОМБА НА ПОРТАЛОТ А1ОН - ЕВЕ ДОКАЗ ДЕКА СЕ СПРЕМАЛ ДА БЕГА: Камчев ги распослал парите по фирми во 6 земји во светот, но фирмите во земјава ги ставил под хипотека!
Премиерот Заев на работен појадок со амбасадорите на земјите од Вишеградската Група: Благодарност за земјите од В4 за нивната силна поддршка за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан
Премиерот Заев на работен појадок со амбасадорите на земјите од Вишеградската Група: Благодарност за земјите од В4 за нивната силна поддршка за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА Е КРИМИНАЛ НА ДЕЦЕНИЈАТА: Фирми земале кредити од еден и пол милион евра иако имале само еден вработен!!!
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА Е КРИМИНАЛ НА ДЕЦЕНИЈАТА: Фирми земале кредити од еден и пол милион евра иако имале само еден вработен!!!
Скопје на плус 40 степени: Граѓани колабираат во автобус, на пазар, во Итна помош и по 100 повици
Скопје на плус 40 степени: Граѓани колабираат во автобус, на пазар, во Итна помош и по 100 повици
(ВИДЕО) Вистинска градежна експанзија се случува во општина Кавадарци: Се реконструира улица „Ресавска“ во Кавадарци
(ВИДЕО) Вистинска градежна експанзија се случува во општина Кавадарци: Се реконструира улица „Ресавска“ во Кавадарци
ЈОВАНОСКИ: Најостро го осудувам дискриминаторскиот однос на менаџментот и вработените во спортско-рекреативниот центар „Маркови кули“, кон наши сограѓани од ромската етничка заедница
ЈОВАНОСКИ: Најостро го осудувам дискриминаторскиот однос на менаџментот и вработените во спортско-рекреативниот центар „Маркови кули“, кон наши сограѓани од ромската етничка заедница
Тензии во Црното Море: Руски истрели кон британски воен брод
Тензии во Црното Море: Руски истрели кон британски воен брод

ПРВИОТ ЧОВЕК НА НАЈГОЛЕМАТА БИЗНИС КОМОРА ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА: Три Б – Битиќи, Бесими и Бектеши го пресекоа Гордиевиот јазол на бизнисот

Пишува Бранко Азески, претседател на Стопанска Комора на Северна Македонија

Да не избиеше кризата со коронавирусот, готово сигурно беше дека Комората ќе организираше комеморативен собир на 10-годишнината од поднесувањето на првата иницијатива за формирање на холдинг друштва во Северна Македонија. Тоа ќе беше пародија на изгубеното време, на изгубениот профит и на бавноста на администрацијата. При концептирањето на тој настан, во главата ми се вртеше мислата дека повторувањето е мајка на знаењето, но веројатно упорноста е мајка на остварувањето!

Целта, со тој настан, ми беше да ја алармирам јавноста дека создавањето на поволно бизнис опкружување за балкански прилики, е многу тешка работа. Ние знаеме дека нашите убедувања за определени решенија во корист на бизнисот траат со години. Но, прашањето за холдингот, за неданочните давачки и за царинските тарифи траат навистина предолго. Се разбира, почетокот на пандемијата не беше време за тоа. Неверојатно, но вистинито, Владата на РСМ собра храброст и во најтешките моменти на кризата одлучи да ја прекине негативната пракса на повеќегодишни процедури и заедно со учесниците на платформата за јавно-приватниот дијалог, реши да ги симне овие прашања од дневен ред. Во моментот, реалната состојба е, дека заеднички работни групи на Владата, надлежните министерства и надлежните комори ги привршуваат последните подготовки, овие три решенија, да влезат во владина процедура. Знам дека буквата Б има посебно значење (Бранко, безбедност, бизнис), ама неверојатно е дека тројцата клучни членови на Владата кои го туркаат процесот се презиваат Битиќи, Бесими и Бектеши.

Еве неколку примери како доказ за нашата упорност да имаме активна улога во донесувањето или измената на прописите сè со цел, да се отстранат определени правни празнини или недоречености, кои се од значење за подобрување на деловната клима.

Иницијатива на СКСМ за законско нормирање на холдингот;

Иницијатива на СКСМ за ревидирање на парафискалните и неданочни давачки;

Иницијатива на СКСМ за ревидирање на царинските стапки и нивно усогласување со царинските стапки на Европската Унија;

Иницијатива на СКСМ за воспоставување на даночен календар;

Иницијатива на СКСМ за практична примена на електронската фактура во државата;

Иницијатива на СКСМ поврзана со член на 218 од Законот за извршување,.

Во минатите мои колумни стана збор и за работењето на ЕНЕР-от како сериозна алатка за дијалог помеѓу државата и бизнисот. Во исто време, се зацврстува и внатрешната кохезија внатре во Комората во која еснафските здруженија стануваат секој ден сѐ поактивни. Оваа недела се договара втората фаза на вакцинирањето на бизнисот. Истовремено, во Трст, коморите на земјите на Западен Балкан се договараат за продолжување на започнатата постапка за имунизација на регионално ниво. Исто така, нѐ очекува и средба со најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе разговараме како одговорни чинители за прашањата од наша надлежност. Сè на сè, во бизнис заедницата врие како во кошница во пресрет на случувањата кои ќе ја определат нашата перспектива да излеземе од кризата помудри или ќе заглавиме во балканската неперспектива.

П.С. Во петок, на седницата на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум што ќе се одржи во Белград, заменик премиерот на Владата, Фатмир Битиќи, ќе поднесе иницијатива во име на Владата на Република Северна Македонија за изедначување на условите за привлекување на странските инвестиции во регионот на Западен Балкан. Со тоа ќе се овозможи да се изедначат условите и ќе се спречи меѓусебната конкуренција што им дава предност на странските компании во преговарањето.

loading...

WCOStream animes online: Watch My Hero Academia 2 (Dub) Episode 19

AniWatch watch anime online: SK8 the Infinity (Dub) Episode 10