(ВИДЕО) ВАКВИТЕ ЛУЃЕ ДАВААТ НАДЕЖ ДЕКА ЕДЕН ДЕН СВЕТОТ ЌЕ БИДЕ ПОДОБРО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ
(ВИДЕО) ВАКВИТЕ ЛУЃЕ ДАВААТ НАДЕЖ ДЕКА ЕДЕН ДЕН СВЕТОТ ЌЕ БИДЕ ПОДОБРО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ
(ВИДЕО) Дива свиња уби ловџија во Неготино
(ВИДЕО) Дива свиња уби ловџија во Неготино
ИДИОТСКАТА ТЕЗА НА ВМРОВЦИТЕ: ХЕРОИН СЕ ПРАВИ ОД СОЛНА КИСЕЛИНА И АЦЕТОН КОИ ЧИНАТ 20 ДЕНАРИ ЗА ЛИТРО И НЕ ГОРАТ ПОД НИКАКВИ УСЛОВИ!
ИДИОТСКАТА ТЕЗА НА ВМРОВЦИТЕ: ХЕРОИН СЕ ПРАВИ ОД СОЛНА КИСЕЛИНА И АЦЕТОН КОИ ЧИНАТ 20 ДЕНАРИ ЗА ЛИТРО И НЕ ГОРАТ ПОД НИКАКВИ УСЛОВИ!
Џафери изрази сочувство за смртта на Пендаров
Џафери изрази сочувство за смртта на Пендаров
НОВА МАЈМУНАРИЈА НА ВМРОВЦИТЕ: ЛАЖЕН ПРОФИЛ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАШКА ШИРИ ОМРАЗА ЗА АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА ВО БУГАРИЈА
НОВА МАЈМУНАРИЈА НА ВМРОВЦИТЕ: ЛАЖЕН ПРОФИЛ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАШКА ШИРИ ОМРАЗА ЗА АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА ВО БУГАРИЈА
ОВОЈ ИСПАДНА МНОГУ СМЕШЕН ЧОВЕК: Екс министерот Хоџа јавно пиел кафе со Муса, ама мисли дека го следат и сликаат
ОВОЈ ИСПАДНА МНОГУ СМЕШЕН ЧОВЕК: Екс министерот Хоџа јавно пиел кафе со Муса, ама мисли дека го следат и сликаат
Беличанец: Заев затекна корумпирана партиска мафијашка држава на која и ја скрши кичмата
Беличанец: Заев затекна корумпирана партиска мафијашка држава на која и ја скрши кичмата
(ВИДЕО) Васев: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо, промовираат проекти на СДСМ и му служат само на Мицкоски
(ВИДЕО) Васев: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо, промовираат проекти на СДСМ и му служат само на Мицкоски

ПУКНА ТЕШКА БРУКА – Арсовска од личната карта што ја покажа СДСМ е гласач во Петрич

Ако во системот за електронски увид во избирачкиот список на Бугарија се внесе матичниот број на бугарската лична карта за која СДСМ тврди дека е на Данела Арсовска, се добива резултат дека таа личност е регистриран гласач на претстојните претседателски и парламентарни избори во Бугарија, на 14 ноември. Лицето од личната карта може да го оствари правото на глас во СУ „Никола Вапцаров“ во Петрич, во округот Благоевград

Податоците од избирачкиот список покажуваат дека дел од информациите на личната карта што ја објави СДСМ се неспорно точни и проверливи. Прво, дека во Бугарија навистина постои државјанка Даниела Арсовска, дека е жена, дека има адреса во Петрич и дека според матичниот број, таа е родена на 20 декември 1979 година

Направивме проверка и на самата лична карта, преку системот на бугарското МВР, и добивме информација дека документот е валиден
Даниела Арсовска, жената од бугарската лична карта што денеска ја презентираше СДСМ тврдејќи дека тоа е Данела Арсовска, кандидатката за скопска градоначалничка, има право на глас во Петрич, каде што е жителка. Тоа го покажува електронскиот увид во Избирачкиот список на Бугарија што го направи „360 степени“, според објавените податоци/фотографии од страна на владејачката партија.

Податокот може да го провери секој. На личната карта што ја објави СДСМ, меѓу другите податоци, е објавен и матичниот број на Даниела Арсовска, бугарската државјанка за која СДСМ тврди дека е Данела Арсовска. Матичниот број, кој слично како во земјава го содржи датумот на раѓање, но по обратен редослед (1979 година 12 месец, 20 ден), е 7912200192.

Првиот чекор од пребарувањето е да се отвори интернет-страницата на бугарската Главна дирекција „Граѓанска регистрација и админстративен сервис“ (Главна дирекция „Гражданска регистрация и административно обслужване“). Линкот ве води директно во делот кој овозможува пребарување по матичен број. Таму, прво, се внесува матичниот број (7912200192) во соодветното поле, па името (Даниела) и на крај безбедносниот код што ќе се прикаже на екранот. За пребарување во системот треба само да се стисне уште „търсене“, што значи „барај“.

Како што може да се види на фотографијата, лицето со тој матичен број се вика Даниела Арсовска и на претстојните претседателски и парламентарни избори во Бугарија, на 14 ноември, може да гласа во СУ „Никола Вапцаров“ во Петрич, во округот Благоевград.

Податоците од избирачкиот список значат и дека дел од информациите на личната карта што ја објави СДСМ се неспорно точни и проверливи. Прво, дека во Бугарија навистина постои државјанка Даниела Арсовска, дека е жена, дека има адреса во Петрич и дека според матичниот број, таа е родена на 20 декември 1979 година.

„360 степени“ се обиде да направи увид во избирачкиот список на Бугарија и преку адресата на личната карта, за која СДСМ тврди дека е на Данела Арсовска. Сепак, за разлика од електронската верзија на избирачкиот список на Северна Македонија, бугарскиот систем дава само информација на кое гласачко место гласа жител на конкретна адреса, но не и кој живее на таа адреса.

Понатаму, направивме проверка и на самата лична карта, преку системот на бугарското МВР. Помеѓу другите електронски услуги, може да се провери валидноста на одреден личен документ, доколку го имате бројот на документот. Ако за вид документ се избере „Лична карта“, па потоа се внесе бројот на личната карта што ја објави СДСМ (646948927) и се внесе датумот на раѓање (20.12.1979 г.), се добива информација дека личната карта е валидна.

На личната карта што ја објави СДСМ има и други податоци кои не можат да се проверат преку увид во избирачкиот список или базата на тамошното МВР. На пример, фотографијата, дека Даниела Арсовска од личната карта е висока 165 см, дека има зелени очи и дека е родена во Македонија.

На личната карта што ја објави Славјанка Петровска (СДСМ) има фотографија на кандидатката за градоначалник на Скопје. На документот е наведена адреса во градот Петрич, во округот Благоевград

Арсовска денеска ги негираше наводите на СДСМ дека има бугарско државјанство, тврдејќи дека станува збор за безумни лаги што таа нема време да ги докаже во правна постапка до изборите на 31 октомври.

Вели дека никогаш не го носела името Даниела и дека е родена Данела Јовановска, по нејзиниот дедо Дане, Македонец, а презимето Арсовска го носи повеќе од 20 години.

„Родена сум скопјанка, целиот живот живеам во Скопје, тука имам семејство што безумно го напаѓаат, почнувајќи од моите родители, од мојот син, мојот сопруг… Ова е безумие што се случува и напад на лична основа и тоа од луѓето кои пет години ме викале да им давам економски совети, луѓе кои седеле со мене на маса, а сега покажуваат на мене како на антидржавен елемент. Никогаш во животот не сум била член на политичка партија ниту сум донирала на политичка партија ниту, пак, сум направила нешто погрешно”,

одговори Арсовска, не посочувајќи дали датумот на нејзиното раѓање се совпаѓа со датумот кој стои на уверението за бугарско државјанство и на личната карта, што ги објави СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ утрово се огласија со коментар во врска со обвинувањата кон Арсовска за бугарското државјанство, оценувајќи дека „единствената бугарска врска во Македонија е Зоран Заев“.

„Единствениот човек во политиката кој има поврзаност со Бугарија, заедно со Љубчо Георгиевски, е тој и двајцата се дел од власта. ’Сакам да испратам порака до сите граѓани на Бугарија, ние сме братски хора, сшти народ’, рече Зоран Заев на три недели пред да формира влада во 2017 година. За Зоран Заев Бугарите во Втората светска војна не биле окупатори, туку ’администратори’. Според Зоран Заев, Гоце Делчев е Бугарин. Зоран Заев ги поткопа македонските позиции, затоа што како премиер на држава излезе и говореше невистини, што на секој еден сега му дава право да се повикува на тие изјави како факт и да ја уценува Македонија. Зоран Заев е единствената Бугарска врска во Македонија, и единствен странски елемент во врвот на политиката“,

се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

loading...

ef ~ A Tale of Melodies (Dub) Episode 12

AnimeFLV Watch anime online, English anime online HD

AnimeFreak: Uchuu Majin Daikengou anime episode 26 online free at https://animefreak.ws my hero academia season 4 animefreak

WCOStream: Inazuma Eleven GO (Dub) anime episode 24 online free at https://wcostream.cc we bare bears wcostream

Star Ocean EX (Dub) (https://animekisa.in/m/64EJ) Episode 26