БРАВО - Османи приреди коктел за дијаспората и им порача дека својот мандат ќе го посвети на создавање услови за секој кој има желба да може да се врати во државата
БРАВО - Османи приреди коктел за дијаспората и им порача дека својот мандат ќе го посвети на создавање услови за секој кој има желба да може да се врати во државата
СДСМ ПРИЛЕП - Денеска се навршуваат 64 години од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто
СДСМ ПРИЛЕП - Денеска се навршуваат 64 години од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто
БРАВО - СПАСОВСКИ ГО СОТРЕ ПОДЗЕМЈЕТО: ЗА ЕДНА ГОДИНА УАПСЕНИ БЛИЗУ 500 КРИМИНАЛЦИ БАРАНИ СО ПОТЕРНИЦА
БРАВО - СПАСОВСКИ ГО СОТРЕ ПОДЗЕМЈЕТО: ЗА ЕДНА ГОДИНА УАПСЕНИ БЛИЗУ 500 КРИМИНАЛЦИ БАРАНИ СО ПОТЕРНИЦА
Заев: Во првиот круг ќе одиме секој сам, а после ќе се поддржиме со ДУИ, БЕСА и со ДПА
Заев: Во првиот круг ќе одиме секој сам, а после ќе се поддржиме со ДУИ, БЕСА и со ДПА
Вицепремиерот Битиќи и директорот Тунџев го промовираа новиот Национален Геопортал – Со само еден клик граѓаните и стопанството може да пристапат до огромен број на просторни податоци
Вицепремиерот Битиќи и директорот Тунџев го промовираа новиот Национален Геопортал – Со само еден клик граѓаните и стопанството може да пристапат до огромен број на просторни податоци
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на патот Пробиштип-Крупиште: Изградбата и рехабилитацијата на патиштата е приоритет заради поврзување на регионите и за побрз економски развој
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на патот Пробиштип-Крупиште: Изградбата и рехабилитацијата на патиштата е приоритет заради поврзување на регионите и за побрз економски развој
Почитувани, ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје од вторник, 27.07.2021 година, ќе започне со исплата на пензиите за месец јули
Почитувани, ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје од вторник, 27.07.2021 година, ќе започне со исплата на пензиите за месец јули
(ВИДЕО) СКОПЈЕ ЈА ДОБИ И ВТОРАТА ТАРТАН ПАТЕКА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК
(ВИДЕО) СКОПЈЕ ЈА ДОБИ И ВТОРАТА ТАРТАН ПАТЕКА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

Quo vadis ВМРО-ДПМНЕ – писмо на повеќе од 300 членови на партијата

Браќа и сестри,

Mожно ли е и ВМРО-ДПМНЕ да победи, а Христијан Мицковски и Иницијативниот одбор за собирање потписи за Вонреден Конгрес да НЕ изгубат?

Не само што е можно, туку така и треба да биде. Секоја победа на ВМРО-ДПМНЕ треба да значи и победа за секој нејзин член, да биде топлина за душата на секој кој оставил трага во Партијата и поминал поголем дел од животот непосредно поврзан со неа!

Но, во последно време, според однесувањето и делувањето на нашите истакнати сопартијци и од едната и од другата страна, изгледа како за нив партијата да е предмет, како скапа вазна за која се борат да ја добијат. Само што, изгледа не можат, или не сакаат, да сфатат дека ако вака продолжат, вазната ќе ја скршат на милиони парчиња и ќе го уништат можеби највредното што на Македонија ѝ останало како аманет од предците – ВМРО!

Од една страна, Христијан Мицковски кажува дека тој бил акламативно поддржан од членството на партијата и ќе ја бранел од нападите од другите, „лоши“ вмровци.

Не Христијан, се лажеш самиот себеси! Ти можеби си поддржан акламативно од членовите на органите кои САМИОТ СИ ГИ ПОСТАВИЛ, но тоа е далеку од поддршка од членството. Ако е така, тогаш ќе ги немаше овие „вторите“, од кои не се сите „лоши“, напротив. Некои од нив имаат испишано многу поголемо и позначајно поглавје од тоа што го имаш ти досега во ВМРО-ДПМНЕ. Твојата изјава, сакал ти да признаеш или не, е далеку од вистината. Многу поверојатно е дека немаш потполна поддршка ниту меѓу од тебе поставените и прашање на ден е кога ќе го дознаеш тоа. Веројатно ќе ти биде болно! Нема да ти помогне ниту ако често ги менуваш „сомнителните“ со „лојални“. А ако си толку сигурен дека членството е со тебе и покрај серијата порази кои ги претставуваш како победи, повели, стави ја на проверка таа поддршка. Ќе ги замолчиш тие што те напаѓаат и ќе имаш отворен пат да водиш!

Од друга страна, од Иницијативниот одбор за Вонреден Конгрес, за жал, како да не сакаат да видат дека со нивната акција уште повеќе го поделуваат вмровското ткиво. Не гледаат дека инсистирањето на нов Вонреден Конгрес, верните членови го сметаат за враќање назад и – не го поддржуваат сите! Не треба да биде цел само да се смени актуелното раководство кое не е прифатено од сите, со друго раководство кое пак нема да биде прифатено од сите. И во едниот и во другиот случај, еден значаен дел од гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ во иднина нема да гласа на избори! Голем проблем кај иницијативата е и тоа што, како што изгледа, во кој правец и да се развие постапката, ќе биде оспоруван легитимитетот на секоја одлука и сосема сигурно ќе заврши со судски спор во кој не може да има победник. Такво нешто на ВМРО-ДПМНЕ не му е потребно!

А зар не е тажно и срамно самиот Мицковски да ги поништи делегатите кои го избраа на Конгресот во Валандово и да си постави нови свои, бидејќи без тоа тешко ќе го зачува тронот!?

Зошто повторно со кавги меѓу браќа и сестри, зошто повторно делење? Не ли беше доста, историјата ништо ли не нѐ научи?

ВМРО-ДПМНЕ е врутокот на пра-пораките на нашите предци, громогласното УРА за Победа на националните интереси. Никој нема право да го присвојува за себе, оти ВМРО е отчукувањето на нашите срца вљубени во Македонија! Затоа не смееме да си поигруваме, затоа Партијата треба веднаш да се врати на единствениот вистински сопственик – на членството! Никој нема право да ја презема, да тргува со неа, не смее да се дозволи судови да одлучуваат за тоа чија е партијата! Наша е, нам ни припаѓа, на сите членови на ВМРО-ДПМНЕ!

И, како да го решиме проблемот, како да се обединиме?

Горчлива е вистината, но мораме да признаеме дека и покрај сите лажни обиди да се претстави поинаку, Статутот на ВМРО-ДПМНЕ е крајно недемократски! Проблем е кој е претседател на ВМРО-ДПМНЕ, но проблем е и системот на управување! Нека биде претседател и најголемиот демократ, за една година „владеење“ и него овој систем ќе го расипе. Можноста претседателот, директно или преку органите кои лично тој ги именувал, да ги поставува практично сите во партијата, сигурно води до девијации во управувањето. Претседателите на ОК, членовите на ЦК, претседателите на Униите, Комисиите, членовите на ИК, сите до еден, се поставени во постапка контролирана од еден човек – претседателот на партијата! За каква самоконтрола и одговорност може да се зборува при таква состојба? Еден таков недемократски систем кој фаворизира негативна селекција ја сруши и продолжува и понатаму да ја руши најсилната партија во Македонија, не застанува…

Затоа, последен момент е да се каже – ДОСТА Е!

Време е ВМРО-ДПМНЕ вистински да се демократизира за со гордост да го носи тоа „Д“ во името! Време е членството да ги избира своите водачи на сите нивои а не некој „од горе“ да му ги поставувава! Време е секој член да почне да ја чувствува партијата како своја, блиска, а не оттуѓена! Време е да исполни тоа што членството НАВИСТИНА ГО БАРА И ПОСАКУВА!

Со овој Повик, бараме ЦК итно да формира координативна група за изработка на нов Статут и спроведување внатрепартиски избори. Во координативната група да бидат вклучени лица кои, пред сѐ, добро ја познаваат партијата и нејзиното функционирање, како и спецификите на членството во различните средини. Во новиот Статут да се предвиди формирање на Собрание на ОК како орган кој е составен од делегати од Комитетите на избирачки места, избрани непосредно од членовите во КИМ, со тајно гласање. Улогата на Собранието би била ДА ГО ИЗБИРА претседателот на ОК, да избира дополнителни членови на ЦК кај поголемите општински комитети, да ИЗБИРА кандидати за градоначалници и делегати за Конгрес, да ја составува кандидатската листа за советници и да предлага кандидати за пратеници. На тој начин, сите избори на функционери од ОК да се вршат во самиот ОК, без мешање „од горе“! Во иднина ЦК да биде составен само од членови избрани во демократска постапка кои за своите одлуки директна одговорност ќе имаат кон телото што ги избрало и кое единствено може да ги отповика, а со мандат додека им трае функцијата поради која станале членови на ЦК!

Во рок од 15 дена, ЦК да го усвои новиот Статут и истиот ден да почне неговата имплементација, поточно да почнат општи внатрепартиски избори кои ќе резултираат со избор на претседатели на сите ОК, а со тоа и формирање на нов ЦК.

На овие општи избори би биле повикани да учествуваат и сите кои некогаш биле членови на ВМРО-ДПМНЕ и кои сакаат да продолжат да членуваат во партијата, од која, од кои било причини, можеби се оддалечиле. На секој треба да му се даде рамноправна шанса и секој би можел да учествува. САМО ТАКА ПАРТИЈАТА ЌЕ СЕ ОБЕДИНИ, никако поинаку! Да се вратат сите вмровци во ВМРО-ДПМНЕ и да се врати ВМРО-ДПМНЕ на вмровците, тоа е единственото исправно решение!

Новиот ЦК да донесе одлука за одржување нов РЕДОВЕН Конгрес, а Собранијата на ОК да ги изберат делегатите за истиот. Делегатите на овој Конгрес би биле избрани од базата, без да бидат селектирани по некој клуч кој би ја фаворизирал која било група или кандидат! Тоа би гарантирало дека на Конгресот ќе биде избран НАЈДОБРИОТ кандидат, тој што навистина ја има поддршката од сите во Партијата. И тој навистина би имал легитимитет да ВОДИ! Сите оние кои би биле кандидати и не победиле, но освоиле значителен дел од гласовите на делегатите, би биле исто така големо богатство и потпора за партијата и би биле сериозен фактор во идното обединето делување.

Целата оваа постапка, од формирањето на Координативната група до одржувањето на новиот Конгрес, би траела 4-5 месеци. Но после тие максимум 5 месеци, со големо задоволство би можеле да кажеме дека ја имаме навистина најдемократската партија, со демократски избран лидер, без дамки во процедурата, во постапка чиста како солза!

Христијан Мицковски може да избере кога би си дал оставка, а најдобро е тоа да го направи веднаш, на почетокот на процесот. И доколку во својата фантазија сѐуште верува дека заслужува да биде претседател, нека витешки конкурира заедно со останатите кандидати и нека се бори машки, без привилегии!

Ова барање не фаворизира никој, ова барање е тоа што членството го посакува со години наназад. Ако Мицковски навистина ја сака партијата, не смее да дозволи таа и понатаму да се осипува, мора да направи чекор за сопирање на падот и да прифати трансформација на ВМРО-ДПМНЕ. Ако пак одбие, тогаш конечно ќе потврди дека нему му е важно само на сила да ја држи лидерската позиција, по цена и Партијата да пропадне. Или, не сакаме да веруваме во тоа, токму тоа и му е намерата! Но мора да биде свесен дека, порано или подоцна, на крај секако ќе биде сменет и нема да биде запаметен по добро од членовите на ВМРО-ДПМНЕ. А тоа не е добра етикета.

Ги повикуваме и членовите кои се во раководните органи кои ги поставил Мицковски, реално да ја согледаат состојбата и самите да се прашаат, дали навистина сакаат да учествуваат во процесот на разградување на ВМРО-ДПМНЕ и во историјата да бидат запишани дека биле на погрешната страна, или пак, ќе соберат храброст и ќе ја поддржат вистината? Ќе бидат добредојдени бидејќи меѓу нив има квалитетни кадри, дури и со лидерски потенцијал, а на партијата СЕКОЈ и е потребен!

И на крајот, најважно е да се обединиме! ВМРО е љубов, единствена, највпечатлива, неодгатната, вулканска! Сетете се на големите ПОБЕДИ! Тие сѐуште ни ги држат очите отворени!

„Македонци, вие не сте само херои, туку и светци. За вас, сите жртви се заслужени.“

– Иван Хаџи Николов, основач на македонската револуционерна организација

Група од повеќе од 300 истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ, поранешни функционери – пратеници, членови на ЦК и ИК, претседатели на ОК, градоначалници, претседавачи на Совети, советници … во име на огромно мнозинство од членовите на Партијата!

Имињата намерно не се објавени за да не започне коментирање за поединците и да се оттргне вниманието од суштината на Повикот. Не е важно КОЈ го напишал текстот, може да биде СЕКОЈ, затоа што сите искрени членови на ВМРО-ДПМНЕ го мислат истото, но се воздржуваат да го кажат. Кога ќе почнат отворено да зборуваат, ќе се препознаат… и списокот нема да содржи 300 имиња, туку илјадници!

Зошто аптеките молчат? Простатитисот може да го лекувате дома со евтин производ.

loading...

AniWatch watch anime dub: Attack on Titan Season 2 (Dub) (https://aniwatch.pro/m/zQNM) Episode 12

4Anime sword art online 4anime: Watch Black Clover Episode 134