РСБСП со апел до матурантите: Прославите нека поминат без сообраќајни инциденти
РСБСП со апел до матурантите: Прославите нека поминат без сообраќајни инциденти
БРЗАТА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ПОЖАРНИКАРИТЕ СПРЕЧИЛА КАТАСТРОФА: Седумдесетина луѓе повредени во вчерашниот пожар во хотелот „Буши”
БРЗАТА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ПОЖАРНИКАРИТЕ СПРЕЧИЛА КАТАСТРОФА: Седумдесетина луѓе повредени во вчерашниот пожар во хотелот „Буши”
Продолжува реконструкцијата на пешачката патека на улица Љубљанска во општина Карпош
Продолжува реконструкцијата на пешачката патека на улица Љубљанска во општина Карпош
За инвестиции во „капка по капка“ и бунари ќе бидат склучени 322 договора вредни 75 милиони денари
За инвестиции во „капка по капка“ и бунари ќе бидат склучени 322 договора вредни 75 милиони денари
ЧОВЕКОТ ШТО ЈА НАМАЛИ ЦЕНАТА НА КОМПЈУТЕРИТЕ ОД 100 000 ДОЛАРИ НА 100 ДОЛАРИ ЗА ШИРОКИТЕ НАРОДНИ МАСИ ДА ИМААТ ПРИСТАП ДО КОМПЈУТЕР, СЕГА Е ЖРТВА НА ТИЕ ПРОСТИ НАРОДНИ МАСИ - Бил Гејтс: Лудо е да се каже дека мојата улога во пандемијата е злокобна!

Манчестер сити во драматична завршница ја одбрани титулата во Англија
Манчестер сити во драматична завршница ја одбрани титулата во Англија
ССМ бара итна средба со Владата, во ребалансот не гледаат пари за зголемување на платите од 2806 денари
ССМ бара итна средба со Владата, во ребалансот не гледаат пари за зголемување на платите од 2806 денари
КОСТАДИНОВ ВО КОЛУМНА ЗА ФОКУС: СТОП ЗА ГОВОРОТ НА ОМРАЗА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ И НА ПОРТАЛИТЕ
КОСТАДИНОВ ВО КОЛУМНА ЗА ФОКУС: СТОП ЗА ГОВОРОТ НА ОМРАЗА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ И НА ПОРТАЛИТЕ

Радев: Пристапот на Владата кон Северна Македонија треба да се поддржи

Правата на македонските Бугари, од кои многумина се и бугарски државјани, треба да бидат загарантирани со впишување во Уставот на државата паралелно со другите делови од народите. Тој акт заедно со механизмите за искоренување на говор на омраза и зачувување на бугарското културно и историско наследство треба да биде услов нашата согласност почеток на преговорите со ЕУ, порача бугарскиот претседател во годишното обраќање во Собранието, нагласувајќи дека тоа е негов личен став

Консултативниот совет за национална безбедност на неодамнешното заседание што го свика Радев донесе заклучоци во кои се споменуваат правата на македонските Бугари, но не и нивно вметнување во Уставот на РСМ како услов за кревање на ветото од Бугарија
Предложениот пристап од Владата кон нашите соседи има потенцијал да го динамизира дијалогот и треба да биде поддржан, оцени денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев, во годишното обраќање во Народното собрание, во делот за односите со Северна Македонија.

Тој рече дека постои консензус меѓу институциите за позициите утврдени во Декларацијата од Собранието за зачувување на бугарските национални интереси и позиции.

„Кога дојде до застој во исполнувањето на Договорот од 2017 година свикав средба наспроти тензичните однои со владата и постигнавме консензус за разработка на Рамковната позиција прифатена со Декларација на Собранието, со прецизирање и утврдување на бугарските интереси и позиции. Задоволен сум од фактот дека наспроти длабоките политички промени од тогаш, после Консултативниот совет на национална безбедност демонстираравме единство и последователна конструктивност по оваа важна тема. Предложениот пристап од Владата кон нашите соседи има потенцијал да го динамизира дијалогот и треба да биде поддржан“, рече Радев.

Но, тој порача дека ваквиот пристап, како што рече, не треба да ги стави во втор план проблемите за правата на „нашите сонародници и заедничкото историско-културно минато“.

„Сакам да бидам правилно разбран: Јас сум меѓу политичарите кои посакуваат РСМ да стане членка на ЕУ. Токму затоа треба да им помогнеме на нашите соседи да ги надминат идеологизмите од тоталитарното минато и да ги исполнат критериумите за членство. Како одговорна членка на ЕУ, Бугарија треба да интегрира во него партнери, а не проблеми“, рече Радев во говорот.

Тој ја повтори, како што рече, својата позиција за промена на Уставот на РСМ како услов за кревање на ветото во ЕУ.

„Ќе го потврдам мојот став како претседател на сите Бугари дека рамноправноста на македонските Бугари, од кои многумина се бугарски државјани, мора да биде загарантирана со нивно вклучување во Уставот на земјата на еднаква основа со другите делови од народи. Овој чин, заедно со усвојувањето на сигурни механизми за искоренување на говорот на омраза и зачувување на бугарското културно и историско наследство, треба да биде предуслов за нашата согласност за почеток на преговорите за членство“, порача бугарскиот претседател.

Консултативниот совет за национална безбедност, на неодамнешното заседание што го свика Радев, донесе заклучоци во кои се споменуваат правата на македонските Бугари, но не и нивно вметнување во Уставот на РСМ како услов за кревање на ветото од Бугарија.

loading...

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

watch anime AniWatch Gintama

SK8 the Infinity Episode 4

AniWatch The Rising of the Shield Hero (Dub) Episode 21

AniWatch JUJUTSU KAISEN (Dub)

AniWatch 6 LOVERS Episode 1