Бочварски: Семејството на Верица Белчовска која спаси 4 животи ќе добие стан во Струмица
Бочварски: Семејството на Верица Белчовска која спаси 4 животи ќе добие стан во Струмица
Шекеринска одржа предавање на Одбранбениот колеџ на НАТО во Рим: Ги делиме евроатлантските вредности, се адаптираме на промените, ја штитиме колективната безбедност
Шекеринска одржа предавање на Одбранбениот колеџ на НАТО во Рим: Ги делиме евроатлантските вредности, се адаптираме на промените, ја штитиме колективната безбедност
ОВИЕ ЛУЃЕ ВРАБОТУВААТ ДЕСЕТИЦИ ИЉАДИ НАРОД: Стопанската Комора ги избра замениците претседатели и потпретседатели на седницата на собранието
ОВИЕ ЛУЃЕ ВРАБОТУВААТ ДЕСЕТИЦИ ИЉАДИ НАРОД: Стопанската Комора ги избра замениците претседатели и потпретседатели на седницата на собранието
Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Северна Македонија
Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Северна Македонија
Русковска: Не е работа на Мицкоски и Пендаровски да коментираат судски одлуки, така се врши притисок
Русковска: Не е работа на Мицкоски и Пендаровски да коментираат судски одлуки, така се врши притисок
Премиерот Зоран Заев в понеделник на средба со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен
Премиерот Зоран Заев в понеделник на средба со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен
Бислимоски: Скопјани може да очекуваат поевтино парно греење во следната грејна сезона
Бислимоски: Скопјани може да очекуваат поевтино парно греење во следната грејна сезона
Растот на извозот од 7,8 отсто е потврда за успешноста на економските мерки на Владата предводена од СДСМ
Растот на извозот од 7,8 отсто е потврда за успешноста на економските мерки на Владата предводена од СДСМ

РАДМИЛА: ОПОЗИЦИЈАТА Е АПСУРДНА, ПРВО НЕ ОБВИНУВАА ДЕКА НЕ СМЕ БИЛЕ ДОВОЛНО АКТИВНИ ОКОЛУ ВАКЦИНИТЕ, СЕГА НЕ ОБВИНУВААТ ЗОШТО СМЕ КОРИСТЕЛЕ СЕКАКВИ МОЖНИ КАНАЛИ ДА ДОНЕСЕМЕ ВАКЦИНИ?!?!

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска во интервју за емисијата „Трилинг“ на телевизија 24 Вести ги отфрли шпекулациите дека Владата отворила офшор фирма за набавка на вакцини.

Таа нагласи дела „ако некој сакал да води бизнис, тој и ќе се случел“, потенцирајќи дека целта на Владата била да ги искористи сите канали за да обезбеди што е можно побрзо вакцини.

– Навистина не знам од каде ви е информацијата дека Владата отворила офшор фирма. Се работи или за лага или за импровизација од неверојатни размери. Нашата цел беше да обезбедиме вакцини час поскоро и во моментот кога стана јасно дека Ковакс механизмот потфрли, заради тоа што побарувачката во светот е преголема, а производството ограничено, кога стана јасно дека не можеме да се потпреме на тоа што беше договорено, ние рековме дека бараме од сите производители и од сите земји кои произведуваат вакцини, шанса да ја набавиме, рече Шекеринска.

Водејќи се од тоа дека со вакцините не треба да се води политика, Владата, рече Шекеринска, потпиша договор за набавка на вакцини од западно производство, како што е „Фајзер“, но истото го направи и за кинеските и руските вакцини.

– Сите оние коишто дојдоа и рекоа можеме да ги обезбедиме, сакавме да најдеме шанса што е можно порано да ја имаме вакцината, нагласи Шекеринска.

За капарот што бил даден за кинеската вакцина, кој потоа беше вратен, Шекеринска рече дека ниту една вакцина не може да се добие ако претходно не биде платена.

– Причината поради која САД денес имаат многу повеќе вакцини од, на пример ЕУ, е заради тоа што веднаш направија нарачки и платија за вакцините пред тие и да бидат произведени. И затоа апсолутно голем дел од земјите се во избор дали да влезат и да платат или ако не платат нема да добијат вакцини. Така што, ние дури после кога ја имавме дополнителната можност да одиме и директно со кинеската фирма од којашто, колку што се сеќавам во прв момент немаше никаква повратна информација, го склучивме и тој договор и ќе добиевме таква вакцина. Но, ова покажува колку е ризично кога брзате затоа што тогаш ќе бидете обвинети дека сте влегле во ризик, рече Шекеринска, оградувајќи се да навлегува во детали оти како што рече таа е министер за одбрана, а прашањата треба да се упатат до другите министри или премиерот.

Таа потенцира дека биле искористени сите канали за да се набават вакцини оти ситуацијата е таква што не може да се чека, туку мора да се бара опција.

Околу набавката на руска вакцина, Шекеринска рече дека уште на самиот почеток Владата кажала оти со вакцините нема да тера политика.

– Ќе се трудиме да набавиме вакцини ама ќе се трудиме и да го почитуваме законот. Вие знаете какви се нашите закони и знаете дека за да внесете одредени апарати треба да одите низ процедура и на нивно одобрување и на нивно тестирање и јасно е дека и светот ги забрза тие процедури, но ние не можеме да ги прескокнеме тие процедури. Затоа мислам дека наместо фокусот да ни биде да најдеме најдобро, најбрзо и најсигурно, мислам дека сега притисокот којшто се врши врз различни луѓе кои ќе носат одлуки е дека што и да направат ќе бидат под критика на јавноста, смета Шекеринска.

Таа потенцира дека набавката со вакцини е светски проблем и оти не треба да се очекува дека Северна Македонија со помалку од два милиони жители да добие некаква предност во снабдувањето со вакцини во однос на држави десетпати поголеми од нас.

Министерката за одбрана не смета дека треба да се бара кривична одговорност околу набавката на кинеската вакцина од „Синофарм“.

– За што да се бара кривична одговорност?! Дали се дадени пари? Ако интересот бил бизнис, тој ќе се случел. Или сега треба некој, или Владата или поединци да бидат виновни затоа што се труделе да чукнат на различни врати, да побараат и да донесат и да обезбедат вакцини. Ако има каков било сомнеж или доказ дајте да зборуваме за тоа. А ако нема, немојте една важна операција од којшто ни зависи економија, егзистенција и отвореност на нашите гаранции, да не ја фрламе во ѓубрето на меѓусебни обвинувања и вака фрлање на дезинформации или лаги со една леснотија, подвлече Шекеринска, потенцирајќи дека Владата биле отворена и транспарентна за време на пандемијата и околу набавките на вакцини.

loading...

KissAnime kissanime my hero: The Rising of the Shield Hero Season 2 Episode 1-Preview

4Anime 4anime official site: Gintama (https://4anime.biz/m/vyJ) Episode 201