Со нетрпение ги очекуваме припадниците на 15. инженериски баталјон од американските сили во Европа кои наскоро ќе пристигнат на Криволак и заедно со нашите инжинерци ќе работат на изградба и дополнување на инфраструктурата на полигонот во пресрет на заедничката вежба Одлучен удар 21. Ми беше драго што денеска чув иста решеност и иста верба дека концептот за вежбата што заеднички го развиваме веќе подолго време, ќе се реализира.
