Касами: Да бидам искрен, очекувам гласови од СДСМ
Касами: Да бидам искрен, очекувам гласови од СДСМ
(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО: ВО ФИНСКА СИТЕ ВОЗАТ ТОЧАК ЗИМЕ НА СНЕГ, ОД ДЕЦА ДО ПЕНЗИОНЕРИ!
(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО: ВО ФИНСКА СИТЕ ВОЗАТ ТОЧАК ЗИМЕ НА СНЕГ, ОД ДЕЦА ДО ПЕНЗИОНЕРИ!
Шилегов: нема да има кафуле на падините на Водно
Шилегов: нема да има кафуле на падините на Водно
Османи повика Албанците и сите други граѓани да гласаат за Шилегов
Османи повика Албанците и сите други граѓани да гласаат за Шилегов
Заев пред вториот изборен круг за Тетово: Нашите поддржувачи сами ќе одлучат кого ќе поддржат
Заев пред вториот изборен круг за Тетово: Нашите поддржувачи сами ќе одлучат кого ќе поддржат
БЕСА и ДПА: Владината коалиција е стабилна
БЕСА и ДПА: Владината коалиција е стабилна
ЗАЕВ: АКО ГРАЃАНИТЕ ОДЛУЧАТ ВМРО ДПМНЕ ДА ГИ ВОДИ СКОПЈЕ И ПОВЕЌЕТО ОПШТИНИ ВО ЗЕМЈАВА, ЈАС ЌЕ СИ ДАДАМ ОСТАВКА И ВО ВЛАДА И ВО СДСМ!
ЗАЕВ: АКО ГРАЃАНИТЕ ОДЛУЧАТ ВМРО ДПМНЕ ДА ГИ ВОДИ СКОПЈЕ И ПОВЕЌЕТО ОПШТИНИ ВО ЗЕМЈАВА, ЈАС ЌЕ СИ ДАДАМ ОСТАВКА И ВО ВЛАДА И ВО СДСМ!
ШОКАНТНО: ЖИТЕЛИ НА СЕЛО РИЛЕВО, ОПШТИНА ДОЛНЕНИ, ОСТАВЕНИ БЕЗ ВОДА ВО 21-ВИ ВЕК!
ШОКАНТНО: ЖИТЕЛИ НА СЕЛО РИЛЕВО, ОПШТИНА ДОЛНЕНИ, ОСТАВЕНИ БЕЗ ВОДА ВО 21-ВИ ВЕК!

Радовановиќ: DreamLux e естетски, функционален и автентичен објект што ја достигнува визијата на современо урбано живеење

Лина Радовановиќ е млад архитект, која што своите архитектонски решенија ги влече од синергијата на стекнатото образование, искуството, светските трендови и локалните потреби со печат на автентичноста. Како архитект во семејното студио Радо инженеринг и потписник на забележителни проекти во Скопје но и пошироко, разговараме затоа кои и какви се проблемите на урбано Скопје, што е мисијата на архитектурата, што се нуди во новите современи станбени објекти а кои се потребите на модерниот начин на живот. Прво за тоа што архитектурата треба да понуди и каде е нејзината моќ.

„Улогата на архитектурата е да слави. Таму каде што нема што да се слави, нема ни архитектура“, смета Лудвиг Вингенштајн. Архитектурата отсекогаш служела за конкретизирање на просторот на одредена идеологија, волја или едноставно моќ.

Каква е вашата визија за изгледот на Скопје? Кој е вашиот омилен град во поглед на архитектура, омилен објект?

Радовановиќ: Скопје е модерен град, но пренаселен во последните години. Старите скопјани често ќе речат дека модерните градби ја променија автентичноста на градот. Сметам дека треба да се стави ред во изградбата и да се запазат стандардите кај инвеститорите. Особено треба да се внимава на зелените површини и надлежните да не дозволат буквално на секој парк да никне зграда. Во мојата визија Скопје го гледам како град со многу повеќе зелени површини, сообраќај планиран на начин што ќе обезбеди одржлива урбана мобилност и инфраструктура која ќе биде целосно во функција на обезбедувањето чиста и здрава животна средина. Секој град има свој белег и историја, а секое патување носи свое искуство и визија. Сум посетила многу градови, Дубаи би го издвоила од аспект на модерна архитектура и на брз развој. Берлин за мене е еден од оние градови, кои откако ќе ги посетиш долго време се сместуваат некаде во потсвеста заради архитектурата. Според податоците, околу една третина од територијата на градот ја сочинуваат шуми, паркови, градини, реки и езера. Истанбул би го издвоила од аспект на различните култури втемелени во Европскиот и Азискиот дел на градот. Зачувани се значајни стари градби, но интензивно се градат и нови модерни изданија.

Како фирма се потпишувате позади голем број познати објекти низ Скопје, врз што се темели вашата автентичност и печат?

Радовановиќ: Заедно со тимот од Радо инженеринг имаме ставено потпис на исклучително портфолио проекти во нашиот град и пошироко. Нашата филозофија врз која работиме се базира на создавање производ, објект или ентериер што ќе бидат прилагодени на потребите на инвеститорот. Да, секако дека приоритетно се раководиме од потребите на клиентите, намената и функцијата на објектот, но притоа додаваме компонента што секој објект го издвојува како уникатен. Знаете, и каменот добива живот кога ќе му дадете употребна вредност и функција. И токму тоа е филозофијата на нашата работа – давање смисла и функција и на она што навидум не е живот, и оттаму започнувада се создава комплетната и уникатна приказна.

Радо инженеринг е семејна компанија, но со широк спектар компетентности, што покриваат вашите услуги?

Радовановиќ: Точно, станува збор за семејна компанија, основана од моите родители и во текот на 20 годишното постоење фирмата се проширува. Денеска тимот на Радо инженеринг го сочинуваат 10 архитекти и стручни експерти од индустријата. Компанијата е специјализирана за дизајн, градежништво, инженеринг и консалтинг и со внимателно и прецизно таргетиран тим за секоја област. Дел од нашиот тим е задолжен да го предводи сегментот на големи проекти, деловни објекти и објекти за станбено домување, како што се Спортскиот комплекс Јане Сандански, бизнис центарот и комплексот за домување Соравија, Центро Унион и новиот комплекс DreamLux. Во исто време се грижиме за модерен дизајн на луксузни приватни куќи и располагаме со огромно искуство за ентериери, почнувајќи од нашите нови деловни простори, па се до повеќе од 120 ентериерни проекти што може да се видат низ целата држава и секако на нашата веб страница.

Вашата професија како архитект во современо Скопје, несомнено ви дава многу секојдневни главоболки при изработка на проектите. Што е тоа на кое најмногу му се радувате, а каде трошите најголем дел од енергијата?

Радовановиќ: Да се биде архитект во ова современо време, значи голема обврска и одговорност пред самата себе, но и пред клиентите. Како човек сум перфекционист и затоа при изработка на проектите се посветувам целосно и со голема концентрација. Како креативец и професионалец во работата, секој нов проект за мене е нов предизвик, во кој приоритет се квалитетот и оригиналниот изглед. Се ова бара време и многу енергија, која ја црпам од честите патувања во странство. Таму стекнувам нови искуства, но добивам и инспирација за нови проекти и идејни решенија во нашиот град. Уживам во доброто кафе и ручек со пријателите, а по напорниот ден се релаксирам со физичка активност. Се радувам на мали нешта, но и на големи успешно завршени проекти.

Како архитект од скопски Радо инженеринг, голем дел од заслугата за проектот DreamLux на Би Холдинг ви припаѓа токму вам. Кој беше најголемиот предизвик во процесот?

Радовановиќ: Зад секое убаво дело, стои уште подобар тим. Идејата на Би Холдинг беше да се создаде објект кој што се истакнува со автентичност, функционалност и естетика. Уште при првата замисла, целта ни беше овој објект да отскокнува и да даде визија за една друга урбана слика, односно слика на современ град, каде станбеното живеење е во хармонија со потребите на индивидуата и семејството. Спојувањето на сето тоа го даде DreamLux.

Што ќе претставува DreamLux за Скопје?

Радовановиќ:Комплексот DreamLux претставува елегантна, луксузна композиција, која што дава модерен изглед на целата околина. Посебно внимание се обрна на надворешниот изглед на зградата. Сакавме да направиме уникатен објект, што ќе отскокне од она што се гради во Скопје.

Кои се основните предности што DreamLux ги нуди во сегментот на недвижнини во Скопје?

Радовановиќ: Основната предност е локацијата, во населбата Тафталиџе во Скопје. Местоположбата е идеална од аспект на урбанизам и достапност до сите потребни содржини за модерно живеење. Во близина има училишта, градинки, болници, ланци на маркети, спортски центри. Покрај големата површина зеленило што ќе биде дел од комплексот, DreamLux е направен по сите светски стандарди во архитектурата и градежништвото, со цел да се задоволат сите потреби за удобност на идните станари. Би Холдинг не штедеше во изборот на квалитетни материјали, запазувајќи ги притоа сите високи светски стандарди и внесувајќи посебни детали во дизајнот на ентериерот. Комплексот е енергетски ефикасен објект од класа А. Предноста што Dreamlux ја нуди е комфорноста на становите. Интересот е голем и за клиентите кои имаат потреба од удобност, но и оние кои сакаат практичен дом. Комплексот располага со станови од 30 до 140 м2. Во дел од станбените единици предвидено е и утилити – просторија која што е од огромно значење за флексибилноста и комфорот во домот, а во последните години некако се заборави, на сметка на заштеда на простор во становите. Следејќи ги модерните трендови, во дел од родителските соби има и сопствена бања. Становите се барани, бидејќи граѓаните знаат да препознаат квалитет и модерен изглед.

Кога можеме да се очекува првото вселување во комплексот?

Радовановиќ: Во DreamLux интензивно се гради. На терен работите се одвиваат согласно планираната динамика. Првите станари ги очекуваме летото 2021 година.

loading...

AnimeDao Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Kiss wa Hitomi ni Shite (https://aniwatch.pro/m/4dmy) Episode Full

AnimeHeaven: Yes ka no ka hanbunka anime episode Full online free at https://animeheaven.pro sites like animeheaven

Watch Sword Art Online the Movie -Ordinal Scale- (Dub) Episode Full

Codechef: https://www.codechef.com/users/animefreakws

Issuu: https://issuu.com/gogoanimebe