РУСИТЕ ТОТАЛНО ОДЛЕПИЛЕ: БАРААТ НАТО ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД БУГАРИЈА И РОМАНИЈА, ИТНА СЕДНИЦА НА БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, ШПАНИЈА ПОНУДИ ДА ПРАТИ АВИОНИ ВО БУГАРИЈА
РУСИТЕ ТОТАЛНО ОДЛЕПИЛЕ: БАРААТ НАТО ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД БУГАРИЈА И РОМАНИЈА, ИТНА СЕДНИЦА НА БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, ШПАНИЈА ПОНУДИ ДА ПРАТИ АВИОНИ ВО БУГАРИЈА
(ВИДЕО) БРАВО - Ковачевски - Азески: Комората ќе ја повлече иницијативата пред Уставниот суд, ќе се најдат решенија за предизвиците околу недела неработен ден - се засилува дијалогот меѓу Владата и деловната заедница во интерес на економскиот раст
(ВИДЕО) БРАВО - Ковачевски - Азески: Комората ќе ја повлече иницијативата пред Уставниот суд, ќе се најдат решенија за предизвиците околу недела неработен ден - се засилува дијалогот меѓу Владата и деловната заедница во интерес на економскиот раст
ВО ПОНЕДЕЛНИК ЗАПОЧНУВА ВТОРАТА ЗИМСКА ШКОЛА НА МСМЈЛК ПРИ УКИМ – НАЈАВЕНО УЧЕСТВО НА НАД 40 СТРАНСКИ МАКЕДОНИСТИ И СЛАВИСТИ ОД СЕДУМНАЕСЕТ ЗЕМЈИ
ВО ПОНЕДЕЛНИК ЗАПОЧНУВА ВТОРАТА ЗИМСКА ШКОЛА НА МСМЈЛК ПРИ УКИМ – НАЈАВЕНО УЧЕСТВО НА НАД 40 СТРАНСКИ МАКЕДОНИСТИ И СЛАВИСТИ ОД СЕДУМНАЕСЕТ ЗЕМЈИ
Папа Франциск: Продолжуваме со својата посветеност да обезбедиме правда за жртвите злоставувани од нашите членови
Папа Франциск: Продолжуваме со својата посветеност да обезбедиме правда за жртвите злоставувани од нашите членови
ВО КАВАДАРЦИ СЕ РАБОТИ: Во тек е изградбата на фекална и атмосферска канализација, како и водоводна мрежа на ул. Ѓорѓи Соколов во должина од 500 метри
ВО КАВАДАРЦИ СЕ РАБОТИ: Во тек е изградбата на фекална и атмосферска канализација, како и водоводна мрежа на ул. Ѓорѓи Соколов во должина од 500 метри
ОЈО нареди вештачење на примероци од крв и урина на возачот што синоќа ја усмрти 24-годишната девојка кај „Сити мол“
ОЈО нареди вештачење на примероци од крв и урина на возачот што синоќа ја усмрти 24-годишната девојка кај „Сити мол“
ВИСОКО-ТЕХНОЛОШКИ ПОГОН НА СИТЕ 4 ТРКАЛА КАЈ OPEL GRANDLAND HYBRID4, OPEL INSIGNIA И OPEL INSIGNIA GSI
ВИСОКО-ТЕХНОЛОШКИ ПОГОН НА СИТЕ 4 ТРКАЛА КАЈ OPEL GRANDLAND HYBRID4, OPEL INSIGNIA И OPEL INSIGNIA GSI
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: НЕУСПЕШЕН ОБИД НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ПОЛИТИЧКА ДИСКРЕДИТАЦИЈА
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: НЕУСПЕШЕН ОБИД НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ПОЛИТИЧКА ДИСКРЕДИТАЦИЈА

РАЗЛИКАТА МЕЃУ ГРУЕВИЗМОТ И ЗАЕВИЗМОТ Е КАКО РАЗЛИКА МЕЃУ ЈУГО 45 И ГОЛФ 4-КА!

Оние грешници како мене што пораснавме со Југо 45 како семејно возило знаат колку е тежок и нефер животот.

Особено па во мое Кратово да имаш Југо 45 е како божја казна затоа што од стартните 45 коњски сили после 5-10 години во него остануваа едвај 20 коња и тоа сите настинати или загладени или со по една нога скршена… Па да го пентариш тоа југо кратовските ридови беше навистина една трагедија и комедија. Речиси на секој рид татко ни не тераше сите да излеземе од колата и да гураме.

Епа сега од нашето село Шопско Рударе каде имаа имот моите дедо и баба, до градот Кратово има едно 5 сериозни ридови значи 5 пати гуравме одевме пешки иако бевме цркнати уморени од цел ден работа по нивите околу тоа стоката и целата таа селска приказна кој знае, знае дека на село од сабајле до вечер не се застанува и цело време нешто влечеш, гураш, носиш на грб, теглиш, копаш, лупаш, тркалаш, значи губиш во просек едно 100 000 калории и плус на крај на денот некој те тера да гураш Југо 45 скапано издувано по ридови, и тоа товарено Југо со разни вреќи жито, зеленчук, млеко, сирење, некогаш и дрва…

Овој хорор филм ме асоцира перфектно на власта на ВМРО ДПМНЕ за време 12 години режим. Споредбата со Југо 45 е тотално на место.

А власта на СДСМ според мене е на нивото на Голф 4. Кој возел Голф 4 знае какви коли се тоа, особено споредено со скапаните смешни југовци…

Голфот кога ќе нагазиш на педалата на гас наместо да се мисли, почнува да иде напред брзо па дури и по ридови, што за нас во Кратово беше безмалку културен шок!!!

Одма сите во тек на неколку години се снабдија со вакви коли од голф 3 до голф 4 преку аудија и пасати сите со истиот легендарен мотор, ТДИ 1.9 со 110 коња, мотор кој ако го пратиш во вселената со редовно подмачкување може да стигне до друга ѕвезда или пак може да најде друга цивилизација… Добро од тие 110 коња беа останати само 80 ама коњи кои ржат и влечат како луди!

Па стававме куќи на голфовите па закачувавме приколици па во нив влечевме свињи, дрва, вреќи со грозје, вреќи со ѓубре, вреќи со компири, кози и овци на пазар абе тоа беше револуција човече за Кратово! Пркна селото, пркна градот! Се одеше брзо кога ќе тргнеш некаде знаеш ќе стигнеш и тоа брзо?!?! Па дури за прв пат со кола некој успеа да се искачи во горно кратовските села, едно 20 села каде порано беа достапни само со магариња и коњи, но со овие голфови можеше конечно да се донесат и вкусните планински компири без да мора цел ден да се дрнкаш со трактор…

Почнаа луѓето редовно да одат и на гости во околните градови затоа што со Југо 45 да идеш на гости до Пробиштип или па не дај боже до Штип или Скопје беше рамно на идење на аџилак во Мека и Медина. Без клима без парно без радио безмалку и без мотор, со пола мотор, кочници која кочи која неќе да чуе, волан без серво, ауспух секогаш се влече по асфалт затоа што како да беше направен од хартија и за неколку години пола се распаѓаше од чадот и рѓата… И што е најтажно, секогаш Југото беше клекнато позади заради уништени амортизери, па колата беше крената напред и не влечеше ич затоа што имаше предна вуча а гумите не можеа да направат грип на патот затоа што предницата висеше во воздух… Па така одењето на гости со Југо 45 беше вистинска драма, не знаеш дали ќе стигнеш и дали ќе се вратиш назад…

Значи се согласуваме сите дека голфот беше вистинска револуција. Е сега дали е тоа возило без маани? Секако дека не, брчи гласно како трактор, чури и смрди на дизел, и внатре и надвор, климата некогаш знае да откаже, турбото некогаш треба да се штелува, некое црево знаеше да се скине, нешто од електрониката можеше да рокне итн итн… Но тоа е П.. Д.. во споредба со старото озлогласено Југо, тоа е како да бараш влакно во јајцето, треба да си луд да сакаш да смениш Голф 4-ка со Југо 45-ка. И токму тоа не убедуваат ВМРОНИТЕ овие денови!

Е сега ВМРО ДПМНЕ и нивните медиски куртони 24/7 се обидуваат да не убедат дека голфот бил Југо и обратно Југото било Голф, иако сите што сме со малку памет добро гледаме и знаеме што имаме пред нас. Треба да си мутав за да паднеш на манипулациите и да дозволиш да те убедат вмровските куртони дека Груевизмот бил Голф а Заевизмот бил Југо 45.

Сите се сеќаваме добро на тој систем на диктатурата на цензурата на судските местенки на бројните скандали кои беа туркани под тепих и криени од народот, богатењето на братучедите кои од клошари станаа балкански олигарси и на ВМРО ДПМНЕ која од селска партија на небањати во жолта куќичка стана најбогата партија во Европа со седиште во Бел Дворец полн со скап паркет скапи лустери и скапи големи ЛЦД дисплеи кои чинат милиони евра…

Оваа власт владее транспарентно, има одговорност за скандалите, судовите работат силно против мафијата, има слобода има демократија има поголеми плати има подвиг напред во енергетиката и инфраструктурата, нема веќе меѓуетнички тензии… Дали може подобро? Секако, оваа власт треба да ги доврши почнатите автопати, да донесе уште повеќе странски инвестиции, да не качи на скалите на борба против корупција, да не качи на скалите на Амнести Интернационал каде повеќе се заштитени Ромите и ЛГБТ заедницата, да се доврши реформата во судството, да се намали администрацијата, да се подобро екологијата каде сепак има чекор напред, да го откочи патот кон ЕУ и да го заврши тој процес итн итн…

Но ако немаше проблеми, немаше да има потреба и од влада зарем не? Но дека има разлика има, реков како меѓу Југо 45-ка и Голф 4-ка, бараме понатаму СДСМ да се подобри и да дојде на ниво на Голф 5-ка, па 6-ка и така натаму, верувам дека можат.

loading...

https://44anime.net/. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

The Daily Life of the Immortal King [Chinese Dub] Episode 7

The Misfit of Demon King Academy: History’s Strongest Demon King Reincarnates and Goes to School with His Descendants

Naruto: Shippuden

anime streaming My Hero Academia Season 4

4Anime My Hero Academia Season 2 (Dub) Episode 25