СИ ЕБАЛ ВЕКОТ ПЛУКНАТ ГРУЕВИСТ: МАКСО СИТЕ МИТИНЗИ ГИ ПРАВИ НОЌЕ ЗА ДА НЕ СЕ ВИДИ КОЛКУ МАЛКУ НАРОД ИМА
СИ ЕБАЛ ВЕКОТ ПЛУКНАТ ГРУЕВИСТ: МАКСО СИТЕ МИТИНЗИ ГИ ПРАВИ НОЌЕ ЗА ДА НЕ СЕ ВИДИ КОЛКУ МАЛКУ НАРОД ИМА
БРАНКО ПО ВТОР ПАТ МУ ЗАРИВА НОЖ ВО ГРБ НА СДСМ: ВО 2006-ТА МУ ПОМОГНА НА ГРУЈО ДА ГО ПОБЕДИ БУЧКО, СЕГА МУ ПОМАГА НА МИЦКОВСКИ ДА ГО ПОБЕДИ ЗАЕВ!
БРАНКО ПО ВТОР ПАТ МУ ЗАРИВА НОЖ ВО ГРБ НА СДСМ: ВО 2006-ТА МУ ПОМОГНА НА ГРУЈО ДА ГО ПОБЕДИ БУЧКО, СЕГА МУ ПОМАГА НА МИЦКОВСКИ ДА ГО ПОБЕДИ ЗАЕВ!
БРАНКО ЕГО ТРИП ШОУ ВО МАНУ: ЈА БЕВ НАЈДОБАР ПРЕМИЕР, СЕ ПОСЛЕ МЕНЕ Е ПОТОП!
БРАНКО ЕГО ТРИП ШОУ ВО МАНУ: ЈА БЕВ НАЈДОБАР ПРЕМИЕР, СЕ ПОСЛЕ МЕНЕ Е ПОТОП!
ПРЕДИЗВИКАЛА ВИСТИНСКА ДРАМА: Професорка антиваксерка од Правен приведена на скопскиот аеродром
ПРЕДИЗВИКАЛА ВИСТИНСКА ДРАМА: Професорка антиваксерка од Правен приведена на скопскиот аеродром
СПАСОВСКИ: КУМАНОВЦИ, ЈАС ВИ ГАРАНТИРАМ ДЕКА ЌЕ СЕ ИСПОЛНАТ СИТЕ ВЕТУВАЊА ШТО ЌЕ ГИ ВЕТИ ОЛИВЕР ИЛИЕВСКИ
СПАСОВСКИ: КУМАНОВЦИ, ЈАС ВИ ГАРАНТИРАМ ДЕКА ЌЕ СЕ ИСПОЛНАТ СИТЕ ВЕТУВАЊА ШТО ЌЕ ГИ ВЕТИ ОЛИВЕР ИЛИЕВСКИ
ЗАЕВ: Вкупниот извоз во првите осум месеци во зоните достигна 2,04 милијарди евра, што е за над 50% повеќе во однос на истиот период лани, односно над 11% во споредба со 2019 и речиси 32% повеќе од 2018 година
ЗАЕВ: Вкупниот извоз во првите осум месеци во зоните достигна 2,04 милијарди евра, што е за над 50% повеќе во однос на истиот период лани, односно над 11% во споредба со 2019 и речиси 32% повеќе од 2018 година
ШЕЌЕРИНСКА: Честитки до германските социјалдемократи и особено до големиот победник, Олаф Шулц. Предноста е тесна, но пресвртот е огромен
ШЕЌЕРИНСКА: Честитки до германските социјалдемократи и особено до големиот победник, Олаф Шулц. Предноста е тесна, но пресвртот е огромен
ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Денеска чекоревме со Борките Не сте сами! НАПРЕД РОЗОВО!
ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Денеска чекоревме со Борките Не сте сами! НАПРЕД РОЗОВО!

РАЗОРНА БОМБА НА ПОРТАЛОТ ФАКТОР МК – КАСАТА НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА БИЛА РЕЧИСИ ПРАЗНА, ПОГОЛЕМИТЕ ШТЕДАЧИ ЌЕ СИ ВРАТАТ САМО 25% ОД ЗАШТЕДИТЕ!!!

Дали штедачите кои имаа поголеми влогови од 30 илјади евра во Еуростандард банка ќе останат, условно речено, со куси ракави?

Фактор дојде до екслузивна информација од еден од 780-те штедачи кои имаат над 30 илјади евра заробени заштеди во банката, кој бара да остане анонимен.

Имено, на штедачите им била дадена информација дека од заштедите кои ги чувале во Еуростандард банка, а кои тие ги побаруваат од стечајната маса, ќе можат да си добијат назад максимум една четвртина од нивните пари. Или прецизно речено, 24,5 проценти. Таква информација штедачите добиле од Стечајниот управник Душко Тодевски, преку Иницијативниот одбор за заштита на интересите на штедачите со над 30 илјади евра.

Овде се работи за сумата на штедните влогови кои се над 30 илјади евра, бидејќи до 30 илјади евра штедачите веќе си ги наплатија, или имаат право да си ги наплатат преку Фондот за осигурување на депозити.

Или, еве конкретен пример. Ако некој штедач во Еуростандард банка имал вложено износ од 130 илјади евра, 30 илјади евра ги зел од Фондот за осигурување на депозити. За останатите 100 илјади евра кои ги побарува од стечајната маса, штедачот во овој случај ќе може да очекува дека ќе земе само 24.500 евра.

Оваа информации штедачите, односно нивниот Иницијативен одбор, ги добиле преклу стечајниот управник Душко Тодевски, на состанокот кој го имале во четвртокот минатата недела, и на кој присуствувале околу 80 штедачи. Ова следувало откако тие имале средба и со тим на Народна банка.

Според сознанијата на Фактор, на состанокот со претставниците на НБРМ, кој бил доста интензивен, штедачите ја прозвале оваа институција. Штедачите, односно нивните претставници, како што кажале од Иницијативниот одбор, добиле декларативно уверување од НБМ дека ќе се заложат за решавање на нивниот проблем, кој реално не го очекувале.

На состанокот, пак, со стечајниот управник, кој траел околу два часа и бил, според штедачите, доста конструктивен, стечајниот управник Душко Тодевски реално им ја кажал ситуацијата во која се наоѓаат, и дополнително им ја објаснил целата постапка која следи.

Она што за штедачите е битно, е уверувањето кое го добиле од стечајниот управник, дека ќе имаат член во Одборот на доверители, за што се очекува повратна информација.

Но, она што е интересно, е состојбата која штедачите ја добиле од стечајниот управник, за тоа колку кредити и кон кои групи ги имала Еуростандард банка, но и за тоа колку од нив се наплатливи, а колку не се наплатливи. Како што посочил и стечајниот управник, бројките не се конечни, и може да има мали отстапки.

Според овие бројки, банката имала дадено вкупни кредити од 101 милиони евра, од кои 25,2 милиони евра биле дадени кон граѓани, односно физички лица. Од овие кредити, најголемиот дел или 22,5 милиони евра се наплатливи, што значи дека може да се вратат и да влезат во стечајната маса, а само 2,7 милиони евра се ненаплатливи.

Додека, пак, 75,7 милиони евра се кредити кои банката им ги дала на фирми, односно на правни лица. Е сега, тука излегува главниот проблем. Од овие 75,7 милиони евра, само 20,8 милиони евра се наплатливи, додека, пак, дури 54,9 милиони евра се ненаплатливи.

Банката располагала и со извесна сума на кеш до денот на затворањето.

На штедачите не им се јасни неколку работи. Прво, како банката си дозволила да има толку голема сума, дури 55 милиони евра ненаплатливи кредити од фирмите.

„Кои се тие компании на кои им биле давани толку големи суми, и зошто и како сега тие пари не можат да се наплатат. Јавноста треба да ги знае овие компании“, реагира за Фактор овој штедач.

Другото прашање што си го поставуваат дел од штедачите е како овие 55 милиони евра кредити од фирмите уште од старт се прогласуваат за ненаплатливи.

„Зошто однапред се креваат раце од овие пари. Дали тие компании дале под залог имот или некои движни предмети, кои сега би можеле да се продадат и да се наплатат парите“, прашуваат штедачите.

Тие стравуваат да не се случи целата постапка да се разводени и да не можат да дојдат барем до дел од нивните тешко спечалени пари кои со години ги заработувале, и ги штеделе во Еуростандард банка.

А како што е познато, сопственикот на Еуростандард банка во стечај, Трифун Костовски, во неколку наврати има изјавено дека доколку стечајната постапка се одвива брзо, нема да остане необештетен штедач за ниту еден денар, бидејќи, како што нагласи, има доволно пари во стечајната маса.

Останува во следниот период овие прашања да ги расчисти стечајниот управник Душко Тодевски.

Како што веќе пишуваше Фактор, во Еуростандард банка имало и влогови до 700 илјади евра, односно големи суми, од кои штедачите преку Фондот зедоа по 30 илјади евра.

Обештетувањето тече добро, и за првите пет дена колку што досега тече обештетувањето, на штедачите им се исплатени дури 60 отсто од парите кои беа предвидени да се реализираат преку Фондот за осигурување на депозити. Или прецизно, ако преку Фондот треба да се исплатат вкупно 68,2 милиони евра, за првите пет дена кај штедачите во вид на обештетување завршиле близу 41 милиони евра.

ИЗВОР: ФАКТОР.МК

loading...

Website https://animetv.cc: Watch Big Wars (Dub) animetv Episode Full anime tv for free

Watch Spring Song Episode Full

GoGoAnime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Air Gear: Special Trick (Dub) (https://animebee.to/m/qg8x) Episode Full

Cults3d: https://cults3d.com/en/users/animefreakws

Lawrence: http://www.lawrence.com/users/animeflixnl/