Разрешен директорот на затворот Идризово, „Под лупа“ и директорот на штипскиот затвор

На денешната седница Владата го разреши досегашниот директор на затворот Идризово Реџеп Реџепи. Тој беше на функција како кадар на партијата Алтернатива откако таа му се приклучи на парламентарното мнозинство, пишува Нетпрес.

Од Владата на соопштуваат зошто е разрешен и дали евентуално тоа има врска со неодамнешните полициски претреси во затворот.

Неофицијално, главна причина е фактот дека во затворот беа пронајдени дрога, ножеви и мобилни телефони.

На местото на Реџепи, именуван е Шпенд Тахири, исто така кадар на Алтернатива.

Откако Владата соопшти дека го разрешила директорот на затворот Идризово, Реџеп Реџепи каде во полициска акција беа најдени телефони, ножеви, пари и дрога, сега под лупа е и директорот на штипскиот затвор, каде беше спроведена слична акција и кадешто беа најдени недозволени работи.

Од Управата велат дека допрва ќе се утврдува евентуалната одговорност и на директорот на затворот во Штип. Но, институцијата потенцира и дека не се само директорите одговорни за состојбите.

-Одговорност за затекнатата состојба при извршениот претрес во казнено – поправните установи не може да се лоцира само кај раководните лица на установите, туку истата треба да се утврдува на повеќе нивоа затоа што се прибираат докази за постапки кои претставуваат дисциплински престап на осудените лица, потоа се идентификуваат докази за евентуални прекршоци или кривични дела на вработените во КПУ.

По изготвувањето записник за сите утврдени неправилности кои произлегуваат од менаџирањето со установите, одговорност може да биде побарана и од директорите на Казнено-поправните установи од страна на Владата на РСМ која ги именувала на таа функција во извршната власт. Ве информираме дека Владата на вчерашната седница го разреши од функцијата директор на КПД Идризово, Реџеп Реџепи. Каков ќе биде епилогот по вчерашната акција во затворот во Штип ќе се знае откако надлежните институции целосно ќе го расчистат случајот, изјавиле за „360 степени“ од Управата за извршување на санкциите.

sunwin.apk mới nhất

sunwin

sunwin web

sunwin

game sunwin