ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат

Реакција: Исклучувањето на ХЕРА во градењето локални политики на О. Карпош е удар врз демократијата и фундаменталните права и слободи

Хера со реакција до Ивана Стоименовска, Претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Советот на Општина Карпош

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување упатува остра реакција во врска со изјавата на Ивана Стоименовска, Претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Советот на Општина Карпош, објавена на социјалната мрежа Фејсбук на 28 декември 2021 година, со која таа јавно повикува на исклучување на невладините организации – при што ја посочува нашата организација – од понатамошната соработка со Општината сѐ со цел „да се избегнат непотребни трошења на средства за активности кои постојат на хартија“. Ваквата изјава на советничката ја доживуваме како обид да се нанесе штета на угледот и работата на ХЕРА како партнер на Општината, но и удар врз демократијата преку забрана на учество на граѓанските организации во креирањето на локалните политики. Дополнително, без користење на факти советничката ја манипулира јавноста и јавно ја дискредитира и омаловажува нашата организација.

ХЕРА уште од 2019 година активно соработува и ѝ е партнер на Општината Карпош само со една цел – да се подобрат политиките и можностите за вработување на Ромките на локално ниво. Со години наназад ХЕРА технички го поддржува изготвувањето на Локални акциски планови за вработување Ромки, кои содржат активности насочени кон поттикнување на зголемувањето на пристапот на Ромките на пазарот на трудот. Во таа насока, фактите се следни:

Општина Карпош на 51. седница на Советот, одржана на 28 декември 2020 година, го усвои Локалниот акциски план за вработување на Ромки за 2021 година;

Претходниот градоначалник на Општина Карпош Стефан Богоев на 09.06.2021 година донесе заклучок за објавување на Локалниот акциски план за вработување на Ромки за 2021 година;

ХЕРА посредуваше во соработката на Општина Карпош и Министерството за локална самоуправа со цел Министерството да ѝ додели на Општината финансиски средства во висина од 126.760,00 денари што таа би ги користела во рамките на програмата за спроведување на Стратегијата за Роми и дотации на општините кои имаат програми и активности за инклузија на Ромите.

Сакаме да нагласиме дека ниту во минатото, ниту сега ХЕРА не била корисник на финансиски средства од Општината Карпош за каква било активност или проект. Напротив, ХЕРА со својата експертиза и заедно со нашите активистки Ромки, придонесе во буџетот на Општината да се акумулираат дополнителни средства за реализација на активностите од Локалниот Акциски План за вработување Ромки.

Затоа, бараме јавно извинување од советничката на Општина Карпош за искажаните лаги и клевета кон нас, но и кон граѓанските организации кои денес се соработници на Општината. Бараме градоначалникот на Општина Карпош да се огради од изјавата на советничката и да ја продолжи соработката со ХЕРА која е само во интерес на подобрување на социјалната положба на Ромките на територија на општината и за нивни подобар и подостоинствен живот.

ХЕРА и понатаму останува цврсто на ставот да работи со секоја заинтересирана општина во градот која сака да ги подобри социјалните и здравствените политики, особено за ранливите и маргинализираните групи.

loading...

animefreaks official website. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

One Piece (Dub) Episode 750

anime stream AnimeFreak That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub)

AnimeFreak Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Cour 2

AnimeFreak Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? Episode 6

AnimeFreak That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Episode 12