Тренчевска: Унапредувањето на човековите права, еднаквост и борба против секаков вид на насилство е наш приоритет и одговорност
Тренчевска: Унапредувањето на човековите права, еднаквост и борба против секаков вид на насилство е наш приоритет и одговорност
Од 48-та седница на Владата: Утврден текстот на новиот Закон за служба во Армијата со дополнителни погодности; Утврдени измените за повисоки плати во правосудниот и обвинителскиот сектор; Предлогот на Финансиската инспекција во јавниот сектор влегува во Собрание

Обвинителство бара притвор за напаѓачот на полициски началник од Чаир
Обвинителство бара притвор за напаѓачот на полициски началник од Чаир
Пендаровски разговарал со поглаварот на СПЦ, Порфириј
Пендаровски разговарал со поглаварот на СПЦ, Порфириј
Џафери избувнал и се изнервирал зашто вработените ги згрешиле материјалите и се шетале
Џафери избувнал и се изнервирал зашто вработените ги згрешиле материјалите и се шетале
Благоев: Бугарската православна црква ќе мора да ја признае Македонската црква
Благоев: Бугарската православна црква ќе мора да ја признае Македонската црква
Мицотакис: Греши Ердоган ако мисли дека нема да гo бранам суверенитетот на Грција
Мицотакис: Греши Ердоган ако мисли дека нема да гo бранам суверенитетот на Грција
Набавка на тестови и терапија за мајмунски сипаници бара Комисијата за заразни болести
Набавка на тестови и терапија за мајмунски сипаници бара Комисијата за заразни болести

Реакција на протестот во Битола против пресудата за полицискиот службеник

Основниот Кривичен Суд Скопје донесе пресуда за случајот полициска бруталност Битола со која обвинетиот полициски службеник е прогласен за виновен и е осуден на казна затвор од една година. При одмерувањето на казната во пресудата е наведено дека судот ги зел во предвид степенот на кривична одговорност, побудите од кои е сторено кривичното дело, јачината на загрозување и повредата на заштитеното добро како и зачестеноста на ваков вид на кривично дело. Наведуваме дека оваа казна е минимална казна според членот 143 од Кривичниот законик и истата може да биде од 1 до 5 години. Самата казна би била и поголема доколку се земеше во предвид етничката припадност на жртвата. Наведуваме дека полициската бруталност кон ромската заедница е проблем кој не е нов, меѓутоа оваа пресуда е прва пресуда која ја осудува полициската бруталност со казна затвор. Пресудата треба да претставува основа за казнување општо на полициската бруталност во нашата држава.

Воедно, истакнуваме загриженост во однос на протестот којшто се организираше во Битола на 13 ноември 2021 бидејќи според Полицискиот Кодекс полицијата треба да ги почитува сите одлуки донесени од страна на судовите. Полицијата како институција треба да се грижи за безбедноста на граѓаните, а не да организира протести на којшто се шири говор на омраза кон ромската заедница. Загриженоста ја истакнуваме бидејќи побудите за организирање на протестот пред сè се однесуваат на тоа дека полицискиот службеник добил казна затвор од 1 година поради употреба на прекумерна сила врз Ром. Таквиот наратив беше и споделуван од страна на медиумите со што се оформува јавно мислење дека казна затвор не треба да се пресудува ако лицето е припадник на ромската заедница. Станува збор за деградирање на заедницата, вршење на непотребни споредби со други случаеви и политизирање на пресудата.

Во наредниот период очекуваме ОЈО да го започне процесот по поднесената кривична кријава од 05.11.2020 година каде како жртви се јавуваат сите 5 лица под сомнение дека се сторени следните кривични дела – Малтретирање и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување од член 142 од КЗ, кривично дело Малтретирање во вршење на службата од член 143 од КЗ, кривично дело Непријавување кривично дело или сторител од член 364 ст.1 од КЗ и кривично дело расна и друга дискриминација од член 147 ст.1 од КЗ сторени од страна на тројца полициски службеници.

Граѓанско движење Аваја

loading...

https://animeheaven1.com/. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

stream anime online One Piece

DARLING in the FRANXX

anime website Attack on Titan Final Season

AnimeHeaven Your Name. Episode Full

JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub)