(ВИДЕО) ЦУЦУЛОТ КОНЕЧНО СИ ГО НАЈДЕ МЕСТОТО, ДО МИРКА КЛАСНАТА НА СТРИМОТ НА ПРО РУСКАТА ПАРТИЈА РОДИНА, ДОСЕГА ГЛУМЕШЕ НЕКАКОВ ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ ФИЛОЗОФ...
(ВИДЕО) ЦУЦУЛОТ КОНЕЧНО СИ ГО НАЈДЕ МЕСТОТО, ДО МИРКА КЛАСНАТА НА СТРИМОТ НА ПРО РУСКАТА ПАРТИЈА РОДИНА, ДОСЕГА ГЛУМЕШЕ НЕКАКОВ ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ ФИЛОЗОФ...
(ВИДЕО) ГОЛЕМИ ПОЛИЦИСКИ СИЛИ СЕ РАСПОРЕДЕНИ ОКОЛУ УСТАВНИОТ СУД ВО САД ПОРАДИ НАЈАВЕНИТЕ МАСОВНИ И НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ДЕНЕШНАТА ОДЛУКА ДА СЕ ЗАБРАНИ АБОРТУСОТ ПО 50 ГОДИНИ ЛЕГАЛНОСТ
(ВИДЕО) ГОЛЕМИ ПОЛИЦИСКИ СИЛИ СЕ РАСПОРЕДЕНИ ОКОЛУ УСТАВНИОТ СУД ВО САД ПОРАДИ НАЈАВЕНИТЕ МАСОВНИ И НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ДЕНЕШНАТА ОДЛУКА ДА СЕ ЗАБРАНИ АБОРТУСОТ ПО 50 ГОДИНИ ЛЕГАЛНОСТ
Галетановски: Нема ништо ново во ЗОО откако заминав, среќа што родија неколку животни кои ги донесовме
Галетановски: Нема ништо ново во ЗОО откако заминав, среќа што родија неколку животни кои ги донесовме
СО СВЕТСКИОТ ПОЛИТИЧКИ ВРВ: Николовски во Берлин на конференција со Државниот секретар на САД, претседателот на Светска банка и многу други високи претставници
СО СВЕТСКИОТ ПОЛИТИЧКИ ВРВ: Николовски во Берлин на конференција со Државниот секретар на САД, претседателот на Светска банка и многу други високи претставници
Протоколот не може да биде услов во преговорите, ниту спомнат во преговарачката рамка, порачува Маричиќ
Протоколот не може да биде услов во преговорите, ниту спомнат во преговарачката рамка, порачува Маричиќ
Бугарско МНР: Ќе одобриме меѓувладина конференција откако ќе се потпише билатералниот протокол
Бугарско МНР: Ќе одобриме меѓувладина конференција откако ќе се потпише билатералниот протокол
ИЛИ ДРЖАВАТА И ГРАД СКОПЈЕ НЕКА ГИ ЗАЛОВАТ КУЧИЊАТА НИЗ ГРАДОВ ИЛИ НЕКА НИ ДАДАТ ДОЗВОЛА ДА НОСИМЕ ПИШТОЛИ СО НАС
ИЛИ ДРЖАВАТА И ГРАД СКОПЈЕ НЕКА ГИ ЗАЛОВАТ КУЧИЊАТА НИЗ ГРАДОВ ИЛИ НЕКА НИ ДАДАТ ДОЗВОЛА ДА НОСИМЕ ПИШТОЛИ СО НАС
КАТЕ БЛАЖЕВСКА: НЕШТО НЕ ШТИМА ВО ИЗЈАВИТЕ И ПОСТАПКИТЕ НА СЛАВИ ТРИФУНОВ И ТЕОДОРА ГЕНЧОВСКА
КАТЕ БЛАЖЕВСКА: НЕШТО НЕ ШТИМА ВО ИЗЈАВИТЕ И ПОСТАПКИТЕ НА СЛАВИ ТРИФУНОВ И ТЕОДОРА ГЕНЧОВСКА

РЕАКЦИЈА НА СДСМ СКОПЈЕ НА ИЗЈАВАТА НА ДАНЕЛА: СКОПЈЕ ВЕЌЕ Е ГРАД НА МОДЕРНИ ФЕСТИВАЛИ, А НЕ НА ГЛАВЕН ГРАД НА КИЧОТ СО ФЕСТИВАЛИ НА СУБРАТА РОЈ

Скопје веќе не е главен град на кичот, како во време на ВМРО-ДПМНЕ, туку се препознава како модерна културна престолнина. Скопје е веќе град на културни случувања и фестивали, со реконструирани и нови културни сцени. Во сите 12 месеци од годината се организираат културни случувања, културни настани и фестивали, дури и во време на пандемија. Бевме единствен град во Европа што организираше „Култура во време на корона“ како поддршка на уметниците. Скопјани секоја година уживаат и во фестивалот „Скопје лајт дистрикт“ и во концертите на „Филхармонија на отворено“.

Младинскиот културен центар стана полноправна членка на најреномираната мрежа на концертни сали во Европа. Град Скопје ја зголеми поддршката за МОТ, фестивал кој за време на пандемија се случуваше онлајн, а скопски уметнички проект доби главната награда „Златна Трига“ Прашко квадриенале. Фестивалот „Здраво Млади“ се одржуваше и за време на пандемија и влезе во најдобрите 20 фестивали. ДКЦ „Карпош“ прерасна во значаен културен центар каде што се собираат најмладите, а фестивалите како Тремоло и Саксклар на скопските сцени ги донесоа врвните светски имиња. Со фестивалот „Звуците на чаршијата“ ги промовираме различностите во старата скопска чаршија.

Град Скопје постојано го охрабрува културното и уметничкото изразување на младите, креира простори за алтернативна култура и можност за реализација на нивните идеи. Градот спроведе конкурс и распиша тендер за две летни сцени. Нема веќе наместени и тајни јавни повици за финансирање на проекти од областа на културата. Сите повици се објавуваат најтранспарентно и траат доволно време. Ја воведовме и новината за онлајн аплицирање, со што дополнително е олеснета процедурата. Го воведивме јавнот повик „Од центар кон периферија“ за поддршка на проекти кое се одвиваат во периферните делови на Скопје.

Ја отворивме првата галерија на отворено со графити и урбана уметност во сутеренот на ГТЦ со дела на 22 уметници. Покрај галеријата на графити во катната гаража „26 Јули“, Скопје е збогатено со муралите насликани од светски и локални уметници на повеќе локации. Назначивме и две локации за легални ѕидови за слободно користење од уличните уметници за пишување и цртање графити.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, кое го претвори Скопје во главен град на кичот, и кич фестивали на Субрата Рој, ние водиме грижа за традициите, историското и културно наследство на градот. Некогаш дивиот паркинг кај „Ибн Пајко“ го претворивме во зелена оаза, омилено место за одмор и релаксација на граѓаните, но и место каде што се одржуваат културни и забавни настани. И новите зелени кровови во Скопје се омилени културни сврталишта на Скопјани.

ЗОО прерасна во една од најопремените, најбогатите со животни и најпосетените зоолошки градини на Балканот. Впрочем, на тоа укажува и фактот на илјадници посети секој ден во зоолошката градина и Дино паркот.

Скопјани не забораваат дека ВМРО-ДПМНЕ ја избриша Универзална сала од урбанистичките планови и на нејзино место нацрта огромна бетонска грдосија. Со Петре Шилегов Универзална сала почна да го добива своето ново лице, се реконструира во постојниот облик и габарит, и го задржува нејзиниот автентичен изглед како симбол на обновата на постземјотресно Скопје.
Ќе го реконструираме и Мултимедијален центар „Другарче“ во нов општински мултимедијален центар на културата, во Кисела Вода ќе креираме Младински културен центар и културен центар во Шуто Оризари.

Го ставаме Скопје на мапата на европски престолнини на културата, како кандидат за титулата во 2028 година. Ги преосмислување културните политики во Скопје, преку нивното содејство со локалната економија, образованието, урбанизмот, животната средина. Скопје покажува сериозен исчекор во културата во градот преку откривање нови простори, грижа за културните работници, поддршка за креативните индустрии, новите медиуми…
Скопје станува модерна културна престолнина, наместо главен град на лажниот барок и кичот.

loading...

go88 hỗ trợ ngân hàng nào

nhóm sunwin sunwin otp download game sunwin