PLUTO’S DOUBTS - OPENING ACT НА PLACEBO ВО СКОПЈЕ, 16 ЈУЛИ 2022, СТАДИОН НА АРМ!
PLUTO’S DOUBTS - OPENING ACT НА PLACEBO ВО СКОПЈЕ, 16 ЈУЛИ 2022, СТАДИОН НА АРМ!
ВЕЧЕРВА КОНЦЕРТ НА КАРОЛИНА “АЈДЕ ДА ЛЕТАМЕ - GREATEST HITS”
ВЕЧЕРВА КОНЦЕРТ НА КАРОЛИНА “АЈДЕ ДА ЛЕТАМЕ - GREATEST HITS”
WHITESNAKE И DAVID COVERDALE - ЈАВААТ НИЗ СВЕТОТ ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ! Голем open air -12 јули-Стадион на АРМ -Скопје-20 часот!
WHITESNAKE И DAVID COVERDALE - ЈАВААТ НИЗ СВЕТОТ ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ! Голем open air -12 јули-Стадион на АРМ -Скопје-20 часот!
ПОСЛЕ НЕЗАБОРАВНИОТ СПЕКТАКЛ НА СТАДИОНОТ НА АРМ ВО СКОПЈЕ, ОМИЛЕНИТЕ СТАРОМААЛЦИ СЕ СЕЛАТ ВО ОХРИД, НА ИЛИНДЕН, ЗА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА!
ПОСЛЕ НЕЗАБОРАВНИОТ СПЕКТАКЛ НА СТАДИОНОТ НА АРМ ВО СКОПЈЕ, ОМИЛЕНИТЕ СТАРОМААЛЦИ СЕ СЕЛАТ ВО ОХРИД, НА ИЛИНДЕН, ЗА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА!
THIEVERY CORPORATION НА БИС ВО СКОПЈЕ! 03-ти јули, Стадион на АРМ
THIEVERY CORPORATION НА БИС ВО СКОПЈЕ! 03-ти јули, Стадион на АРМ
Ковачевски на средба со коалициските партнери за францускиот предлог
Ковачевски на средба со коалициските партнери за францускиот предлог
РОКАДА ВО БУГАРСКАТА ВЛАДА: НАМЕСТО ПЕТКОВ, АСЕН ВАСИЛЕВ ЌЕ БИДЕ НОВ ПРЕМИЕР, ПЕТКОВ ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ
РОКАДА ВО БУГАРСКАТА ВЛАДА: НАМЕСТО ПЕТКОВ, АСЕН ВАСИЛЕВ ЌЕ БИДЕ НОВ ПРЕМИЕР, ПЕТКОВ ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ
Борисов: Да го финализираме францускиот предлог за Северна Македонија
Борисов: Да го финализираме францускиот предлог за Северна Македонија

РЕАКЦИЈА ЗА НАПИСОТ „ДО КОГА ЌЕ НЕГОДУВАМЕ ЗА СПОМЕНИЦИТЕ НА УЧК ВО ЗЕМЈАТА, ТИЕ СЕ ХЕРОИТЕ НА НАШИТЕ СОГРАЃАНИ АЛБАНЦИ, ГИНЕЛЕ ЗА НИВНИТЕ ПРАВА“

Почитуван Саше, ова твое релативизирање на ОНА не само што е навредливо за бранителите од 2001 г. и за нашите цивилни жртви, туку и за Албанците. Со тврдењето дека „тие ги добиле своите права со војната“, се занемарува сето она што тие претходно го постигнале, небаре 2001-вата е некаква „нулта година“. Војната и не беше за права, барем не отпочеток, а таа дури доби обриси на странска инвазија. ОНА изврши и воени злосторства, што исто така не нешто за фалење.

Општествено-политичкиот развој кај македонските Албанци не започна со Охридскиот договор, ниту со ОНА и Ахмети, кои не се ни потписници на тој договор. Од албанска страна, договорот го потпишаа Имер Имери од ПДП и Арбен Џафери од ДПА, што значи дека македонските Албанци тогаш веќе имаа свои партии и легитимни претставници. Па што бара Ахмети во приказнава? Никому не му е јасно од кај се појави тој анонимус, кој практично сиот живот го минал во Швајцарија, кајшто бил дијагностициран како параноиден шизофреник, за што добивал инвалидска пензија од 3000 франци месечно (како што јавија новинарите Хенри Хабергер и Карл Јуст од циришкиот весник “Sonntags Blick” на 29.9.2002 г., а што следниот ден го пренесе и Виктор Фингал од лозанскиот “Le Matin”).

Ахмети е johnny-come-lately на нашата политичка сцена, а тој стана битен играч не зашто победи во војната, туку зашто под притисок на меѓународниот фактор ја напушти идејата за Голема Албанија и зашто се разоружа, а некои просто би рекле дека се предаде (имаше порадикални струи како АНА, кои го сметаа за предавник и кои дури сакаа да го елиминираат). За ова сведочат Фатмир Лимани и Љубомир Фрчковски, кои укажуваат на тоа дека коминикеата на ОНА најпрвин говореле за ослободување на територии (т.е. за Голема Албанија), за подоцна, поради немање меѓународна поддршка, тој став да омекне и да се промени во борба за права. Оваа промена била очигледна некаде кај коминикето бр. 6. Фактички, ОНА сакаше Shqipëria e Madhe (Голема Албанија), но доби само маде.

Лимани и Фрчковски укажуваат и на тоа дека без поддршка од Косово, конфликтот немало да се одвива онака како што бил замислен, а можеби немало ни да избувне. Со тоа, тој доби обриси на странска агресија, па тука би навел дека учество во него земаа и куп туѓинци како: Косоварот Рахим Бекири алиас Командант Роки (1957 – 2001) и неговиот земјак Фадил Нимани алиас Командант Тигри (1967 – 2001), албанските државјани Тахир Синани (1964 – 2001) и Лефтер Коџај алиас Командант Тели (1969 – 2001), а и Лирим Јакупи-Нацист, кој е наводно од Бујановац, ужа Србија. Па дури и Ахмети беше повеќе туѓинец (речиси Швајцарец) отколку локалец. На ова додај ги и тврдењата дека и Косовскиот заштитен корпус бил вмешан во конфликтот, а истиот се одвиваше само близу границата со Косово, што го поткрепува тврдењето за странска инвазија и што покажува дека ОНА немаше голема поддршка кај нашите Албанци. Косово дури дава отворена поддршка за осудени терористи (од случаите „Монструм“ и „Диво насеље“), па ништо чудно таа инвазија да тргнала токму оттаму. Спомениците на ОНА се контроверзни и зашто таа изврши злосторства, а таквите не застаруваат и мора да се процесираат, иако во времето на Груевски за нив беше изгласана амнестија (19.7.2011). Фактички, среде тие споменици на ОНА има и странски окупатори, па и воени злосторници. Ова замирисува на агресијата на Путин врз Крим и Донбас (преку неговите ДНР и ЛНР), што тој го опишуваше како „спонтано востание на локалните жители“.

Тврдењето дека македонските Албанци се бореле за застапеност во власта не држи, зашто тие се застапени во неа уште од самото нејзино конституирање во 1944 г. Тука би ги споменал Неџат и Кемал Аголи, високи функционери во АСНОМ и во првите влади на повоена Македонија, а од нивните подоцнежни колеги би го издвоил Вулнет Старова, кој бил претседател на собранието на СР Македонија. Да, Албанец бил претседател на нашето собрание далеку пред Талат Џафери, и тоа Албанец родум од Поградец, Албанија. Можеби таквата застапеност не била доволна, но Албанците помасовно се вклучија во нашиот политички живот по воведувањето на плурализмот во 1990 г. и по нашето осамостојување во 1991 г. Министер во владата тогаш беше Илијаз Сабриу од ПДП, една од првите партии во плуралистичка Македонија, основана на 15.4.1990 г.

Албанците кај нас си имаа и медиуми како весникот “Flaka e Vëllazërimit”, основан во 1945 г., како и РТВ програми на својот јазик, а и Театар на народностите од цирка 1950 г. и фолклорни ансамбли како “Emin Duraku”, основан во 1948 г. Генерации Албанци матурираа во гимназијата “Zef Lush Marku”, а тие си развија и своја литературна сцена (Луан Старова, Ресул Шабани, Ким Мехмети…). Албанците во СФР Југославија имале дури и знаме, кое незначително се разликувало од она на Албанија. СФРЈ дури имала и претседател Албанец – Синан Хасани. Во 1999 г. ние примивме стотици илјади бегалци од Косово, а на изборите во таа година имавме двајца кандидати-Албанци за претседател: Мухамед Халили и Муарем Неџипи. Македонските Албанци имале сè она за што нашите сонародници во соседството можат само да сонуваат, но секако дека имало и грешки и дека можело да има и подобрувања. Но мораше ли за тоа да се почне војна? Иронично, владата на Георгиевски, која во 2001 г. раководеше со Македонија, претходно беше обвинувана за преголема попустливост кон Албанците, т.е. кон своите коалициони партнери ДПА. Како што укажува Фрчковски, Македонија тогаш добивала највисоки оценки за човековите и малцинските права во регионот, па во таква држава ли се почнува војна?

Не, војната не почна за права, туку се темелеше врз онаа илирско – дарданско – пелазгиска антиквизација од типот дека „Албанците се најстара, најчиста и најавтохтона раса у свет, од која се постари само амебите“; дека Ахил, Хомер, Аристотел и Афродита и сите више „биле Албанци“; дека Албанија е „ветена земја“ и „колевка на светската цивилизација“; и сл. Тоа со правата дури подоцна беше прифатено како утешна награда и тоа нерадо. Слични комплекси и антиквизации имаше и кај Македонците, но кај нив тоа не премина во нешто поекстремно и заради тоа барем никој не умре (можеби само од смеење).

И како ќе го објасниш фактот што војна (граѓанска) избувна дури и во самата Албанија (јан-авг 1997 г.), па не е белким дека Албанците и таму биле дискриминирани? Тоа ти кажува дека, за жал, во албанските средини има проблем: со мафтање со оружје, лесно потегање на истото, насилство, крвни одмазди (gjakmarrja), беззаконие, корупција, самоволие итн. Но за жал, кај Албанците не гледам некоја самокритика, небаре тие се некаков „небески народ“, кој никогаш не може да згреши (така за себе се изразуваа Великосрбите во 1990-тите).

Од споменици веќе ми е преку Тасета – и од проектот „Скопје 2014“ и од „Плоштад Скендербег“ и од сиот тој турбо-кич и мегаломанија, но разликата е во тоа што Македонците го критикуваа груевизмот и неговите екцеси, а среде Албанците не гледам таква граѓанска свест. Скопската турска чаршија се уништува, а на нејзиниот влез Меџити го подигна она бетонско ругло со ескалатори и соц-реалистички мурали како од времето на албанскиот диктатор Енвер Хоџа, кој доживува некаква рехабилитација среде Албанците, што е исто така страшно. А врв на апсурдот е тоа што мајка му на Скендербег се викала Војисава, а неговите браќа и сестри имале имиња како: Станиша, Јелена, Влајка и Мамица, што ги урива сите оние албански националистички митови. Сто посто Албанци, pasha zotin!

Зошто нема некој смел индивидуалец среде Албанците, кој би станал среде толпата и отворено би рекол: „Господо, можеби ние не сме идеални, можеби и ние понекогаш правиме глупости?“. Такви свесни Албанци има, но се крајно ретки и сигурно се напаѓани како „предавници“ во своите средини. Во нив, за жал, главно гледаме колективизам и трибализам. Зошто Албанците не се дистанцираат од криминалците, терористите и воените злосторници во своите редови, туку ги доживуваат како „наши“?

Среде Албанците доста се изнагледавме и бахатост (дивоградби, сообраќајни инциденти, демолирања во МНТ, неплаќање давачки), но ни за тоа нема критика од страна на нивните сонародници. Во тие средини е присутна и хомофобијата, па ЛГБТ центарот во Чаршијата беше напаѓан, а прајд-парадата таму не смее ни да стапне. И односот кон жената во поконзервативните албански средини е лош. А нели Албанците се про-западни, па камо западни вредности, демократија, владеење на правото, индивидуализам, толеранција, мултикулти, еманципација? Тука јас не гледам ништо про-западно. И нели ќе се одеше на фини граѓански каузи („Зелена агенда“), но и од тоа не излезе ништо (Тетово е веќе одамна депонија и еколошка катастрофа, а загрозени се и природните богатства во околината).

Јас не го говорам ова зашто ги мразам Албанците, туку зашто ги сметам за нормални луѓе, а не за некакви ретарди, на кои стално треба да им се простува за нивните глупости. Луѓето немаат само права, туку и обврски, па Албанците веќе мора да пораснат и да преземат одговорност за своите постапки.

Типично за нив е и вечното глумење на жртви. Некои ќе се сетат на „масовните труења на албански ученици“ (што е класика), а во периодот 1994 – 2008 г., македонските Албанци беа вклучени во меѓународната Организација за незастапени народи, со што се сведоа самите себеси на некакви Курди, Бијафранци или Ујгури, иако веќе имаа независна држава, Албанија, и иако веќе беа застапени во македонската власт. Ова глумење на жртви оди дотаму, што на претседателските избори во 2009 г., Имер Селмани се претстави себеси како „македонски Обама“, небаре Албанците биле продавани како робови и терани со камшик да берат памук. А иронично, 10 години подоцна, Албанците му подигнаа биста во Чаир на американскиот претседател Вудроу Вилсон, заради неговата поддршка за Албанија, при што беше премолчан фактот дека тој бил тежок расист. И на крајот на краиштата, албанските аги, бегови и паши биле дел од владејачката класа во Османлиската Империја, а памукот (или бостанот) сме го береле ние. Толку за „вечната угнетеност“ на Албанците.

А споменици на значајни Албанци веќе имаме, фала на прашањето. Во центарот на Скопје стојат Неџат Аголи, Пјетро Богдани и Јосиф Багери, како и спомен домот на нобеловката Мајка Тереза, а во Битола имаме Музеј на албанската азбука. Ќе признаеш, сето ОВА е многу пофино од ОНА. И на крај, во една ваква балканска средина, подигањето на споменици на ОНА не само што е расфрлање со пари (споменикот во Слупчане чини €200000), туку е и провокација, особено сега, кога сиот слободен свет мора да е сплотен за да ѝ помогне на Украина. Создавањето на неслога и тензии во западниот табор е недозволиво, а кај многу Македонци ова создава разочараност од Западот и ги турка во прегратките на Путин или на некои структури во Белград, што е исто така катастрофа.

Автор: Вангел Башевски-Барми (https://facebook.com/vbb.mk)

loading...

cách ăn tiền go88 tải game go88 go88 quên mật khẩu

sunwin pro plus apk play sunwin sunwin 247. club