МЗШВ: Отворено писмо на министерот Љупчо Николовски до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, нивните пратеници и коалицијата
МЗШВ: Отворено писмо на министерот Љупчо Николовски до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, нивните пратеници и коалицијата
ДУИ: Рекордно покачување на платите од 15% за наставниците
ДУИ: Рекордно покачување на платите од 15% за наставниците
Кој води психолошка војна против братска Србија?
Кој води психолошка војна против братска Србија?
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Брнабиќ се сретна со Ковачевски, заедно ќе присуствуваат на економскиот форум во Александар Палас
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Брнабиќ се сретна со Ковачевски, заедно ќе присуствуваат на економскиот форум во Александар Палас
Ковачевски: За економски успех потребни се реформи во образованието
Ковачевски: За економски успех потребни се реформи во образованието
Победниците на „Евровизија“ тргнуваат на турнеја низ Европа за да собираат пари за војската и добротворните организации во Украина
Победниците на „Евровизија“ тргнуваат на турнеја низ Европа за да собираат пари за војската и добротворните организации во Украина
УНИВЕРЗИТЕТ АУЕ ФОН: Факултетот за правни и политички науки во рамките на својата годишна програма, организираше дебата за студентите на тема „Право на абортус“
УНИВЕРЗИТЕТ АУЕ ФОН: Факултетот за правни и политички науки во рамките на својата годишна програма, организираше дебата за студентите на тема „Право на абортус“
Делегација од Општина Куманово на покана на активистите од невладиниот сектор кои што работат на Ромските прашања на Балканот е во посета на Европскиот парламент во Брисел на настанот "The Most Roma Friendly Mayor"

Реактор: Родово-базираната дискриминација во земјава е на исто ниво како во 2019

Фото: Реактор- истражување во акција
Вчера во просториите на Јавна соба, Реактор – Истражување во акција го промовираше последното истражување на тема: „Родово-базирана дискриминација и работнички права во Северна Македонија“.

На панел дискусијата по повод оваа промоција, Васка Лешоска истражувачка во Реактор, презентираше дел од официјалната статистика за пазарот на труд која упатува дека разликата во вработеноста меѓу мажите и жените на работоспособна возраст изнесува 19 процентни поени и е речиси двојно поголема од европскиот просек. Покрај ова, речиси половина од жените на работоспособна возраст според официјалната статистика се водат како економски неактивни, односно се исклучени од пазарот на платен труд.

Извештајот дава преглед на информации и прави споредба на состојбите поврзани со недостатоците во релевантната законска рамка; застапеноста и природата на родово базираната дискриминација на пазарот на труд; и начинот на кој институциите ги третираат таквите случаи.

„Поради бременост останав без работа, иако во компанијата работев 3 години. Па во четврти месец им соопштив дека сум бремена, и за една недела останав без работа“;„Откако одлучив да не спијам со директорот, бев избркана од работа после три недели“, се дел од сведоштвата на жени опфатени во истражувањето.

„Она што загрижува е наодот дека малку од случаите се пријавени до надлежните институции, односно 87% од испитаниците, не контактирале ниту една институција за да пријават родово базирана дискриминација“, посочи Лешоска.

„ОВИЕ РОДОВИ ЈАЗОВИ, КОИ СЕ ПЕРЗИСТЕНТНО ВИСОКИ СО ДЕКАДИ НАНАЗАД, СЕ ИНДИЦИЈА ЗА СТРУКТУРНАТА РОДОВО БАЗИРАНА ДИСКРИМИНАЦИЈА КОЈА УКАЖУВА ДЕКА ЖЕНИТЕ И МАЖИТЕ НЕМААТ ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА ПРИСТАП ДО ПЛАТЕНО ВРАБОТУВАЊЕ.“ – РЕАКТОР- ИСТРАЖУВАЊЕ ВО АКЦИЈА

На панелот свое обраќање имаа Светлана Цветковска од Министерството за труд и социјална политика, Кире Василев од Комисија за спречување и заштита од дискриминација и Драгиња Аврамчевска, Државен инспекторат за труд кои ги споделија институционалните заложби и механизми за заштита од родово базираната дискриминација, како и Кристина Ампева од Гласен Текстилец и Ина Џугуманова од Хелсиншкиот Комитет за човекови права кои ги споделија искуствата од терен и напорите на граѓанските организации во борбата против родово-базираната дискриминација.

Генералниот заклучок е дека нема значаен напредок и подобрување на состојбите со родово-базираната дискриминација во споредба со наодите од првото истражување од овој вид, објавено во 2019 година, а спроведено од Реактор – Истражување во акција.

„Имајќи предвид дека нееднаквиот пристап до платена работа е рефлексија на нееднаквата распределба на обврските за грижа, се препорачува што поскоро усвојување на нов Закон за работните односи кој ќе ја препознае раната грижа за децата како споделено право и обврска и на мажите и на жените, овозможувајќи платено родителско и непреносливо татковско отуство, како и целосна заштита на бремените работнички со договори на определено време“, истакнуваат од Реактор.

Заклучоците од панел дискусиите упатуваат на потреба од системско и мултисекторско постапување, како и потреба за востановување на институционални пракси за спречување и заштита од родово-базирана дискриминација во работните односи. Како резултат на тоа, граѓанските организации во регионот поднесоа конкретни препораки за најмалку 16 закони и политики, вклучувајќи препораки за измена на Законите за работни односи низ Западен Балкан, врз основа на директивите на Европската Унија, особено правото на ЕУ за родова еднаквост.

Ова истражување е изработено со поддршка на Европската унија и Шведската агенција за меѓународен развој и соработка како дел од регионалната иницијатива за справување со овој вид на дискриминација „Унапредување на работничките права на жените“, која се спроведува во шест земји од Западен Балкан.

loading...

https://animedao1.com/. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

AnimeDao Attack on Titan Final Season (Dub)

anime stream Dragon Ball Super (Dub)

The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement Episode 15

DARLING in the FRANXX (Dub)

Black Clover

tải go88