Речиси 63 отсто од учениците потврдуваат дека насилството е често присутно во училиштата

Високи 70 проценти од учениците се сведоци на насилно однесување во нивните училишта, но истото не го пријавуваат од бројни причини, меѓу кои не знаењето кому да пријават или како да пријават, а да останат аноними пријавувачи. Висок процент на ученици, односно 82,3 проценти, одговориле дека наставниот кадар посветува најмногу време на ваква едукација, покажа истражувањето на Тинк-тенк организацијата Аналитика спроведено со учениците од три средни училишта на територијата на Град Скопје (СУГС “Здравко Цветковски”, СУГС “Зефљуш Марку “и СУГС” Шаип Јусуф”).

Истражувањето било спроведено на репрезентативен примерок од 305 ученици во училишта со мешан етнички состав, соопштија од Аналитика, додавајќи дека целта на ова истражување била да се утврдат видовите на насилство на кои се изложени учениците во средните училишта, согледување на улогата на наставниците во превенција и делување при насилно однесување во училиштата, но и на останатите чинители во образовниот систем како што се психолошко-педагошката служба, надлежните институции и родителите.

На денешниот настан на тема: Промовирање на култура на мир и спречување на насилство во образовниот систем на РС Македонија програмската директорка од Аналитика, Бојана Мијовиќ Христовска, истакна дека речиси 63 проценти од учениците потврдуваат дека насилството е често или постојано присутно во училишната средина. Најголем број од нив го препознаваат физичкото насилство кое во голема мера е највидливо, понатака според учениците во висок процент е присутно психичкото и сајбер насилството.

Анета Трпевска, државната секретарка од Министерството за образование и наука истакна дека исклучиво е важно да се негува култура на мир и ненасилство во образовниот систем во РС Македонија. Воедно, таа укажа на сите реформи кои Министерството ги подготвува во насока на спречување на насилството и ја потврди потребата од понатамошна едукација на сите чинители во овој процес, со цел рано детектирање на формите на насилство и спречување на истите. Дополнително, Трпевска истакна дека Министерството за образование и наука останува партнер во овој процес.

Маја Христовска од Аналитика напомена дека кај 43% од учениците доминира одговорот дека насилството е најчесто прекинато од страна на наставниците во училиштето, што посочува на важноста на улогата на наставниот кадар во креирањето на безбедна училишна средина.

Воедно истакна дека високи 83,6 проценти покажуваат дека девојчињата се почестите жртви на родово базираното насилство во училиштата. Родово базираното насилство како и родовата рамноправност сè уште претставуваат една од најгорливите теми во нашата заедница, па и во училиштата. Кога зборуваме за нашето општество, можеме и да додадеме дека родово базираното насилство се третира како табу-тема, отсуствува едукација, како и помош и поддршка на младите девојки.

Професорите од трите средни училишта на територијата на Град Скопје (СУГС „Здравко Цветковски“, СУГС „Зефљуш Марку“ и СУГС „Шаип Јусуф“) на панел дискусијата истакнаа дека училиштата, се исклучително важни во процесот на препознавање и пријавување на случаите на насилство, каде може рано да се открие насилството врз децата, со цел спречување на истото. Важно е да се воспостави отворен и коректен однос помеѓу учениците, наставниците и родителите бидејќи тоа помага во намалување на насилството во училиштата.

Според нив, потребно е стручната служба да работи на развој на конкретни програми за подигање на свесноста за постоење на насилството, на многу повисоко ниво. Исто така, тие нагласија дека е потребна едукација на учениците за превенција од насилство, што ќе придонесе во намалување на насилството во училиштата.

„За таа цел, клучно е континуирано да се вложува во личниот и професионалниот развој на наставниот кадар и стручните служби во училиштата, со цел истите да стекнат и развијат поголеми вештини и компетенции кои би придонеле во креирањето на подобра училишна клима“, препорачаа професорите.

tải sunwin

sunwin club tải sunwin sunwin web

sun win

sun win

sunwin web tải sunwin sunwin tài xỉu