ℹ️ Денес бев во посета на ОВР Пробиштип заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на која се направи увид во завршената реконструкција на зградата на ОВР Пробиштип со енергетска ефикасност, при што се намалува потрошувачката на енергија и се заштитува животната средина.
➡️ Покрај ова, со реконструкцијата значително се подобруваат условите за работа на службите кои функционираат во овој објект, а кои ќе допринесат за подобри и поефективни услуги на граѓаните.