Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог, Богоев пред седницата на раководството на СДСМ: Сега е клучно ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми и да се обединиме како држава
Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог, Богоев пред седницата на раководството на СДСМ: Сега е клучно ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми и да се обединиме како држава
Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог
Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог
(ВИДЕО) ЕФТОВ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ИЗБРЗАМЕ И ДА ГО ОДБИЕМЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ТОА ЌЕ БИДЕ КАРДИНАЛНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА
(ВИДЕО) ЕФТОВ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ИЗБРЗАМЕ И ДА ГО ОДБИЕМЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ТОА ЌЕ БИДЕ КАРДИНАЛНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА
(ВИДЕО) Денеска општина Кавадарци им ги доделени решенијата на 16 невработени лица се ангажирани за извршување на општо корисна работа
(ВИДЕО) Денеска општина Кавадарци им ги доделени решенијата на 16 невработени лица се ангажирани за извршување на општо корисна работа
Денеска во својот кабинет градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији
Денеска во својот кабинет градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији
Модифицираниот француски предлог од утре на увид пред јавноста
Модифицираниот француски предлог од утре на увид пред јавноста
Ковачевски: Имаме план и стратегија која очигледно дава резултати
Ковачевски: Имаме план и стратегија која очигледно дава резултати
БРАВО: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ Скопје при дарување крв
БРАВО: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ Скопје при дарување крв

РЕЗИЛ: Два месеца по руската агресија во Украина, официјална осуда за неа досега испратија речиси сите цркви, но не и МПЦ-ОА

МПЦ-ОА сѐ уште ја нема осудено руската агресија во Украина

Два месеца по руската агресија во Украина, официјална осуда за неа досега испратија речиси сите цркви, но не и МПЦ-ОА. Пораките за мир и повикот против насилството и страдањата во празничните посланија, не може да бидат супститут за она што една православна црква треба јасно и гласно да го каже. Зошто МПЦ-ОА досега не го стори тоа?

„Целосно неразбирливо е од кои причини МПЦ јасно и гласно не го кажува својот став за војната и руската агресија во Украина. Од кои причини, дури и во последното Велигденско послание на архиепископот Стефан, само се упатува апел да ‘запре братоубиствена војна која во изминативе недели се води по украинската православна земја’, без притоа да се каже кој е агресор, кој е жртва, кој ги прави злосторствата во Украина, кој убива, кој ги урива не само живеалиштата, туку и верските храмови“, вели новинарот и верски аналитичар Бранко Ѓоргевски.

Единствено нешто што досега беше соопштено за ова прашање е изјавата на синодскиот портпарол, владиката Тимотеј, за „Плусинфо“ од пред два месеца.

„Не сме ја осудиле руската агресија врз Украина поради тоа што не сме имале заседание. Не верувам дека архиепископот ќе свика заседание во текот на оваа недела, затоа што е прва недела од Велигденскиот пост и тогаш не се заседава. Сите архиереји во текот на оваа недела се в црква, таков е периодот“, изјави владиката Тимотеј на трети март.

Тој го осуди рускиот напад врз Украина, но потенцираше дека тоа е негов став, а не на Црквата.

„Најдобро би било да престане таа лудорија. Меѓутоа, тоа не зависи од нас. Гледате дека не ги слушаат и поголемите сили, а сигурно нема да нѐ послушаат и нас“, изјави владиката.

Приказна за инспирација

Ваквата малодушност го испровоцира професорот и амбасадор Денко Малески да раскаже една приказна од древен Рим, која инспирира на ангажман, борба и отпор против секое зло. Уморен воин на пат кон својот дом на земјата забележал едно врапче легнато на грб, со ноџињата кренати кон небото.

(Сторијата продолжува по рекламите)

– Што правиш? – го прашал воинот врапчето.

– Зарем не си слушнал дека денес небото ќе падне? – одговорило врапчето.

– Па, зарем ти ќе го спречиш тоа? – се насмеал воинот.

– Секој е должен да направи онолку колку што може – одговорило врапчето.

Малески ја сподели оваа приказна во надеж дека таа ќе инспирира.

Но, инспирацијата до денес не дојде кај МПЦ-ОА. Првата недела од велигденските пости одамна помина, помина и Велигден, Црквата и натаму е без официјален став. А токму на Велигден рускиот напад врз Украина влезе во третиот месец и беше одбележан со гранатирања и жртви.

„На Русија ѝ беше понуден Велигденски прекин на огнот. Но, православниот свет виде дека за руските напаѓачи Велигден не значи ништо. Руската армија го направи овој Велигден црвен не само формално на календарот, туку и црвен од крв. Христијани не би направиле нешто такво имајќи можност да склучат мир. Дали се христијани овие луѓе кои продолжија да ги гранатираат нашите градови? Кои на Велигден убија уште две деца во Доњецката област – девојчиња на возраст од пет и четиринаесет години? Она што Русија го прави на територијата на Украина – дефинитивно не е христијанство. На ова се спротивставуваше Христос“, рече во обраќањето украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Ukraine Krieg l Orthodoxe Ostern in KievВо војничка униформа на Велигденска богослужба во Киев (24.04.2022)
Две причини за молк

„Можни се две причини зошто МПЦ-ОА молчи и тактизира во однос на својот став“, вели Ѓоргевски.

„Едната е желбата да не се нарушуваат односите со Руската православна црква со оглед на значењето кое таа го има во Православието. Но, таквата калкулација нема да ни донесе некаков бенефит во процесот на признавањето на нашата автокефалност. Ставот на РПЦ е одамна познат: тие сакаат решение на нашиот црковен проблем, но секогаш стојат на страна на Српската православна црква. Тоа им е одамна јасно на македонските владици, и оттаму таа калкулација за ‘ненарушување’ на односите со црковна Москва која ништо нема да ни донесе“, смета тој.

Потсетува дека МПЦ своеверемено била изневерена од РПЦ, кога нејзиниот владика Иларион Алфеев посредувал во ослободувањето на Јован Вранишкоски од затвор.

„Тогаш, според моите информации, имаше ветување од Алфеев дека нашиот црковен проблем ќе биде на брз колосек за признавање, кој требаше да финишира на Сеправославниот собор на Крит во 2016 година. Но тоа ветување не се оствари. Напротив, се случи бојкотот на Руската и три други цркви на тој Сеправославен собор, за што црковна Москва имаше свои стратегиски причини, а нашето прашање остана нерешено“, потсетува Ѓоргевски.

Втората причина за молкот на МПЦ-ОА ја гледа во постоењето на едно силна проруска струја конкретно во Синодот на МПЦ, каде неколкумина владици силно ги поддржуваат позициите на Руската црква и нејзините ставови, па веројатно постои страв од нивна можна реакција доколку би се излегло со заеднички црковен став за осуда на руската агресија.

(Сторијата продолжува по рекламите)

„Всушност, мислам дека на ниво на Синодот на МПЦ не би можел да се постигне таков единствен заеднички став околу осудата на руската агресија, заради ориентацијата на овие неколкумина владици кои се од помлада генерација. Нашиот поглавар Стефан еден ден ќе треба да одговори зошто е дозволено толкава ‘акумулација’ на владици со проруски симпатии во врвот на МПЦ, кои отворено ставаат ‘руски крстови’ по некои наши нови цркви во одредени епархии, што во ситуација кога бараме и очекуваме автокефалност од Вселенската патријаршија може да предизвика големи проблеми, па дури и создавање на случаи од типот на отцепувањето на Јован Вранишкоски“, вели Ѓоргевски.

Nordmazedonien Skopje Orthodoxe Weihnachten​​Поглаварот Стефан еден ден ќе треба да одговори зошто е дозволено толкава Њакумулација“ на владици со проруски симпатии во врвот на МПЦ, вели Ѓорѓевски
Молитва за прекин на страдањата

МПЦ-ОА можеше да направи гест – архиепоскопот Стефан во велигденската литургија да го спомне украинскиот поглавар Епифаниј меѓу имињата на поглаварите на православните цркви кои ги наведуваше, но не го стори тоа.

„Иако досега имаше причини зошто МПЦ не требаше да брза со признавањето на новата Православна црква во Украина којашто ја призна Вселенската патријаршија (и уште три други православни цркви), сега тие причини, врзани за процесот на добивањето на нашата автокефалност, не се толку важни. Мислам дека велигденската литургија требаше да биде момент во кој нашиот архиепископ ќе го спомне украинскиот поглавар Епифаниј. И од причина што месните православни цркви воопшто не молчат кога е во прашање осуда на руската агресија. Токму Украинската православна црква – Киевски патријархат, која е автономна црква на Руската православна црква, меѓу првите ја осуди руската агресија, се заложи за украински интегритет, а нејзини свештеници бараат осуда на рускиот патријарх Кирил. Осуди дојдоа и од Романската православна црква, која не само што ја осуди војната ‘започната од Русија против суверена и независна држава’ туку воведува и посебни нови молитви врзани со војната во Украина“, посочува Ѓоргевски.

Последниов пример покажува како една црква може да покаже и цврст став и големина во нејзиното дејствување. Романската православна црква предложи нови молитви за време на Богослужбите кои се однесуваат на прекин на војната во Украина, со внесување на нови молитви во малата и голема ектенија.

„Такво нешто, некој вид молебен за мир, посебна молитва за прекин на страдањата на украинскиот народ, треба да организира и МПЦ за да барем преку таков еден чин покаже на која страна се наоѓа“, порачува Ѓоргевски.

извор: ДВ

loading...

link vào go88 cskh go88 chơi go88 online

sunwin apk 2020