Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија

Ристова-Астеруд: Локалната и централната власт се различна работа, владата да си го истера мандатот до 2024-та па народот ќе си каже тогаш на избори

Владејачката коалиција предводена од СДСМ, од правно-институционален аспект, организира чесни и фер локални избори, со одличен резултат за опозицијата.

Ниту СДСМ, уште повеќе опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, да не ја оплескуваат сега и во тој дел со некаквиси акробации за оставки на претседателот на владата и последователно паѓање на владата, па формирање нови парламентарни мнозинства, а и со барања и очекувања за предвремени парламентарни избори. Во тој правец, не се ок првите пост-изборни изјави на Заев и Мицковски.

Ниту оставката на Заев, ниту барањето предвремени парламентарни избори, се добри вести, колку и некому така да му се чини.
Ајде, може ли е еднаш конечно да се мисли за големата слика во интерес и за благосостојба на напатеното ни граѓанството и земјата, за континуитетот, за градењето добри политички пракси и обичаи, независно кој е на власт, кој во опозиција, во централната власт?! За прави му го на другиот тоа што сакаш тој/таа тебе да ти прави( декорум), не му го прави на другиот тоа што не сакаш тој /таа тебе да ти го прави (правда), практикувај го за себе тоа што го зборуваш и очекуваш од другите да си го прават себеси(чесност)? Такви некакви дребулии кои се покажале за многу ефикасни и ефективни кај некои други, споредбено?

Значи, сите слободно терајте си политички и политиколошки анализи за изборите, кои биле грешките, пораките, поуките, казните, кој да ти бил легитимиран, кој да ти бил делегитимиран. Ама сето тоа за до редовните парламентарни избори, а и најнепосредно за ефектуирање во новите мандати за во локалната власт.
Колку и да ги третирате локалните избори за некаква предигра за парламентарни избори, самото по себе бесрамно и загрижувачко, не заборавајте некои основни работи.
Непобитен факт на нашето уставно уредување е поделбата на власта , вклучително и на централна и локална. Едната се устројува на редовни парламентарни и претседателски избори, другата се устројува на локални избори. Што не е јасно во тој дел?!

Исто така, непобитен факт на нашето уставно уредување е дека кога власта ви е претставничка демократија заснована на граѓански суверенитет и избори, некои ќе победуваат, некои ќе губат, падни-стани. Тоа во крајна линија е за да биде ограничена, одговорна и контролина власта од граѓанството, а не за “пресметка”, “начекување” и што се’ не, на сите оние кои претендираат да му бидат преставништво. Што пак не е јасно во овој дел?! Сето тоа со добивање и губење на избори треба да се разбира како редовен и нормален факт, кој не треба премногу да се драматизира, скраја радикализира, не сме ваљда уште во фазата на политичка незрелост, не сме политички инфантилни?

По двата основа, мандатот е 4 години ( освен за шефот на државата кој е 5 години), и правило треба да биде дека сите и секој треба да си ги завршуваат редовните мандати! Тие не се димензионирани случајно така, ниту пак ние сме ги измислиле така. Тие се така како се за да имате оптималност, ферски поставена шанса и проценка за одговорност, но и заради економичност, во политиките и владеењето во корист на граѓанството. Сето тоа е уште поголем императив во сиромашна земја како нашата, со многу проблеми, некои многу комплексни.

Оттука, и ние како граѓанство, а и политичкото ни преставништво, треба да разбереме дека и покрај проекциите што си ги имаме за некаква политичка “тотална контрола” и “ целосна одговорност”, такво нешто не постои ниту во тоталитарни поредоци со сите нишани, камоли во вакви како нашиот. Ниту од индивидуа, ниту од партија, ниту од било кој друг актер или сателит во политиката.
Ако сакаме уставното ни уредување да профункционира како треба, проекциите треба соодветно и така да си ги наштелуваме, баш како погоренаведено, имено, поделба на власт, па локална е локална, централна е централна , даваме различни мандати за едната и за другата, на различни избори, со различни шанси и можности за мегдан и одговорност.
И немаме ниту пари, ниту време, ниту енергија, ниту капацитет за арчење, скраја повеќе од тоа што е оптималното, рационалното и економичното.

Постарите може и се сеќаваат, така всушност и почнавме во независната ни државност, и дојде Груевски, и сето тоа го преиначи, и не внесе во филмот на предвремени избори како замена за суштинска политика и уште посуштинска политичка одговорност за редовен мандат. Придружни последици на тоа беше постојаното држење на сите во тензија , изместување од своето лежиште на се’ и на сите, губење на перспектива за големата слика и континуитетот на политиката и системот, а за трошоците и за штетите, материјални и нематеријални, ич муабет да не се прави, впрочем, нам како на искомплексирана балканска аристократија, вулгарно ни е за тоа муабет да правиме. Да неќе да е повеќе, сиромашните плаќаат двојно-тројно, а и предвремено?!

Се на се’, ајде, не се глупирајте со садо-мазо политички акробации, и поразените, и победниците, фатете се здраво за новите локални мандати, истерајте парламентарно-владините до следните редовни парламентарни избори, па тогаш граѓанството на сите ќе ви каже што-како. Минатите избори биднало како биднало парламентарно мнозинство и влада , и нека си се истера редовниот мандат како треба.

Патем, ако не забележувате , со секои избори се’ повеќе граѓанството ни се однесува “како Амери”, т.е се’ повеќе почнува да внесува и т.н социолошка поделба на власта. Јакне разбирањето дека треба да се внесуваат кочници и рамнотежа од тој тип, “безбедносни вентили”, “камче во кондура”, за никој да не е прекомотен и залегнат во власта, и за никој да не го зема здраво за готово. Чинам расте бројот на индивидуални гласачи кои својот глас ги делат по логика , за едните ваму ќе гласам , за другите таму, за трети онаму… Ќе видиме и тоа како натаму ќе се развива , се надевам нема да премине во некоја друга крајност на преголемо раситнување, па да се изгуби секоја ефикасност и ефективност во политиката до степен на парализа, што пак би било на нивна штета, туку баш да биде во вистинската мера, како таман сол за вкусна (политичка) манџа.

ФБ статус на Каролина Ристова-Астеруд

loading...

Go88 Live - Thiên Đường Cờ Bạc, Nổ Hũ Trực Tuyến go88 go88.mobi go88 apk ios

link tải sunwin cho ios online sunwin sunwin android