Заев: Соработката на Владата со Црвениот крст ја креваме на следно ниво, преку Стоковите резерви се обезбедува хуманитарна помош која во секое време ќе биде достапна за граѓаните
Заев: Соработката на Владата со Црвениот крст ја креваме на следно ниво, преку Стоковите резерви се обезбедува хуманитарна помош која во секое време ќе биде достапна за граѓаните
(ВИДЕО) ЗАЕВ: Граѓаните ќе изберат каква иднина сакаат за својата општина и својата татковина
(ВИДЕО) ЗАЕВ: Граѓаните ќе изберат каква иднина сакаат за својата општина и својата татковина
Претседателот Пендаровски се обрати на 20.состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави
Претседателот Пендаровски се обрати на 20.состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави
Вицепремиерот Николовски на средба со извршната директорка на Канцеларијата на ООН за борба против дрога и криминал, Вали: Напредокот е препознаен и оттаму и поддршката од меѓународните партнери за бескомпромисна борба против корупцијата
Вицепремиерот Николовски на средба со извршната директорка на Канцеларијата на ООН за борба против дрога и криминал, Вали: Напредокот е препознаен и оттаму и поддршката од меѓународните партнери за бескомпромисна борба против корупцијата
ПОЛЕКА СО АРОГАНЦИЈАТА КОЛЕГИ - ПОЛИТИЧАРИТЕ СЕ 100 ПАТИ ПОХРАБРИ, ПОРАБОТЛИВИ, ПОЧЕСНИ И ПОПАМЕТНИ ОД НОВИНАРИТЕ
ПОЛЕКА СО АРОГАНЦИЈАТА КОЛЕГИ - ПОЛИТИЧАРИТЕ СЕ 100 ПАТИ ПОХРАБРИ, ПОРАБОТЛИВИ, ПОЧЕСНИ И ПОПАМЕТНИ ОД НОВИНАРИТЕ
СУГАРЕВЦИ - ПРЕКРАСНО СЕМЕЈСТВО НА ИДНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ПРИЛЕП
СУГАРЕВЦИ - ПРЕКРАСНО СЕМЕЈСТВО НА ИДНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ПРИЛЕП
Посакувам оваа сезона на берба на јаболка да биде бериќетна и успешна- Арјанит Хоџа, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Посакувам оваа сезона на берба на јаболка да биде бериќетна и успешна- Арјанит Хоџа, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
(ВИДЕО) ЕВЕ ЗОШТО СМЕ НАЈСИРОМАШНИ ВО ЕВРОПА - 30 ГОДИНИ СИ ПАТИМЕ ОД ВАКВИ ТВ ПРОСТИТУТКИ СПРЕМНИ БЕЗ СРАМ ДА ИМ ПРАВАТ ТВ ФЕЛАЦИО НА МАФИЈАШИ
(ВИДЕО) ЕВЕ ЗОШТО СМЕ НАЈСИРОМАШНИ ВО ЕВРОПА - 30 ГОДИНИ СИ ПАТИМЕ ОД ВАКВИ ТВ ПРОСТИТУТКИ СПРЕМНИ БЕЗ СРАМ ДА ИМ ПРАВАТ ТВ ФЕЛАЦИО НА МАФИЈАШИ

РСБСП: Новини во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) со појаснување на најновите измени на Законот за за безбеденост на сообраќајот на патиштата (ЗБСП) кои веќе стапија во сила.

Во прв план, како што појаснуваат од РСБСП, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се усогласува со Законот за прекршоци со што во голем дел се намалува висината на предвидените парични санкции за сторен сообраќаен прекршок.

– Важно е да се потенцира дека за оние сообраќајни прекршоци кои спаѓаат во групата на животозагрозувачки (возење под дејство на алкохол, непочитување на правилата за ограничување на брзината, итн.) висината на предвидените парични санкции за сторен прекршок останува непроменета. Согласно тоа, освен наведените прекршоци дефинирани како животозагрозувачи, за останатите прекршоци, највисока парична санкција за физичко лице, за сторен сообраќаен прекршок, изнесува 250 евра во денарска противвредност, наведуваат во соопштението.

Новина во делот на санкционирањето е и тоа што се укинуваат таканаречените „негативни поени“ кои досега се впишуваа како замена за изречена парична санкција за сторен сообраќаен прекршок. Измените на ЗБСП предвидуваат и низа други новини од кои посебно се издвојува тоа што се регулира учеството во сообраќај со електричен тротинет.

– Како поважни одредби со кои се регулира учеството во сообраќај со електричен тротинет се издвојуваат: возачот на електричен тротинет е должен да го управува тротинетот по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци (се забранува движење со тротинет на коловоз); возачот на електричен тротинет, не смее да се движи по велосипедска патека, односно лента со брзина поголема од 25 km/h., додека по тротоар, пешачка патека или друга површина наменета за движење на пешаци, не смее да се движи со брзина поголема од 6 километри на час, посочуваат од РСБСП.

Додаваат дека електричен тротинет може да управува лице кое навршило 14 години возраст; возачот на електричен тротинет треба да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилото (треба, но нема санкција за неносење); возачот на електричен тротинет, од првиот самрак до потполно разденување, како и во услови на намалена видливост, е должен да носи рефлектирачки елек за време на управувањето на возилото. На електричниот тротинет задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна и светло со црвена боја на задната страна.

– Друга новина во ЗБСП е тоа што возрасната граница за издавање на возачи дозволи изнесува 75 години, наместо 70 како што беше досега со тоа што возач на моторно возило кој наполнил 75 години возраст, задолжително подлежи на контролен здравствен преглед во временски интервали кои не можат да бидат подолги од пет години. Законот предвидува и можност за одземање на возилото до 90 дена, појаснуваат од РСБСП.

Според измените на ЗБСП, полициски службеник може да исклучи возило од сообраќај и привремено да го одземе возилото, до утврдување на техничка исправност, но не подолго од три работни дена.

– Доколку биде утврдена техничка неисправност на возилото, која се однесува на предизвикување на голема бучава или во случај кога сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месеци, возилото се одзема во времетраење од 90 дена, се вели во соопштението.

Според измените на ЗБСП, доколку возачот во период од една година, откако му е изречена санкција – забрана за управување на моторно возило од определена категорија, стори друг сообраќаен прекршок за кој е предвидена прекршочна санкција – забрана на управување со моторно возило, тогаш ќе му биде изречена прекршочна санкција – престанок на важење на возачката дозвола за истата категоријата за која му била изречена прекршочната санкција – забрана за управување.

– Со други зборови доколку еден возач за иста категорија на возачка дозвола, за период од една година од изречувањето на првата санкција, стори друг прекршок за кој е предвидена санкција забрана за управување на моторно возило, тогаш на тој возач трајно му се одзема возачката дозвола за таа категорија, појаснуваат од РСБСП.

Санкцијата забрана за управување на моторно возило, потсетуваат, се однесува за сторени потешки сообраќајни прекршоци – возење под дејство на алкохол и психотропни супстанции, возење во населено место со брзина поголема од 30 километри на час над дозволената, итн.)

РСБСП апелира да се вози одговорно и да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

loading...

Website https://animedao.nl: Watch .hack//Quantum (Dub) animedao Episode 3 fairy tail animedao

Akuma Tou no Prince: Mitsume ga Tooru Episode Full

TwistMoe: Lupin III: Crisis in Tokyo anime episode Full online free at https://twistmoe.net teist moe

Website https://kissanime.mx: Watch Haruka Nogizaka's Secret: Finale kissanime Episode 4 kissanime2

Bit: http://bit.do/https-animefreak-ws

Thingiverse: https://www.thingiverse.com/kissanimemx/designs