Русија е побеснет ѕвер со седум глави што гризе од сите страни. Сочувствуваме и навиваме за Украина, но Зеленски мора да попушти за доброто на својот народ!

ВО ИМЕ НА БЕСКРАЈНАТА ЉУБОВ КОН УКРАИНА

Како и да е, сите сме свесни дека Украина не може да ја добие оваа војна со стопати помоќниот воен потенцијал на Русија без воена помош однадвор. И Зеленски е свесен за тоа. Најверојатно веќе разбира дека воена помош од западниот свет нема да добие. И на Европа и на Америка рацете им се врзани со заканата на Путин со нуклеарен одговор доколку НАТО се замеша во конфликтот.

Е, сега, да се вратам на библиската легенда од почетокот. Се исплати ли Зеленски толку упорно да се бори, толку луѓе да изгинат; се исплати ли неговото чедо Украина непријателот да го срамни со земја, да го потамани украинскиот народ, да го расее низ светот како некое номадско племе, за кое во догледно време нема враќање дома, во татковината. Не!

Зеленски мора да попушти! Да се откаже од НАТО, да прифати некои од непристојните барања на Русија и да проба да си го спаси својот народ од урнатините. Нека „капитулира“ како Австрија пред Хитлер, како вистинската мајка од мудроштиите на Соломон, баш во име на бескрајната љубов кон Украина.

А, на Путин, по овој жесток украински отпор веќе му е јасно дека Украина по оваа војна можеби извесен период ќе биде физички поробена. Но исто така му е јасно дека борбата на украинскиот народ за слобода е конечно извојувана. И последното зрно наклонетост на Украинците кон Русија засекогаш е изгубено. Русија веќе за Украинците никогаш нема да биде „мат раднаја“!

Ана Пановска, ИЗВОР ФОКУС.МК