САКАМ ДА ВЕРУВАМ ДЕКА Е НЕНАМЕРЕН ПРОПУСТ, КАЖА КОВАЧЕВСКИ ЗА ИСЕЧЕНАТА СЛИКА НА ПЕТКОВ

Ковачевски го пречекува Петков во Скопје на 18 јануари година. (Фото: Ѓ. Личовски)

Премиерот Димитар Ковачевски сака да верува дека станува збор за ненамерен пропуст откако вчера бугарскиот премиер Кирил Петков го исече од фотографијата од нивната заедничка средба со американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Минхенската безбедносна конференција.

„Уште вчера бугарската владина прес-служба кажа дека се работи за ненамерен пропуст. Ние со бугарскиот премиер Кирил Петков имавме навистина одлична комуникација на Минхенската безбедносна комуникација. Сакам да верувам дека одговорот што е даден од прес-службата на бугарската влада е тој вистинскиот и дека ќе продолжиме со одличната комуникација“, изјави Ковачевски денеска, одговарајќи на новинарско прашање за време на увидот во работите на делницата Крупиште – Кочани од новиот експресен пат Штип – Кочани.

Целата фотографија на Фејсбук првин ја објави Ковачевски завчера и напиша дека имал срдечна средба со државниот секретар на САД Ентони Блинкен за време на обраќањето на потпретседателката на САД Камала Харис.

Петков вчера ја објави исечената слика, исто така, на Фејсбук, но во објава со неколку други слики, и напиша дека елиминацијата на корупцијата е врвен приоритет за целата демократска заедница и безбедносните служби.

tải sunwin

sunwin

sunwin sunwin sunwin

tải sunwin sunwin web sunwin

sunwin