На денешен ден на 15 мај 2017 година , Канал 5 започна со емитувањето на најгледаната и највлијателна политичка ТВ емисија „Само Вистина“
На денешен ден на 15 мај 2017 година , Канал 5 започна со емитувањето на најгледаната и највлијателна политичка ТВ емисија „Само Вистина“
ВО ЃОРЧЕ СЕ РАБОТИ ТУРБО: НОВ КРУЖЕН ТЕК ВО ВОЛКОВО, НОВИ УЛИЦИ ВО ДЕКСИОН И ДАМЕ ГРУЕВ, СЕ ЧИСТАТ КАНАЛИ...
ВО ЃОРЧЕ СЕ РАБОТИ ТУРБО: НОВ КРУЖЕН ТЕК ВО ВОЛКОВО, НОВИ УЛИЦИ ВО ДЕКСИОН И ДАМЕ ГРУЕВ, СЕ ЧИСТАТ КАНАЛИ...
ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО ВО НАЈДОБРИОТ ЛЕТЕН ДЕТСКИ КАМП ОДИМЕ НА МОРЕ – ОДИМЕ НА КОУЗОН КАМП И ВО 2021
ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО ВО НАЈДОБРИОТ ЛЕТЕН ДЕТСКИ КАМП ОДИМЕ НА МОРЕ – ОДИМЕ НА КОУЗОН КАМП И ВО 2021
ФОТО НА ДЕНОТ - СДСМ НИКОГАШ НЕ БИЛ ВОЛКУ МОЌЕН: ВЛАСТА ОД ЛОКАЛНО ПА ДО ЦЕНТРАЛНО НИВО ВО ЕДНА ФОТКА
ФОТО НА ДЕНОТ - СДСМ НИКОГАШ НЕ БИЛ ВОЛКУ МОЌЕН: ВЛАСТА ОД ЛОКАЛНО ПА ДО ЦЕНТРАЛНО НИВО ВО ЕДНА ФОТКА
ШУЌУР, КОНЕЧНО И ХИСТЕРИЧНИОТ САШО ТАСЕВСКИ ДА КАЖЕ НЕШТО ПАМЕТНО: ИЗРАЕЛ Е КРИВ, ГИ ДРЖАТ ПАЛЕСТИНЦИТЕ КАКО ГУЛАБИ ЗА ОТСТРЕЛ!
ШУЌУР, КОНЕЧНО И ХИСТЕРИЧНИОТ САШО ТАСЕВСКИ ДА КАЖЕ НЕШТО ПАМЕТНО: ИЗРАЕЛ Е КРИВ, ГИ ДРЖАТ ПАЛЕСТИНЦИТЕ КАКО ГУЛАБИ ЗА ОТСТРЕЛ!
ЕВЕ ЗОШТО ПЛАЧАТ ПО ТИТОВО ВРЕМЕ, ОСВЕН ШТО ТОГАШ БИЛЕ МЛАДИ СЕКАКО: Кога работникот беше господин...
ЕВЕ ЗОШТО ПЛАЧАТ ПО ТИТОВО ВРЕМЕ, ОСВЕН ШТО ТОГАШ БИЛЕ МЛАДИ СЕКАКО: Кога работникот беше господин...
(ВИДЕО) ДВЕ БАБИ ВМРОВКИ ОД ВЕЛЕС ИМ ГО ЗЕМАА ЛЕБОТ НА ФЧЕРАШНИ И ЗЕВЗЕКМАНИЈА: ДЕЦАТА НЕ СМЕАТ ДА УЧАТ ЗА КОМПЈУТЕРИ, ТОА Е ГОЛЕМО ЗЛО!
(ВИДЕО) ДВЕ БАБИ ВМРОВКИ ОД ВЕЛЕС ИМ ГО ЗЕМАА ЛЕБОТ НА ФЧЕРАШНИ И ЗЕВЗЕКМАНИЈА: ДЕЦАТА НЕ СМЕАТ ДА УЧАТ ЗА КОМПЈУТЕРИ, ТОА Е ГОЛЕМО ЗЛО!
(ВИДЕО) ТРАЈАНОВ: Не сум против легализацијата на градбите на сиромашните, се плашам дека законот ќе го искористат богаташи и криминалци
(ВИДЕО) ТРАЈАНОВ: Не сум против легализацијата на градбите на сиромашните, се плашам дека законот ќе го искористат богаташи и криминалци

САМО СО ПАРИТЕ ОД СЕАД КОЧАН СИ ГИ ЗАРАБОТИЈА ПЛАТИТЕ, ТЕК ШТО ДОПРВА ЌЕ СЕ ЗАПЛЕНУВА: Јавното обвинителство ќе им понуди вонсудска спогодба на вработените во СЈО

Владата на денешната седница усвои информацијата за извршување на одлуката на Уставниот суд во однос на спроведувањето на поништувањето на поединечните акти и дејствија преземени врз основа на Уредбата со законска сила за јавнообвинителските службеници, истражителите и другите вработени во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите (СЈО) за време на вонредната состојба.

– Владата донесе заклучок да му препорача на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во рок од 30 дена од усвојувањето на оваа информација и обезбедувањето на финансиските средства, на јавнообвинителските службеници и другите лица вработени во СЈО, да им понуди склучување на вонсудска спогодба со која јавнообвинителските службеници и другите лица вработени ќе се согласат дека со исплатите на плата и други надоместоци за месеците декември 2019, јануари, февруари и март 2020 година исплатени по присилен пат преку Управата за јавни приходи ги оствариле правата од работен однос за исплата на плати и други надоместоци за наведените месеци, а Јавното обвинителство на Република Северна Македонија се согласува да од неговата трезорска сметка, потпрограма 21, расходна ставка 464 – разни трансфери, да се изврши исплата на платата и други надоместоци според пресметката на Управата за јавни приходи во постапката за присилно извршување за месеците април, мај и заклучно со 30 јуни 2020 година – соопшти владината прес-служба.

Како што се наведува во соопштението, со склучувањето на вонсудската спогодба јавнообвинителскиот службеник и лицето вработено во СЈО се откажува од камати или било какви други надоместоци и трошоци во било каква постапка и се обврзуваат да ги повлечат тужбите по основ на плати, камати и други надоместоци.

– Владата го задолжи Министерството за финансии на буџетската сметка на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија да додели средства од 13.350 илјади денари, заради исполнување на обврските по вонсудските спогодби за плати и други надоместоци, а му препорачува на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доколку во определениот рок не склучат вонсудските спогодби, за тоа да го известат Државниот правобранител на Република Северна Македонија заради преземање на соодветни правни средства, информирајќи го за висината на исплатените плати и на средствата уплатени по фондовите по основ на придонеси и даноци – се додава во соопштението од владината седница

loading...

4Anime my hero academia heroes rising 4anime: Hori-san to Miyamura-kun (https://4anime.biz/m/N8a9) Episode 4

AnimeHeaven animeheaven bleach: Watch Attack on Titan Season 2 (Dub) Episode 10