PLUTO’S DOUBTS - OPENING ACT НА PLACEBO ВО СКОПЈЕ, 16 ЈУЛИ 2022, СТАДИОН НА АРМ!
PLUTO’S DOUBTS - OPENING ACT НА PLACEBO ВО СКОПЈЕ, 16 ЈУЛИ 2022, СТАДИОН НА АРМ!
ВЕЧЕРВА КОНЦЕРТ НА КАРОЛИНА “АЈДЕ ДА ЛЕТАМЕ - GREATEST HITS”
ВЕЧЕРВА КОНЦЕРТ НА КАРОЛИНА “АЈДЕ ДА ЛЕТАМЕ - GREATEST HITS”
WHITESNAKE И DAVID COVERDALE - ЈАВААТ НИЗ СВЕТОТ ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ! Голем open air -12 јули-Стадион на АРМ -Скопје-20 часот!
WHITESNAKE И DAVID COVERDALE - ЈАВААТ НИЗ СВЕТОТ ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ! Голем open air -12 јули-Стадион на АРМ -Скопје-20 часот!
ПОСЛЕ НЕЗАБОРАВНИОТ СПЕКТАКЛ НА СТАДИОНОТ НА АРМ ВО СКОПЈЕ, ОМИЛЕНИТЕ СТАРОМААЛЦИ СЕ СЕЛАТ ВО ОХРИД, НА ИЛИНДЕН, ЗА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА!
ПОСЛЕ НЕЗАБОРАВНИОТ СПЕКТАКЛ НА СТАДИОНОТ НА АРМ ВО СКОПЈЕ, ОМИЛЕНИТЕ СТАРОМААЛЦИ СЕ СЕЛАТ ВО ОХРИД, НА ИЛИНДЕН, ЗА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА!
THIEVERY CORPORATION НА БИС ВО СКОПЈЕ! 03-ти јули, Стадион на АРМ
THIEVERY CORPORATION НА БИС ВО СКОПЈЕ! 03-ти јули, Стадион на АРМ
Ковачевски на средба со коалициските партнери за францускиот предлог
Ковачевски на средба со коалициските партнери за францускиот предлог
РОКАДА ВО БУГАРСКАТА ВЛАДА: НАМЕСТО ПЕТКОВ, АСЕН ВАСИЛЕВ ЌЕ БИДЕ НОВ ПРЕМИЕР, ПЕТКОВ ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ
РОКАДА ВО БУГАРСКАТА ВЛАДА: НАМЕСТО ПЕТКОВ, АСЕН ВАСИЛЕВ ЌЕ БИДЕ НОВ ПРЕМИЕР, ПЕТКОВ ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ
Борисов: Да го финализираме францускиот предлог за Северна Македонија
Борисов: Да го финализираме францускиот предлог за Северна Македонија

СДК: АДВОКАТКА ИЗБРИШАНА ОД РЕГИСТЕРОТ ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ БИДЕЈЌИ ГО ТУЖЕЛА МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА ЗА НЕИСПЛАТЕН ХОНОРАР

Адвокатката Тамара Славеска-Апостоловски прашува каде Министерството за правда тука виде неуспех и што е успех ако не победа пред Врховниот суд. (Фото: СДК.МК)

Само што го доби спорот пред Врховниот суд против одлуките на Скопска апелација и на Граѓанскиот суд Скопје за случајот на Тони Сали кој на 19 години почина без матичен број, неговата адвокатка Тамара Славеска – Апостоловски е избришана од Регистерот на адвокати за Бесплатна правна помош. Министерството за правда (МП) нема да ѝ ги плати трошоците кои таа ги направила за да дојде до правдата за Тони пред Врховниот суд.

Решението за бришење од Регистерот го потпишал министерот за правда Никола Тупанчески.

Славеска-Апостоловски и други нејзини колеги од Регистерот кои пружаат адвокатска помош на сиромашни граѓани и на други ранливи категории, тврдат дека се избришани затоа што го тужат Министерството за правда оти или не им ги признава трошоците во целост, им плаќа само делумно, или воопшто не сака да им плати.

Според решението за бришење, Министерството наведува дека во два случаја адвокатката немала изгледи за успех и место да го извести, таа продолжила да ги тера постапките.

Терајќи ги така постапките, постхумно таа доби правда пред Врховниот суд, кој донесе одлука дека Апелациониот суд Скопје (а со тоа и Граѓанскиот, првостепениот суд) биле надлежни да го утврдат татковството на матурантот Тони Сали, додека тој безуспешно се обидуваше да извади матичен број и извод во Управата за матични книги.

ВРХОВНИОТ СУД ПОТВРДИ ДЕКА МАТУРАНТОТ ТОНИ САЛИ ПОЧИНА БЕЗ МАТИЧЕН БРОЈ ПОРАДИ ГРЕШКА НА ГРАЃАНСКИОТ И НА АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ
Адвокатката прашува каде Министерството тука виде неуспех и што е успех ако не победа пред Врховниот суд.

„Во една прилика новиот министер за правда, проф. д-р Никола Тупанчески, јавно изјави дека адвокатите се клучен чинител за реализирањето на правната сигурност, како најважниот аспект во владеење на правото. Колку се важни адвокатите покажа самиот министер, кој лично се потпиша на неколку Решенија за бришење на адвокати од Регистарот за бесплатна правна помош, со образложение дека истите наводно несовесно постапувале и имале намера да ги злоупотребат буџетските средства. За нештата да бидат поинтересни, несовесноста не се состои во пружање на неквалитетна правна помош или наштетување на интересите на странките, туку во дрскоста на овие адвокати да поднесат тужби против незаконитите Решенија на Секторот за бесплатна правна помош, односно да поднесат барање за наплата на трошоците кои им ги досудиле управните судови поради утврдените незаконитости во работењето на овој Сектор“, тврди Славеска-Апостоловски.

(Сторијата продолжува по рекламите)

Со ваквото постапување, вели таа, Министерството за правда испраќа јасна, но мошне вознемирувачка порака до адвокатите – или ќе ги прифатите трошоците што ние произволно ќе ви ги одобриме, или ќе бидете избришени од Регистарот за бесплатна правна помош.

„При вакви пораки, не е ни чудно што довербата на граѓаните во правосудството изнесува мизерни 8%“, револтирана е Славеска-Апостоловски.

Таа со име и презиме ги посочува одговорните во Секторот, за кој таа и нејзините колеги тврдат дека ем не ги разбираат работите, ем проценката за трошоците во бесплатната правна помош ја вадат од ракав.

„Меѓу тие избришани адвокати се наоѓам и јас, меѓудругото, затоа што сум водела граѓанска постапка за утврдување на татковство и мајчинство од името на Тони Сали, за која Министерството за правда во состав од Оливер Давидовски, помлад соработник во Одделение за бесплатна правна помош, Весна Наковска, раководител на Одделение за бесплатна правна помош и Архин Јахији, државен советник, оценило дека е без изгледи за успех, иако помошта во таквата постапка првично била одобрена. Ваквото постапување на Министерството за правда е контрадикторно самото на себе, но и на ревизиската одлука со која Врховниот суд на РСМ одлучи дека лицата кои остануваат незапишани во матична евиденција поради спор околу родителските врски, имаат право да бараат правда пред граѓанскиот суд“, вели избришаната адвокатка.

Само 10% од вкупниот број на активни адвокати се регистрирани за давање на бесплатна правна помош. Трошоците на адвокатите во постапките во кои е обезбедена бесплатна правна помош се за 30% пониски од трошоците кои се признаваат во другите постапки, тврдат тие. Адвокатите – даватели на бесплатна правна помош велат дека во континуитет се судруваат со потешкотии во одобрувањето на трошоците од страна на Секторот за БПП, „кој честопати дискреционо и произволно ги применува одредбите на Законот за бесплатна правна помош и Адвокатската Тарифа на РСМ“.

„Не се одобруваат трошоците за кои судот веќе претходно досудил да се исплатат во корист на буџетските средства; Службените лица произволно ја определуваат вредноста на предметот на спорот во кој била обезбедена бесплатната правна помош и која судот веќе претходно ја утврдил; Не се признаваат трошоци за застапување на рочишта, иако таквите дејствија се уредно преземени, а рочиштата одржани; По сопствено наоѓање на службените лица, дел од образложените поднесоци ги третираат како необразложени, со што одобрените трошоци се драстично пониски од реалните; Не се досудува зголемување од 50% за состав на правен лек; Не се признаваат трошоците за учество на странец во постапката…“, наведува Славеска-Апостоловски проблеми Секторот под раководство на Наковска.

„Адвокат Тамара Славеска-Апостоловски е избришана од Регистарот на адвокати за бесплатна правна помош што се води при Министерство за правда со решение бр.11-125/2022 од 04,04,2022 год, поради неисполнување на одредбите од член 32 од Законот за бесплатна правна помош, на начин што постапувајќи во два посебни случаја за одобрена бесплатна правна помош адвокатот не ја обезбедил правната помош согласно насоките дадени во потврдата за одобрување на бесплатна правна помош. Несовесно работење, на Славеска-Апостоловски , таков термин не е употребен во предметното решение. Натаму, адвокатите се распоредуваат врз основа на критериуми определени во Правилникот за назначување на адвокати објавен и е обврска на подрачните одделенија. Не е познато дека се фаворизираат одредени адвокати“, вели Министерството за правда.

„За вториот случај што сум го водела, се наведува дека предметот е изгубен и сум причинила неуспех за странката (и ова не е точно, предметот е добиен), со тоа што таму тужениот ја призна тужбата, поради што јас ја повлеков. Но, судот го задолжи тужениот, со оглед да дал повод за тужба, да ги плати трошоците на постапката во корист на Буџетот, кои дополнително МП не сака да ми ги плати во целост, поради што поднесов тужба против Министерството и тие по прием на тужбата – ме бришат!“, вели адвокатката и до САКАМДАКАЖАМ.МК ја испрати целата документација за овој случај, исто како и за првиот, за Тони Сали.

(Сторијата продолжува по рекламите)

Од Министерството за правда потврдуваат дека се поднесени околу 8-9 тужби од незадоволни адвокати од тоа колку им признал трошоци Секторот.

Велат дека само еден од нив добил пред Вишиот управен суд, а адвокатите со кои разговаравме, велат дека се повеќемина кои истерале правда пред Вишиот.

„Не е точен податокот дека адвокати се бришат од Регистерот затоа што повеле управен спор, бидејќи има и други адвокати кои повеле управен спор, но не се избришани. Се бришат само оние адвокати кои не ги исполниле законските обврски кои произлегуваат од членот 32 од Законот за бесплатна правна помош.

Постојат адвокати кои сè уште не добиле предмет за постапување бидејќи има запишани околу 450 адвокати во регистерот што се води во Министерство за правда, а предмети се помалку“, тврди Министерството.

И адвокатот Златко Јолески има забелешки на односот на Министерството и на тамошниот сектор за Бесплатна правна помош.

„Запишан сум во Регистарот на бесплатна правна помош од 18.06.2018 година и до денес Министерството за правда ми има доделено само еден предмет за застапување за бесплатна правна помош. Сакам на почеток да нагласам дека не сакам овој одговор да биде сфатен и ставен како политикантски одговор, тоа не е работа на адвокатите. Фактичка состојба е дека не сум задоволен од соработката со Секторот за бесплатна правна помош. Моето искуство со Секторот покажало дека имаат доста пропусти во законското регулирање и оти вработените немаат желба и слух за моите барања во постапката за кој бев ангажиран. Оставено ми беше да одлучам дали ќе застапувам странки од БПП или не, врз основа на она што е донесено од нивна страна како законско решение и правилници и дека во спротивно можам да се повлечам од регистарот“, објаснува Јолески за односот кон него: земи или остави, додека сиромашните се надеваат дека лесно ќе дојде до бесплатен адвокат кој државата му го ветува со закон.

И покрај тоа, овој млад адвокат апелира итно Министерството да направи законска измена за многу битна работа при бракоразводните парници (токму таков случај тој застапува како бесплатен адвокат).

Конкретно се работи за законски пропуст и испуштено регулирање на времените старатели кој во даден момент се неопходни во постапката, па така се доведуваме во ситуација странката која ја ослободиле од трошоците да треба да ги плати трошоците на времениот старател назначен од страна на судот, а тие трошоци се како да платила свој адвокат“, предупредува Јолески дека на крајот сиромашната странка сама плаќа.

Во меѓувреме, државата се фали дека човековите права се на прво место и дека Бесплатната правна помош одлично функционира.

„Државата потроши еден куп државни и европски пари за да ја рекламира бесплатната правна помош и за да ги обучи службените лица истата да ја доделуваат на законит и професионален начин. При толку обуки, конференции и настани, за нас како адвокати не е јасно како е возможно државата да има пари да ја рекламира бесплатната правна помош на автобусите и билбордите во Скопје, а нема пари да им ги покрие трошоците на адвокатите кои таквата правна помош ја обезбедуваат? “, прашува Тамара Славеска-Апостоловски.

loading...

admin go88 lô đề go88 Tải Go88 - Sảnh game đánh bài đổi tiền thật uy tín

sunwin ăn tiền