ЕКС МИНИСТЕРОТ АКСЕЛ АХМЕДОВСКИ БАРА ОД МАКЕДОНСКИОТ ТОЛКОВЕН РЕЧНИК ДА СЕ ТРГНАТ НАВРЕДЛИВИТЕ ЗБОРОВИ ЗА РОМИТЕ
ЕКС МИНИСТЕРОТ АКСЕЛ АХМЕДОВСКИ БАРА ОД МАКЕДОНСКИОТ ТОЛКОВЕН РЕЧНИК ДА СЕ ТРГНАТ НАВРЕДЛИВИТЕ ЗБОРОВИ ЗА РОМИТЕ
Заев: Коалиции за локалните избори ќе дефинираме во септември, повикувам на соработка
Заев: Коалиции за локалните избори ќе дефинираме во септември, повикувам на соработка
Филипче: Вакцините од типот на „Синофарм“ полесно се адаптираат за нови соеви на вирусот
Филипче: Вакцините од типот на „Синофарм“ полесно се адаптираат за нови соеви на вирусот
(ВИДЕО) О ГОСПОДЕ БОЖЕ КОЛКУ СЕ ЛУДИ: ДОКТОР ВЕЛО МАРКОВСКИ ИСПЕА ПЕСНА ЗА ОСУДЕНИТЕ УБИЈЦИ И НАСИЛНИЦИ ОД 27-МИ АПРИЛ!
(ВИДЕО) О ГОСПОДЕ БОЖЕ КОЛКУ СЕ ЛУДИ: ДОКТОР ВЕЛО МАРКОВСКИ ИСПЕА ПЕСНА ЗА ОСУДЕНИТЕ УБИЈЦИ И НАСИЛНИЦИ ОД 27-МИ АПРИЛ!
(ВИДЕО) Градоначалникот Богдановиќ најави голема летна градежна офанзива со реконструкции на 14 улици на територија на Општина Центар
(ВИДЕО) Градоначалникот Богдановиќ најави голема летна градежна офанзива со реконструкции на 14 улици на територија на Општина Центар
Светска банка: Следната година македонската економија ќе се врати на ниво како пред пандемијата
Светска банка: Следната година македонската економија ќе се врати на ниво како пред пандемијата
ВМРОВЦИТЕ НА АПАРАТИ - Данскиот министер за надворешни: Импресионирани сме од темпото со кое се одвиваат реформите во Северна Македонија
ВМРОВЦИТЕ НА АПАРАТИ - Данскиот министер за надворешни: Импресионирани сме од темпото со кое се одвиваат реформите во Северна Македонија
БРАВО - Вкупно 3,4 милиони евра за девет општини преку МСИП за капитални проекти
БРАВО - Вкупно 3,4 милиони евра за девет општини преку МСИП за капитални проекти

СДСМ: Уште во првите 100 дена од мандатот ќе се донесе модел за прочистување на судството, следува ред, правда и дисциплина на сите нивоа

Ред, правда и дисциплина, градење силна, независна правна држава и неселективно владеење на правото ве врвните приоритети на Владата предводена од СДСМ во новиот мандат, порачуваат од владејачката СДСМ.

Уште во првите 100 дена од мандатот ќе биде подготвен модел за прочистување на судството, кое меѓу другото подразбира и проверка на имотната состојба на судиите и обвинителите од страна на Државната комисија за спречување на корупција, велат од СДСМ.

Истовремено, Судскиот совет, согласно новите закони, треба да направи детална проверка на работата на судиите, особено во врска со одредени постапувања по предмети кои беа доведени до застареност со одлагање.

На почетокот на следната година, најдоцна на пролет, се очекува да започне и ЕУ мониторинг на судските случаи од висок профил, на околу 50 предмети годишно. Во овој процес ќе учествуваат стручни лица од странство и домашните експерти ангажирани од ЕУ и ОБСЕ како спроведувачи. – порачаа од СДСМ.

Следува и ревизија по случаен избор на 5% од предметите од висок профил, на случаи кои застариле, за да се увидат причините за нивно застарување.

Министерството за правда и Владата ќе подготват и нов модел за спречување на злоупотребите на системот на судии-поротници преку промена на начинот на избор, одредби за конфликт на интереси, зајакнување на одговорноста на поротниците и посебни процедури за гласање при донесување на одлуки.

За поефикасна и посилна борба против криминалот и корупцијата, следува и кадровско зајакнување на судовите и обвинителствата преку зголемување на бројот на стручни соработници.

СДСМ останува посветена на градење силна и ефикасна правна држава, доаѓа време на ред, правда и дисциплина на сите нивоа. – стои во соопштението од СДСМ.

loading...