СДСМ: ВМРО ДПМНЕ СО ПРАВЕЊЕ ИНЦИДЕНТИ ВО СОБРАНИЕ БЛОКИРА НАЗНАЧУВАЊЕ СУДИИ ЗАТОА ШТО ТАКА МИСЛАТ ДЕКА ЌЕ СЕ СПАСАТ ОД ЗАТВОР!

ВМРО-ДПМНЕ создава тензии во Собранието, во надеж дека ќе се спасат од одговорност за криминалот, тоа нема да се случи, сите ќе одговараат

Почитувани граѓани,

Секогаш кога темата правда е на дневен ред во Собранието ВМРО-ДПМНЕ е нервозна, деструктивна, прави тензии а денеска дури се обиде да испровоцира и физичка пресметка.

Тоа е така затоа што ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги брани криминалците на режимот и секогаш ама секогаш е против функционален судски систем.

Проблемот со недостаток на судии ВМРО-ДПМНЕ не сака да се реши само за да се намали ефикасноста на судскиот систем и во надеж дека тоа ќе значи забавување на предметите кои директно водат до Белиот дворец.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ од петни жили се труди да ја блокира Собраниската комисија, да не се продолжи мандатот на судиите и така да се забават судските предмети.

Антонио Милошоски, за кого има веќе неколку предмети, е главен иницијатор на тензиите во Собранието, можеби затоа што лично е засегнат.

Ако досега не му беше јасно на ВМРО-ДПМНЕ треба да му стане јасно, никој нема да побегне од правдата.

Бадијала се прават тензии, секој што се огрешил од законот ќе одговара!