СДСМ: Заедничкото делување на ВМРО-ДПМНЕ со Левица ја прави дел од анти НАТО и анти ЕУ коалиција

Оркестрираните настапи на ВМРО-ДПМНЕ и Левица на дело ја потврдува анти НАТО и анти ЕУ коалицијата.

Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев се само истурен дел од оваа коалиција чија цел е државата да биде закочена, да има тензии и да бидеме оддалечени од демократскиот свет.

Деструкциите, блокадите и навредите и не се ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, тие се добро познати и секогаш досега биле поразувани, така ќе биде и овој пат.