Макрон во посредничка улога меѓу Скопје и Софија: Освен со Ковачевски разговарал и со Радев
Макрон во посредничка улога меѓу Скопје и Софија: Освен со Ковачевски разговарал и со Радев
ЈАКИМОВСКИ ПРОТИВ ВМРО ДПМНЕ: ГЛУПАВО Е ДА СЕ ОБВИНУВА ВЛАДАТА ЗА ИНФЛАЦИЈАТА, ТОА Е СВЕТСКИ ФЕНОМЕН ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА И ВОЈНАТА
ЈАКИМОВСКИ ПРОТИВ ВМРО ДПМНЕ: ГЛУПАВО Е ДА СЕ ОБВИНУВА ВЛАДАТА ЗА ИНФЛАЦИЈАТА, ТОА Е СВЕТСКИ ФЕНОМЕН ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА И ВОЈНАТА
(ВИДЕО) СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: ШТОМ БУГАРСКИТЕ МЕДИУМИ РАСПАЛИЈА ПО СОПРУГАТА НА ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ, ЗНАЧИ ПРЕМИЕРОТ НЕ ИМ ПОПУШТА, ДОБРО ГИ БРАНИ ИНТЕРЕСИТЕ НА ДРЖАВАТА
(ВИДЕО) СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: ШТОМ БУГАРСКИТЕ МЕДИУМИ РАСПАЛИЈА ПО СОПРУГАТА НА ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ, ЗНАЧИ ПРЕМИЕРОТ НЕ ИМ ПОПУШТА, ДОБРО ГИ БРАНИ ИНТЕРЕСИТЕ НА ДРЖАВАТА
Зидојче цајтунг: Србија и Бугарија му вртат грб на Путин
Зидојче цајтунг: Србија и Бугарија му вртат грб на Путин
Вархељи се врати во Софија да ги убеди Петков и Радев да ја откочат блокадата на Северна Македонија
Вархељи се врати во Софија да ги убеди Петков и Радев да ја откочат блокадата на Северна Македонија
Претседателот Пендаровски го прими ученикот Амир Дестанов, кој освои трето место на натпревар по математика иако живее многу тешко во тешка сиромаштија
Претседателот Пендаровски го прими ученикот Амир Дестанов, кој освои трето место на натпревар по математика иако живее многу тешко во тешка сиромаштија
За само 100 дена од мандатот на Ковачевски: поголеми плати, пензии, инвестиции и успешно справување со кризата
За само 100 дена од мандатот на Ковачевски: поголеми плати, пензии, инвестиции и успешно справување со кризата
Северна Македонија тапка во место според годишниот извештај за состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето
Северна Македонија тапка во место според годишниот извештај за состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето

Се интензивира дијалогот на работните групи, во Софија вo петок состанок на експертско ниво за политичките прашања

Се интензивира дијалогот меѓу работните групи што беа договорени на крајот на јануари меѓу Северна Македонија и Бугарија, со цел враќање на довербата и надминување на разликите меѓу двете земји. Во Софија утре ќе се одржи состанок на работната група за инфраструктура, додека в петок е редовниот состанок на експертско ниво, согласно договорената динамика на билатерални преговори за т.н. пакет на политички прашања меѓу двете министерства за надворешни работи. Премиерот Димитар Ковачевски, пак, вчера изјави дека и од Скопје и од Софија зависи дали позитивната енергија ќе биде преточена во конструктивен дијалог.

Премиерот Ковачевски, во однос на состанокот в петок за отворените политички прашања, рече дека доколку се постигне напредок, прифатлив за двете страни врз основа на европски вредности и почитување на двете страни, тогаш МНР тоа ќе го соопшти.

– Доколку се постигне напредок, прифатлив за двете страни врз основа на европски вредности и почитување на двете страни, како на државите, така и на граѓаните, тогаш МНР тоа ќе го соопшти на ист начин како што министерот за надворешни работи имаше обраќање во Комисијата за надворешни работи, од неколку часа, каде ги образложуваше основните поставки на разговорите што се водат, изјави Ковачевски.

Тој се осврна и телефонскиот разговор со неговиот бугарски колега Кирил Петков кој се интересирал за два инцидента што се случиле и тоа едниот во врска со искинати венци на гробот на Гоце Делчев и за искршено стакло на бугарскиот Културен центар во Битола. Ковачевски го информирал Петков дека МВР согласно регуларните процедури ги прави сите истражни работи за првиот случај, а вториот е инцидент мотивиран од приватни причини.

Премиерот Ковачевски вчера оствари средба и со хрватската амбасадорка во земјава, на кој била изразена јасна и силна поддршка за европските перспективи на земјава. Пренесена е определбата дека Северна Македонија, освен во НАТО, треба да се интегрира и во ЕУ, бидејќи тоа е од значење за целиот регион, но и за Унијата. Во таа насока, се очекува успех во изнаоѓањето решение помеѓу Северна Македонија и Бугарија, што ќе овозможи отворање на преговарачкиот процес со ЕУ, соопшти владината прес-служба.

– Воспоставивме однос на меѓусебно почитување и работиме на решенија базирани на европските вредности. Од двете страни зависи дали енергијата ќе биде преточена во конструктивен дијалог, но постои позитивна енергија во разговорите и отвореност за меѓусебно разбирање, рекол премиерот Ковачевски на средбата со амбасадорката Тигањ.

Во меѓувреме, Владата за МИА вчера излезе со став за декларацијата за Гоце Делчев, поднесена минатата седмица од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, при што наведе дека е непотребно донесување на ваква декларација укажувајќи дека Собранието веќе има усвоено резолуција за утврдување на државните позиции во преговорите со Бугарија и оти Гоце Делчев воопшто не е предмет на преговорите.

– Многу е важно сите политички и општествени чинители да се воздржат од дневно-политичко поентирање и профитирање врз грбот, ликот и делото на нашиот великан Делчев. Апелираме Делчев да го чествуваме и славиме одговорно и достоинствено. Не смее да се злоупотребува големиот Делчев за создавање конфликти и нетрпеливости, било да е тоа дома или пак надвор од нашите граници. Имаме обврска да сме внимателни, посветени и достоинствени во јавните комуникации кога е Делчев во прашање бидејќи тој токму тоа најмногу го заслужува, посочуваат од Владата за МИА.

Оттаму наведуваат оти е отворена поканата до опозицијата да се вклучи на конструктивен начин во процесите кои се од врвен интерес за евроинтеграциската иднина на Северна Македонија.
– Сметаме дека вистинскиот пат кон решение на отворените прашања е преку интензивирање на дијалогот на работните групи од двете земји, релаксирање на односите и фокус на развојот на односите во сите сфери. Резултатите, за кратко време, се веќе видливи, истакнуваат од Владата.

Во вторникот, премиерот Ковачевски рече дека има ретроградни сили и во земјава и во Бугарија кои сакаат да го попречат процесот на изнаоѓање решение со Софија, но тоа нема да ги спречи започнатите заеднички активности на градење доверба и добрососедство. – Разговорите на двете страни продолжуваат неделава на експертско ниво за политичкиот пакет прашања во обид за надминување на разликите. За Северна Македонија нема отстапување од европската агенда, подвлече Ковачевски.

Инаку, состаноците на работните групи меѓу двете земји, ќе продолжат со најавеното темпо – четири пати до пет пати во месецот ќе се среќаваат делегации на двете земји за да разговараат за прашања од инфраструктурата, образованието, културата, евроинтеграциите, историјата. Овој месец преговорите продолжуваат преку комисиите, при што денеска ќе се одржи состанок на Работната група за инфраструктура, на 14-ти ќе се состане Работната група за евроинтеграции, потоа на 21-ви Работната група за образование и на 28 февруари, состанок ќе има Заедничката комисија за историски прашања, и како што вели шефот на дипломатијата Бујар Османи, четири пати ќе разговараат за иднина, а еднаш за историја.

Минатата седмица, со состанокот на Работната група за економија, трговија и иновации на претставници на С.Македонија и Бугарија, што се одржа во Скопје, почна и практичната примена на новиот пристап во односите меѓу двете земји, кои го најавија премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков.

Зајакнување на практичната соработка во сфери кои се важни за секојдневниот живот на граѓаните на двете држави и на тој начин топење на мразот околу потешките прашања е нешто што Ковачевски и Петков го промовираа и во Скопје и во Софија, на меѓувладината седница на крајот на јануари, а што треба во крајна линија да доведе до компромис за спорот и симнување на бугарското вето за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.
Двете влади формираа четири работни групи – за економија, трговија и иновации, за инфраструктура, транспорт и поврзување, за европска интеграција и зелени политики и за култура, наука и образование. Историските прашања ќе ги разгледува веќе постоечката Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања. Планирано е секоја недела состанок да одржува една од овие групи, кои секоја во својата сфера ќе придонесе за зајакнување на соработката меѓу двете земји.

loading...

AnimeDao - Watch English Subbed Anime Online | AnimeDao Official. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

watch subbed anime Black Clover (Dub)

Attack on Titan Episode 18

anime to watch AnimeDao SK8 the Infinity

Attack on Titan Season 3 (Dub) Episode 9

AnimeDao The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement

tải go88