„На денешната седница Владата донесе одлука за отворање почесен конзулат на Република Србија во нашата земја, со седиште во Куманово. За почесен конзул Владата го одобри Владимир Стајиќ“, соопштуваат од Владата.
Во Куманово Почесен конзулат има Романија, а конзул е д-р Алириза Османи.
И српската Влада денеска донела одлука за давање согласност за отворање Конзулат на Македонија во Србија.
Седиштето на Конзулатот ќе биде во Чајетина во Златиборскиот округ.