(ВИДЕО) БРАВО ДЕВОЈЧЕ: ЕРА КОЏА ОД ДЕБАР БАЛКАНСКИ ШАМПИОН ВО КАРАТЕ!
(ВИДЕО) БРАВО ДЕВОЈЧЕ: ЕРА КОЏА ОД ДЕБАР БАЛКАНСКИ ШАМПИОН ВО КАРАТЕ!
(ВИДЕО) ГАШИ И ЗАЕВ: ИМА НАПРЕДОК ВО ПРЕГОВОРИТЕ, ОСТАНУВА УШТЕ ДА СЕ СОГЛАСАТ НАШИТЕ ПАРТИСКИ ТЕЛА СО ДОГОВОРЕНОТО
(ВИДЕО) ГАШИ И ЗАЕВ: ИМА НАПРЕДОК ВО ПРЕГОВОРИТЕ, ОСТАНУВА УШТЕ ДА СЕ СОГЛАСАТ НАШИТЕ ПАРТИСКИ ТЕЛА СО ДОГОВОРЕНОТО
БОМБА НА БУГАРСКИТЕ ОБВИНИТЕЛИ: На 300 метри пред катастрофата имало истекување на гориво
БОМБА НА БУГАРСКИТЕ ОБВИНИТЕЛИ: На 300 метри пред катастрофата имало истекување на гориво
ЕБОР не се откажува од Бас рапид транзитот
ЕБОР не се откажува од Бас рапид транзитот
КАМЕРИТЕ НА ОРЦЕ НИКОЛОВ НЕ ЅИРКААТ ВО ДОМОВИТЕ: Камерите ќе бидат пуштени со посебно одобрение од Дирекцијата за заштита на личните податоци и ќе се користат исклучиво за паркираните возила на јавните паркиралишта на ЈП „ПОЦ“

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска имаше работна средба со вице-премиерот за економски и социјални политики и министер за труд и социјална политика во Република Бугарија Галаб Донев

ПРАКТИЧНА, СОВРЕМЕНА И ПРОСТОРНА: OPEL ЈА ОТКРИВА ЦЕЛОСНО НОВАТА ASTRA SPORTS TOURER
ПРАКТИЧНА, СОВРЕМЕНА И ПРОСТОРНА: OPEL ЈА ОТКРИВА ЦЕЛОСНО НОВАТА ASTRA SPORTS TOURER
Ковачевски за влијанието на Заев: Мојот интегритет ќе го потврдам преку одлуките коишто ќе ги носам
Ковачевски за влијанието на Заев: Мојот интегритет ќе го потврдам преку одлуките коишто ќе ги носам

Се појавиле само 50% од пријавените, одѕивот за вакцинирање треба да биде поголем, смета Филипче

Околу 9.000 граѓани добиле термин за вакцинација за вчерашниот ден, но само половина од нив се јавиле на вакциналните пунктови. Министерот за здравство, Венко Филипче се надева дека одзивот понатаму нема да биде ваков и најави дека денеска треба да се идентификува каде е проблемот, односно зошто некои граѓани се пријавуваат, а потоа не се јавуваат на закажаниот термин за имунизација против ковид-19.

– Министерот за здравство Венко Филипче смета дека одѕивот за вакцинирање треба да биде поголем. Апелира до граѓаните да се пријавуваат на сајтот „вакцинација.мк“ за кој вели дека функционира беспрекорно и нема никакви проблеми при закажувањето.

Во текот на вчерашниот ден, како што денеска изјави, од 9.000 граѓани кои добиле термин за вакцинирање, само половина или 4.500 се пријавиле за вакцинирање.

– Ќе видиме денеска како ќе се одвива процесот. Во текот на вчерашниот ден од девет илјади граѓани коишто добија термин насекаде во државата, околу 4.500 граѓани се пријавеле за вакцинација. Ќе се обидеме денеска да видиме и да го идентификуваме проблемот. Можеби заради тоа што е прв ден, можеби заради тоа што е почеток на ваков систем на вакцинација во места за масовна вакцинација насекаде низ државата. Искрено, верувам дека одѕивот нема да биде ваков понатаму. Апелирам сите граѓани да се пријават на сајтот вакцинација.мк, изјави Филипче.

Смета дека треба да се заокружи процесот на вакцинација на министрите со оглед на тоа што имаат закажано патувања, а најави и продолжување на вакцинацијата на вработените во критичната инфраструктура.

Засега, не се дозволува избор на вакцина, бидејќи, како што рече, сите вакцини се безбедни и не се забележани контраиндикации, освен за вакцината на „Астра Зенека“ која не се дава на лица помлади од 60 години.

Очекувањата се дека во текот на мај треба да пристигнат близу 50 илјади вакцини Фајзер, односно секој понеделник по приближно 10 илјади вакцини, а околу 14-15 мај, во зависност од тоа како ќе биде организиран транспортот, се очекува да пристигне и дополнителната количина од „Синофарм“ обезбедена преку Министерството за одбрана.

– Тоа се чини дека ќе биде доволна бројка да се надополни системот на вакцинирање, рече Филипче.

За бремените жени и доилките кои пријавиле интерес да се вакцинираат со „Фајзер“ бидејќи според некои нивни согледувања, оваа вакцина е најсоодветна за нив, Филипче рече дека доколку има такви сознанија, ќе им се излезе во пресрет на овие лица. Утринава, како што соошти, имал разговор со нивна претставничка која ја упатил да разговара за Александра Грозданова, која од вчера е назначена за национален координатор за имунизација.

Во однос на тоа дали се размислува за мобилни екипи кои би ги вакцинирале лицата кои живеат најоодалечено од местата на вакцинирање, Филипче рече дека постои таква можност, нагласувајќи дека вакви тимови веќе функционираат за неподвижните лица и за оние кои се сместени во старечките домови.

Во делот на кампањите за подигнување на јавната свеста за вакцинирање, Филипче посочи дека дел веќе се емитуваат, а дел се подготвуваат со УНИФЕЦ и Канцеларијата на Европската унија.

loading...