Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ

СЕБИЧНОСТ И НЕОДГОВОРНОСТ ДО КОСКА: ИАКО БЕА ОБЕШТЕТЕНИ ТОКМУ ОД ФОНДОТ, ШТЕДАЧИТЕ НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА БАРААТ ФОНДОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ДЕПОЗИТИ ДА НЕ ДОБИЕ НИТУ ДЕНАР ОД СТЕЧАЈНАТА ПОСТАПКА НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА

Штедачите од Еуростандард банка пратија писмо до медиумите во кои имаат многу чудни барања од македонските судови, цитираме:

Судска парада на импровизација, конфузија, трагикомедија, еднакво на 8% доверба

Деновиве оштетените штедачи од Еуростандард банка се во очекување на уште една одлука на судовите. Како што беше случај и до сега, нејасно е кој суд треба да одлучува, Основниот или Апелациониот, во врска со планот за авансна распределба на средствата од стечајната маса. Потсетуваме, првичниот план за авансна распределба што беше усвоен од Одборот на доверители беше со датум од 11.01.2022 година. Здружението на оштетени штедачи тогаш изрази поддршка за ваквиот план и за ваквиот развој на ситуацијата во стечајната постапка. Но, со планот не се согласи Фондот за осигурување на депозити кој вложи приговор до Основниот граѓански суд Скопје, по што на 17.02.2022 година беше изготвен Корегиран план за авансна распределба кој е составен дел на Решението на Основниот граѓански суд Скопје со кое беше одобрен за примена. И од 17.02.2022 година почна „игранката” со веќе одобрениот Корегиран план за авансна распределба. Главни играчи во игранката се судиите на Апелациониот суд Скопје, за кои, според наши информации, за тој совет на судии е веќе оформена комисија во Судскиот совет. И тоа токму во врска со стечајот на Еуростандард банка.

Советот во Апелациониот суд Скопје, кој одлучува по правните лекови во стечајната постапка за Еуростандард банка, е на пат да ја комплетира целата импровизација и конфузија што ја создаде со судската фарса која на крајот за оштетените штедачи може да се претвори во трагедија, а за нашето судство во трагикомедија. Притоа, сето тоа се случува пред очите на јавноста, пред очите на речиси 3.000 (три илјади) доверители и во услови кога целата држава, странските амбасади, невладините организации и претставниците на извршната власт на голема врата зборуваат за состојбата во судството проткаена со (не)доверба во судовите од епохални размери. Но, изгледа дека сето тоа не допира до нашите почитувани судии, особено тие од Апелациониот суд Скопје, кои одлучувале во стечајната постапка за Еуростандард банка. Но, не е само образот на судиите во прашање. Овде се работи за сериозно кршење на закон кое не смее да се дозволи и да остане неказнето. Еве и зошто.

Најпрво, Основниот граѓански суд Скопје, во интерес на само еден доверител, направи целосна импровизација воведувајќи непостоечка одредба посебна законска (sui generis) суброгација, термин што го нема во ниту еден важечки закон. Но, иако Основниот граѓански суд Скопје не се повикал на член од закон, ниту воопшто се повикал на закон во кој е содржана ваквата законска (sui generis) суброгација, Апелациониот суд Скопје за само еден ден (како успеа да анализира таков обемен предмет за толку кратко време до денес остана нејасно) ја потврди ваквата одлука на Основниот суд Скопје, со што оваа импровизација стана правосилна. Целта беше да му се излезе во пресрет на еден доверител за тој да не го загуби статусот на доверител. Иако, доколку се почитуваше правната држава, требаше да се случи обратно, односно тој доверител повеќе не требаше да биде доверител. Откако успеа импровизацијата и сеуште за тоа никој не одговараше, истиот совет во Апелациониот суд Скопје продолжи со незаконското постапување, овојпат создавајќи невидена конфузија.

Имено, Фондот за осигурување на депозити остана доверител, но и покрај тоа, речиси три месеци (иако законскиот рок е осум дена) Апелациониот суд Скопје практично не дозволува да се изврши распределба на средствата согласно веќе усвоениот План за авансна распредеба со Решението на Основниот граѓански суд Скопје. Овојпат, дилемата за судиите во Апелациониот суд Скопје била дали против Решението на Основниот граѓански суд Скопје доверителите имале или немале право на жалба. По тоа прашање, предметот веќе двапати се враќа во Основниот граѓански суд Скопје поради административни причини, иако при првото враќање, Апелациониот суд Скопје веќе даде напатствија дека доверителите НЕМААТ право на жалба против Решението на Основниот граѓански суд Скопје со кое е одобрен Планот за авансна распределба. Но, овојпат апелационите судии не ги почитуваат ниту сопствените напатствија. Имено, наместо вториот пат да одлучуваат по Решението на Основниот граѓански суд Скопје со кое се отфрлени жалбите на доверителите како недозволени, тие бараат отстранување на некакви дополнителни пречки како и информации во врска со Решението со кое е одобрен Планот за авансна распределба. Ваквата состојба ги надминува сите очекувања.. Ова е јасно имајќи во предвид дека предмет на одлучување кај нив е Решението со кое се отфрлени жалбите на доверителите како недозволени, но тие бараат отстранување на пречки и дополнителни информации за друго решение односно Решението со кое е одобрен планот за авансна распределба. Едноставно кажано, треба да одлучуваат за едно, но бараат податоци за друго. Поголема конфузија здравје. Се надеваме само дека Основниот граѓански суд Скопје нема да потклекне и дека ќе се држи до законот.

Но, за да не се претвори целава рашомонијада што ја содаваат судиите во Апелациониот суд Скопје во трагикомедија (трагедија за оштетените, но комедија за судството), го повикуваме Судскиот совет да не чека формално барање за утврдување на одговорност за судиите на Апелациониот суд Скопје кои одлучуваат во жалбена постапка по Решението на Основниот граѓански суд Скопје за одобрување на Планот за авансна распределба, туку да се надоврзе на веќе започнатата постапка за одговорност со новите елементи на нестручност и несовесност на судиите од Апелациониот суд Скопје кои се повеќе од очигледни. Мора да се рабере дека никој однадвор не прави 8% доверба во судството, туку таков рејтинг е исклучиво внатрешна заслуга на судиите. И никој однадвор нема да го реши овој проблем, туку тој треба да се реши одвнатре. Судскиот совет е најповикан за тоа. Затоа, очекуваме реакција веднаш, додека сеуше не е доцна.

Воедно, јавно го потсетуваме актуелниот Министер за правда кој кажа дека преку големите предмети ќе се враќа довербата во судството, вака ли мисли да ја враќа довербата во судството? Предметот со стечајот на Еуростандард банка можеби е најголемиот предмет во граѓанската област во последната декада. Кога во овој предмет од близу 3.000 доверители, на очиглед на сите нив и на пошироката јавност се постапува на начин на кој постапуваат судиите на Апелациониот суд Скопје, со толку неправилности и незаконитости, како мисли Министерот да ја враќа довербата во судството?

Ние како Здружение продолжуваме да го следиме случајот. Иако кај многумина полека се исцрпуваат надежите, но и можностите за домашна правда. Сепак, никој не мисли да се откаже. Ќе дозволиме ли повторно меѓународно резилење? Како многупати досега, повторно ќе повториме, правдата доколку е потребно ќе ја бараме пред меѓународните судови а богами и одговорноста на сите оние што застанале на патот на правдата!

loading...

go88 play đăng nhập

app tải sunwin