🔖 ВОВЕДЕНА НОВА СУБВЕНЦИЈА ВО ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
👨🏫 Воведуваме мерка за доделување на еднократна парична помош за семејствата со прваче од општина #Валандово.
Мерката се воведува за прв пат и има за цел да ја потврди заедничката заложба за солидарна и рамноправна заедница.
👨👩👦 Согласно истата, на секое семејство кое го запишале своето дете – прваче во основно училиште на територијата на општина Валандово, започнувајќи од учебната 2021/22 година, ќе му биде доделена еднократна парична помош во износ од 4000 денари.
📑 За користење на овие средства ќе бидат изготвени соодветни апликативни формулари, а за сите останати детали околу начинот за аплицирање, граѓаните ќе бидат информирани наредните денови.
#Продолжуваме да ја јакнеме социјалната компонента во општината, поддржуваме различни групи на граѓани и креираме компактна заедница.
#Заедно #ЗаВаландово 💙
